Комерцијална банка обезбедува широка палета на услуги за правни лица за тргување со хартии од вредност на Македонската берза, надополнета и со стручни совети и информации за максимална ефикасност на вашата инвестиција.
Тргување на странски берзи
Меѓународните пазари на капитал се одликуваат со голема динамичност, бројни инвестициски можности и чести регулаторни промени, кои брокерите на Комерцијална банка ги следат во континуитет, со што ви овозможуваат да располагате со сите потребни информации за да ја донесете вистинската инвестициска одлука.
Начин 1 - Прием и пренос на налози за тргување на странски берзи преку Interactive Brokers
Комерцијална банка ви овозможува ексклузивен пристап за тргување во странство преку најголемата онлајн платформа за тргување на реномираната брокерска куќа Interactive Brokers. Преку оваа платформа добивате нови инвестициски можности со пристап нанад 150 пазари во 33 земји и 27 валути.
Тргувајте онлајн во странство преку платформата Interactive Brokers
Со оваа апликација добивате:
- достапност 24/7
- високо ниво на сигурност
- едноставност во пополнување, внес, измена или повлекување на налогот
- преглед на портфолиото и паричната состојба со моментално ажурирање
- преглед на пазарните податоци (цена, трансакции, анализа на компании)
- следење на внес и извршување на налогот во реално време
- преглед на активни налози
- аларми (нотификации за промените на пазарот)
Повеќе
Начин 2 - Прием и пренос на налози за тргување на странски берзи преку овластен странски брокер–партнер и чување хартии од вредност истргувани во странство
Преку брокерските услуги на Комерцијална банка имате пристап до најатрактивните хартии од вредност кои котираат на меѓународните берзи. Искуството и стручноста на нашите брокери и на странските брокери-партнери ви овозможуваат на едноставен и ефикасен начин да дојдете до посакуваното инвестициско портфолио. Притоа, контролата и динамиката на вашите инвестиции се целосно во ваш домен.
Комерцијална банка истовремено врши и услуги на чување хартии од вредност истргувани во странство, што подразбира отворање и водење сметки, порамнување на куповните и продажните трансакции, чување хартии од вредност и обезбедување соодветната документација со која се докажуваат правата кои произлегуваат од сoпственоста на хартиите од вредност, дневно усогласување на позициите на сметките, известување и други корпоративни услуги на барање на клиентот.
Што е потребно за тргување со хартии од вредност?
За тргувањето со хартии од вредност на Македонската берза и/или на странските берзи потребни се следните документи:
- Тековна состојба од Централен регистар,
- ЗП образец од Централен регистар,
- Документ за идентификација на одговорното лице,
- Документ за идентификација на одговорното лице (важечка лична карта и/или пасош)
- Активна денарска и/или девизна сметка на правниот субјект во Банката.
Услови и надоместоци
Повеќе информации за тарифите на Комерцијална банка за тргување со хартии од вредност на домашните и на странските берзи, можете да добиете и од следниов документ:
Тарифник за работа со хартии од вредност