Visa Gold е премиум кредитна картичка со уникатен статус кој е препознаен каде било во светот.

Со Visa Gold станувате дел од одбраното друштво и добивате неверојатен кредитен лимит до 500.000 денари, VIP дополнителни услуги и бонус од 0,3% од секоја трансакција на продажно место.

Зошто Visa Gold?

visa gold
  • Премиум картичка со ексклузивен статус
  • Максимален кредитен лимит дo 500.000 денари
  • Бонус од 0,3% од остварените трансакции преку удели во КБ Публикум - Балансиран
  • Бесплатна Fast Track услуга на аеродромот во Скопје 4 пати во годината
  • Бесплатна SmartDelay услуга во случај на доцнење на лет
  • Медицинска, правна и друг вид поддршка во кој било дел од светот, преку Visa Call Centre Service

Секојдневно користење, секојдневни придобивки

Ексклузивни услуги за корисници на Visa Gold

Дополнителни услуги достапни секаде во светот само за корисниците на Visa Gold.

Повеќе

Постојан увид и контрола

Со бесплатните услуги Интернет банка и мБанка имаш постојан увид во состојбата на сметката и добиваш известувања за сите трансакции.

Повеќе

Банкомати 24/7

Преку широката мрежа на банкомати на Комерцијална банка, парите се секогаш близу до тебе, 24 часа на ден. Пронајди го најблискиот до тебе.

Повеќе

Смартфонот ти е паричник

Додај ги своите Visa картички во Google Wallet и плаќај со твојот смартфон без да ја носиш со себе картичката.

Повеќе

Безбедно користење

Следи ги советите за безбедно користење за уште поголема сигурност и комфор при користењето на картичката.

Повеќе

Visa Gold кредитната картичка можеш да ја користиш низ целиот свет. Прифатена е на милиони локации во светот на кои е истакнат знакот на Visa.

Со нејзиното користење твоите пари ќе бидат секогаш со тебе, без да се грижиш за носење готовина, страв од кражба, губење или од фалсификувани банкноти.

Добивање на картичката

Одбери го начинот што ти одговара.

Достави барање

Пополни го краткото барање и заедно со кратката придружна документација достави го во најблиската експозитура на Банката. Ќе те известиме штом ќе биде изработена картичката.

Имаш прашања?

Внеси ги твоите податоци и нашите вработени ќе те побараат.

Имаш Интернет банка? Целата постапка е достапна онлајн!

За корисниците на Интернет банка кои имаат опција за плаќање, овозможивме побрза и поедноставна постапка за аплицирање за кредитна картичка. Заврши ја целата постапка онлајн, од почетокот до финалното одобрување.

Аплицирај
онлајн

Останати предности

  • Посебен третман преку дополнителните услуги кои вклучуваат итна исплата на готовина, итнa замена на картичка, пружање медицински и правни совети и голем број посебни попусти и бенефиции од програмата на Visa;
  • Награден бонус од 0,3% од месечно остварените трансакции преку уплата на удел во инвестицискиот фонд КБ Публикум - Балансиран на ваше име;
  • Бесплатна Fast Track услуга на аеродромот во Скопје 4 пати во годината. Услугата Fast Track ви овозможува побрза услуга во зоната на поаѓање, поврзана со безбедносна проверка и пасошка контрола. Повеќе информации околу деталите за услугата Fast Track прочитајте на линкот;
  • Бесплатна SmartDelay услуга со која добивате бесплатен пристап за Вас и Вашата придружба во деловната зона на аеродромот доколку летот е прогласен за одложен за повеќе од 60 минути. Повеќе информации и активирање на услугата SmartDelay прочитајте на линкот;
  • Попуст од 20% на целото мени во рестораните SushiCo, SushiCo Zen и Salvatore. Повеќе информации прочитајте на линкот;
  • Избор помеѓу Standard и Revolving производ
  • Една денарска сметка за користење на картичката во земјата и во странство;
  • Без членарина за првата година од издавањето;
  • Mожност за плаќање на рати преку минимална месечна отплата на само 20% од искористениот дел од кредитниот лимит со Visa Gold Revolving;
  • Бескаматен период до 45 дена на трансакции направени на продажно место;
  • Овозможува купување преку Интернет;
  • Едноставно следење на состојбата насекаде во светот преку услугите Интернет банка и мБанка;
  • Можност за дополнителни картички за вашите најблиски, со можност за прилагодување на лимитите за секоја од картичките;
  • Можност за едноставно подмирување на обврските преку услугата траен налог;
  • 24-часовна поддршка за корисниците, насекаде во светот.

Услови и надоместоци

Корисници

Кредитоспособни физички лица кои исполнуваат еден од следните услови:

  • плата над 40.000 денари;
  • вкупно нето-приходи по основ на Годишна даночна пријава над 1.200.000 денари или
  • депозит во висина од 110% на кредитниот лимит, но не помал од 150.000 денари

Кредитен лимит

До 500.000 денари.

Отплата

Visa Gold Standard:

  • целиот износ на искористен кредит до 15-ти следниот месец.

Visa Gold Revolving:

  • минимум 20% од искористениот кредит до 15-ти следниот месец.

Бескаматен период

До 45 дена на трансакции во трговија.

Дневни лимити на трансакции

  • до 200.000 денари за трансакции во трговија
  • до 150.000 денари за подигнување готовина од банкомат
  • до 150.000 денари за подигнување готовина на банкарски шалтер

Корисникот на картичка, согласно расположливите средства и своите потреби, може да ги промени дневните лимити на шалтерите на Службата за банкарски картички во Централата на Комерцијална банка АД Скопје или на телефонскиот број: (02) 3247-474, 24 часа, секој ден.

Задолжителна документација

  • Барање за кредитна картичка (доколку клиентот зема плата преку Комерцијална банка подолго од 6 месеци – не е потребна заверка на Барањето кај работодавач)
  • М1 и М2 обрасци
  • декларации за прием во УЈП за вработени во приватни фирми

Останати документи и поважни информации 

  • фотокопија од валидна лична карта и пасош
  • фотокопија од Годишна даночна пријава со прилог документи, доколку платата е помала од 40.000 денари
  • меница со менична изјава
  • административна забрана на плата за лица кои не примаат плата на трансакциска сметка во Банката (или траен налог за наплата)
  • за пензионери со старост која не надминува 60 години и пензијата ја примаат на сметка во КБ, не е потребен жирант.

Напомена: Доколку при анализата се јави потреба, може да бидат побарани дополнителни документи.

Годишна членарина

Основна картичка
Дополнителна картичка
За првата година без надомест без надомест
За секоја следна 1.800 денари 900 денари
За годишен промет во трговија над 450.000 денари без надомест без надомест

Надомест за подигнување готовина

На Банката
На други банки во земјата
На други банки во странство
Од банкомати 3%, мин. 350 ден. 4%, мин. 400 ден. 4%, мин. 500 ден.
Од шалтери 3%, мин. 350 ден. 4%, мин. 400 ден. 4%, мин. 500 ден.

Номинални каматни стапки
Visa Gold Standard
Каматна стапка на искористениот износ до кредитниот лимит . годишно (референтна каматна стапка од . зголемена за . пп) i Како референтна каматна стапка се користи стапката што е објавена и достапна на веб-страницата на НБРСМ (www.nbrsm.mk) на секој 25.06. и на секој 25.12. под називот „каматната стапка на денарски депозити без валутна клаузула“ и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието). Рефeрентната каматна стапка која важи во моментот изнесува .. Банката на својата веб-страница редовно ќе ја објавува важечката референтна каматна стапка за пресметка на каматата. ТУКА
Доколку номиналната каматна стапка е повисока од стапката на законска казнена камата, Банката ќе пресметува камата во висина на законската казнена каматна стапка, која во моментот е . годишна.
 
Каматна стапка на искористениот износ над износот на кредитниот лимит  над износот на кредитниот лимит i Доколку номиналната каматна стапка е повисока од стапката на законска казнена камата, Банката ќе пресметува камата во висина на законската казнена каматна стапка, која во моментот е . годишна.
Visa Gold Revolving
Каматна стапка на искористениот износ до кредитниот лимит . годишно (референтна каматна стапка од . зголемена за . пп) i Како референтна каматна стапка се користи стапката што е објавена и достапна на веб-страницата на НБРСМ (www.nbrsm.mk) на секој 25.06. и на секој 25.12. под називот „каматната стапка на денарски депозити без валутна клаузула“ и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието). Рефeрентната каматна стапка која важи во моментот изнесува .. Банката на својата веб-страница редовно ќе ја објавува важечката референтна каматна стапка за пресметка на каматата. ТУКА  
Доколку номиналната каматна стапка е повисока од стапката на законска казнена камата, Банката ќе пресметува камата во висина на законската казнена каматна стапка, која во моментот е . годишна.
 
Каматна стапка на искористениот износ над износот на кредитниот лимит . над износот на кредитниот лимит i Доколку номиналната каматна стапка е повисока од стапката на законска казнена камата, Банката ќе пресметува камата во висина на законската казнена каматна стапка, која во моментот е . годишна.

Банката применува пропорционална метода за пресметка на камата.

Дополнителни услуги
Проверка на состојба на сметката на кредитна картичка на банкомат 20 денари
Надомест за аплицирање и обработка 200 денари
Обнова на картичка 150 денари
Промена на ПИН на банкомат 80 денари
Повторно издавање на ПИН кодот 250 денари
Повторно издавање на изгубена, украдена или оштетена картичка 500 денари
Неосновано пријавена рекламација 300 денари
Блокирање на картичка на стоп-листа 800 денари
Издавање на картичка во рок од 24 часа 600 денари
Барање за промена на лимитот на кредитна картичка 300 денари

Општи услови со важност од 27.01.2025

Општи услови со важност од 18.08.2024

Општи услови со важност од 01.07.2023

Општи услови со важност до 30.06.2023

Општи услови со важност до 31.01.2023

Барање за картичка

Најчесто поставувани прашања

Која е разликата помеѓу дебитна и кредитна картичка?

Дебитната картичка е поврзана со трансакциска сметка во Банката и овозможува пристап до средствата од истата и тоа на сопствени средства на сметка зголемени за износот на одобреното пречекорување.

Кредитната картичка овозможува пристап до кредитен лимит кој е одобрен од средства на Банката.

Колку се безбедни моите пари на картичка и на што особено треба да внимавам?

Картичката од Комерцијална банка е безбеден начин да располагаш со своите пари. Комерцијална банка секогаш и дава приоритет токму на безбедноста. Следете ги совети за безбедно користење кои ќе ви помогнат при секојдневното користење на картичките.

Дали сум заштитен од страна на Банката кога користам картичка за плаќање преку интернет?

Со цел највисоко ниво на заштита при плаќање со картичките на интернет, Комерцијална банка има воведено 3DES Secure сиурносен стандард. Овој сигурносен протокол кај Mastercard каричките се применува под името Mastercard SecureCode®, додека кај Visa картичките е познат под името Visa Secure и воедно претставува највисок меѓународен стандард за заштита. За уште поголема заштита, Комерцијална банка има овозможено лимити за онлајн трансакции, кои согласно вашите потреби можете да ги менувате преку Интернет банка, мБанка, Контакт-центарот за картички или на шалтерите на Банката.

Како се добива кредитна картичка од Комерцијална банка АД Скопје?

Проверете ги информациите за сите видови кредитни картички кои ги издава Банката и одберете ја онаа која најмногу одговара на Вашите потреби.

За корисниците на Интернет банка, кои имаат опција за плаќање, овозможено е online аплицирање за кредитната картичка.

Клиентите кои не се корисници на Интернет банка, треба да пополнат барање и заедно со потребната дополнителна документација да го достават до една од нашите експозитури или филијали. Комерцијална банка ќе ве контактира доколку барањто е одобрено.

Колку време се чека за издавање на картичка?

Картичките се издаваат во рок од неколку дена од денот на поднесување на барањето. Доколку картичката Ви е потребна за пократок рок, можете да побарате итно издавање на картичка во рок од 24 часа.

Дали со картичките на Комерцијална банка можам да купувам преку Интернет?

Да, сите кредитни картички издадени од Комерцијална банка можат да се користат за плаќање преку Интернет со исклучок на СМАРТ кредитот преку кредитна картичка кој може да се користи единствено преку банкоматите на Банката и со безготовински пренос на средствата од кредитниот лимит на траснакциска сметка на клиентот во Банката.

Дали се наплатува провизија при купување или подигнување пари од банкомат / шалтер со картичка?

Банката наплатува провизија само за подигнување на готовина со картичка. Трансакциите во трговија се без провизија. Дополнително, провизија не се наплатува и за подигнување на готовина со дебитни картички од банкомати на Комерцијална банка.

Дали со картичките од Комерцијална банка можам да плаќам/подигнувам пари во стрaнство?

Да, сите картички за физички лица кои го издава Комерцијална банка, со исклучок на СМАРТ кредитот преку картичка, се користат и во земјата и во странство.

Која е разликата помеѓу картичките Mastercard и Visa?

Комерцијална банка, како член на двете најголеми меѓународни институции, издава повеќе видови картички од програмите на Мastercard и Visa. Проверете ги информациите за сите видови картички за физички лица кои ги издава Банката и одберете ја онаа која најмногу ви одговара на Вашите потреби и преференции.

Дали може една картичка да ја користат повеќе луѓе (на пример, членови на моето семејство)?

Картичката ја користи исклучиво лицето на чие име е издадена.

Доколку сакате вашите најблиски да имаат пристап до средствата од сметката на дебитната и/или кредитната картичка, за нив побарајте издавање на дополнителни картички.

Го заборавив ПИН кодот на картичката. Што треба да направам за да го добијам ПИН кодот?

Доколку го имате заборавено ПИН кодот ќе биде потребно лично да поднесете Барање за препечатување на нов ПИН код во некоја од експозитурите на Банката. Доколку не сте во можност лично да го направите тоа, ќе биде потребно да овластите друго лице присутно во Р.С.Македонија да поднесе Барање за нов ПИН код и да го подигне истиот наместо него.

Притоа потребно е:

  • полномошно, кое може да се направи на овластен нотар во државата во која престојува, амбасада или конзуларно преставништво;
  • во полномошното потребно е конкретно да биде наведено овластувањето кое ќе се додели (опис на конкретната активност која е потребно да ја изврши полномошникот);
  • доколку полномошното е направено на овластен нотар, истото треба да биде преведено на кирилично писмо од страна на овластен судски преведувач. Овој вид полномошно потребно е да ги содржи следните елементи: печат од овластениот нотар, апостил печат, воден жиг;

Напомена: Банката не прифаќа полномошна постари од пет години.

Како можам да ги променам дневните лимити на картичките кои се автоматски поставени од страна на Банката?

Промената на дневните лимити можете да извршите на неколку начини, и тоа: на шалтерите на Банката, преку телефонскиот број за 24/7 поддршка на корисниците на картички 02/3 247-474 и самостојно, доколку сте корисник на услугата Интернет банка или мобилната апликација мБанка.

До кога е рокот на важност на картичката?

Рокот на важност на картичката е заклучно со последниот ден од месецот наведен на самата пластика. Банката автоматски ги обновува картичките во истиот месец кога картичката истекува при што испраќа известувања до клиентите после 20ти во истиот месец во кој истекува картичката преку неколку канали, и тоа: преку изводот за сметка достапен на шалтерите на Банката, преку Контакт центарот, преку нотификација на мБанка и преку смс порака.

Ваша обврска е да имате доставено точни контакт податоци во Банката и доколку имате промена на истите да ги ажурирате соодветно во Банката или самостојно преку услугата Интернет банка или апликацијата мБанка.

Што треба да направам во случај ако ја изгубам картичката?

Доколку картичката Ви е изгубена или украдена, потребно е истото веднаш да го пријавите во Центарот за авторизација на Банката на тел. (02) 3247-474, кој е отворен за телефонски повици 24 часа во денот, седум дена во неделата, преку целата година. Вработениот во Центарот веднаш ќе ја блокира картичката со што ќе се спречи евентуална злоупотреба и ќе Ви даде понатамошни упатства како да извадите нова картичка. За да извадите нова картичка потребно е да се упатите во најблиската експозитура на Комерцијална банка и да поднесете барање за изготвување на нова картичка која претходно била изгубена или украдена за што Банката наплатува одреден надомест. Поради итноста на потребата за картичка која Ви била претходно изгубена, Банката ја изготвува картичката следниот работен ден при што можете да ја подигнете од соодветната експозитура.