Опуштете се и исполнете си ги сите желби! Тука е Инстант шопинг кредитот на Комерцијална банка за East Gate Mall.

Овој кредит ви овозможува поголема слобода и уживање во шопингот на омилените брендови во трговскиот центар East Gate Mall.

Зошто Инстант шопинг кредит за East Gate Mall?

mastercard
      • Без посета на банка 
      • Максимален износ до 120.000 денари
      • Рок на отплата до 60 месеци
      • Без провизија за предвремена отплата
      • Шопинг во голем број продажни места во East Gate Mall

Поголемо шопинг уживање во East Gate Mall

Одобрениот износ на кредитот во период од 15 дена може да се искористи во продажни места во трговскиот центар East Gate Mall кои се дел од оваа програма.

Износот може да се троши повеќекратно. 

Поважни информации

Корисници

Кредитот е наменет за:

  • Вработени лица на неопределено или определено време, за кои не е задолжително својата плата да ја примаат на сметка во Комерцијална банка.
  • Вработени на определено време, кои треба да имаат непрекинат стаж од најмалку 6 месеци во конкретната фирма.
  • Пензионери кои примаат пензија на платежна сметка во Комерцијална банка, а кои на крајниот рок на отплата на кредитот не надминуваат 70 години старост.

 

Критериуми         

  • месечни примања во износ повисок од 12.000 денари,
  • пензија во износ повисок од 9.000 денари,
  • месечните обврски  да не надминуваат 55% месечни нето-примања,
  • возраста на кредитобарателот со доспевање на последниот ануитет да не надминува 70 години,
  • барателите да се класифицирани во категорија на ризик буква „А“ во Кредитниот регистар на НБРСМ и во Банката.

 

Номинална каматна стапка

  • 8,53 % годишна, променлива за клиенти кои примаат плата или пензија во Комерцијална банкаi Референтна каматна стапка од 2,56 % зголемена за 5,97 пп, но не повеќе од Законската казнена камата за денарски побарувања. Како референтна каматна стапка се користи стапката што е објавена и достапна на веб-страницата на НБРСМ (www.nbrsm.mk) на секој 25.06. и на секој 25.12. под називот „каматната стапка на денарски депозити без валутна клаузула“ и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието).  
  • 9,53 % годишна, променлива за лица кои примаат плата во други банкиi Референтна каматна стапка од 2,56 % зголемена за 6,97 пп, но не повеќе од Законската казнена камата за денарски побарувања. Како референтна каматна стапка се користи стапката што е објавена и достапна на веб-страницата на НБРСМ (www.nbrsm.mk) на секој 25.06. и на секој 25.12. под називот „каматната стапка на денарски депозити без валутна клаузула“ и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието).  

Рефeрентната каматна стапка која важи во моментот изнесува 2,56 %. Банката редовно ќе ја објавува важечката референтна каматна стапка за пресметка на каматата.

 

Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)          

  • 10,39 годишна за клиенти кои примаат плата или пензија во Комерцијална банка
  • 11,51 % годишна за лица кои примаат плата во други банки

Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка.

 

Одобрување

Кредитот се одобрува единствено со поднесување барање на инфо пултот во трговскиот центар East Gate Mall во најкраток можен рок по комплетирање на документацијата со исполнети критериуми.

 

Исплата       

  • максималниот рок на искористување на кредитот е 15 дена од денот на одобрување,
  • средствата се исплаќаат на неперсонализирани картички со ПИН заштита од злоупотреби,
  • со помош на картичката, средствата се користат за плаќање во продажните места кои имаат склучено договор со Банката.

 

Трошоци за кредитот   

  • 3 % надомест за одобрување и обработка на кредит минимум 700 денари,
  • интеркаларна камата по каматна стапка од кредитот (надоместот за одобрување/обработка и интеркаларната камата, се наплаќаат од кредитобарателот во трговскиот центар East Gate Mall)
  • 300 денари за проверка во Македонско кредитно биро (се наплаќа при поднесување на апликацијата од кредитобарателот во трговскиот центар East Gate Mall, независно дали кредитот ќе биде одобрен или не).

 

Обезбедување    

  • траен налог за клиенти на Банката,
  • административна забрана од плата за лица кои се клиенти на други банки,
  • без жиранти.

 

Начин на отплата

Месечни ануитети, достасување на ануитет - секој 16-ти во месецот.

 

Предвремена отплата  

Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот.

 

Комерцијална банка АД Скопје го задржува дискреционото право да го одбие барањето за кредит.

Пример за кредитот

Пример за кредит за клиенти кои примаат плата или пензија преку Комерцијална банка

Износ на кредитот 120.000 денари
Рок на отплата 60 месеци
Месечна рата 2.463 денари
Дата на користење на кредитот 1 во тековниот месец
Каматна стапка 8,53 %
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) i Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) се вкупните трошоци на кредитот изразени како годишен процент од вкупниот износ на кредитот. Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка. 10,39 %
Пресметана камата за цело времетраење на кредитот во услови на негова редовна отплата 27.804 денари
Интеркаларна камата 419 денари
Надомест за одобрување и администрирање на кредитот 3.600 денари
Надомест за проверка во МКБ 300 денари
Вкупни трошоци на кредитот i Вкупни трошоци на кредитот се сите трошоци, вклучувајќи камати, провизии, даноци и кои било други надоместоци во врска со договорот за кредит коишто корисникот на кредит треба да ги плати при одобрувањето и редовна отплата на кредитот и коишто ѝ се познати на Банката, освен нотарските трошоци.  32.123 денари
Вкупен износ што го плаќа корисникот на кредит i Вкупен износ што го плаќа корисникот на кредит претставува збир на вкупниот износ на кредитот и вкупните трошоци на кредитот.  152.123 денари

Пример за кредит за лица кои примаат плата во други банки

Износ на кредитот 120.000 денари
Рок на отплата 60 месеци
Месечна рата 2.522 денари
Дата на користење на кредитот 1 во тековниот месец
Каматна стапка 9,53 %
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) i Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) се вкупните трошоци на кредитот изразени како годишен процент од вкупниот износ на кредитот. Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка. 11,51 %
Пресметана камата за цело времетраење на кредитот во услови на негова редовна отплата 31.283 денари
Интеркаларна камата 468 денари
Надомест за одобрување и администрирање на кредитот 3.600 денари
Надомест за проверка во МКБ 300 денари
Вкупни трошоци на кредитот i Вкупни трошоци на кредитот се сите трошоци, вклучувајќи камати, провизии, даноци и кои било други надоместоци во врска со договорот за кредит коишто корисникот на кредит треба да ги плати при одобрувањето и редовна отплата на кредитот и коишто ѝ се познати на Банката, освен нотарските трошоци.  35.651 денари
Вкупен износ што го плаќа корисникот на кредит i Вкупен износ што го плаќа корисникот на кредит претставува збир на вкупниот износ на кредитот и вкупните трошоци на кредитот.  155.651 денари

Потребна документација

  • Барање за кредит, со потврда заверена со печати и потписи од страна на правното лице каде е вработен барателот (за вработени со плата во КБ, потврдата не е неопходно да биде заверена доколку  е доставен заверен извод од платежна сметка за последни 6 месеци или исплатна листа за плата);
  • фотокопија од лична карта или пасош;
  • заверен извод од платежна сметка во девизи на клиентот на која се исплаќа странска пензија (применливо за лица приматели на странска пензија);
  • заверен извод од платежна сметка во денари за последни 6 месеци (за лица кои не се приматели на плата во КБ и за лица кои се вработени на определено време);
  • последен талон од пензија.

Продажни места во East Gate Mall
каде може да се користи одобрениот Инстант шопинг кредит

Назив    Категорија Кат
B Watch - SEG
Часовници и накит 1 кат
Car Box авто козметика ниво 2 (B2)
Subra  аптека приземје

Carter's

детска облека 1 кат
Okaidi  детска облека 1 кат
Original Marines детска облека 1 кат
Krusel електричен алат ниво 2 (B2)
Butik Bella женска мода 1 кат
Donna Fashion (Tiffany) женска мода 1 кат
Linea женска мода 1 кат
Liu Jo женска мода приземје
Patrizia Pepe  женска мода приземје
Twinset женска мода приземје
Yamamay женска мода приземје
Kares Premium за дома ниво 1 (B1)
New Age за дома ниво 1 (B1)
Zen Diamond златара приземје
Sigma златара 1 кат
Smaragd златара приземје
Krsh играчки 1 кат
Literatura Caffe кафе бар  1 кат
Literatura книжарница 1 кат
Office Plus книжарница 1 кат
Babor козметика ниво 2 (В2)
DM Drogerie козметика 1 кат
Jepuda козметика приземје
Kiko Milano козметика приземје
L’Occitane козметика приземје
Lush козметика приземје
Dan John машка мода приземје
Hugo машка мода приземје
Mango машка / женска / детска мода приземје
Bonatti машка / женска мода 1 кат
City Fashion машка / женска мода приземје
Qunto 1981 машка / женска мода 1 кат
Fashion house машка / женска мода приземје
Fashion & Friends машка / женска мода приземје
Gant машка / женска мода приземје
L T B машка / женска мода 1 кат
Springfield машка / женска мода приземје
Tommy Hilfiger машка / женска мода приземје
A1 мобилен оператор приземје
Carpisa модни додатоци приземје
Pandora модни додатоци приземје
Samsonite модни додатоци 1 кат
Parfois модни додатоци приземје
Zia модни додатоци 1 кат
Arthur's обувки 1 кат
Opposite  обувки 1 кат
Office Shoes обувки приземје
Skachers обувки приземје
Timberland обувки приземје
Dioptra  оптика 1 кат
Max Optika оптика 1 кат
La Familia подароци за секого ниво 2 (B2)
Motocentar SEG продажба на гуми ниво 2 (B2)
Bella Vista ресторани и барови приземје
Buenos Dias ресторани и барови приземје
Destan ресторани и барови 1 кат
Marfi Macaroons ресторани и барови 1 кат
Sarajeva House ресторани и барови приземје
Soul Kitchen ресторани и барови приземје
Torzo Velnes салон за убавина ниво 1 (B1)
Buzz спорт 1 кат
Nike спорт 1 кат
Polleo Sport спорт 1 кат
Sport M - Adidas
спорт 1 кат
Sport M - Intersport спорт 1 кат
Sport M спорт 1 кат
Sport M - Sizer спорт 1 кат
Sport Reality спорт 1 кат
Sport Vision спорт 1 кат
Under Armour спорт 1 кат
iStyle техника и телекомуникации приземје
Neptun техника и телекомуникации ниво 1 (B1)
Qunto Cigars тобако 1 кат
Ambrela електронски цигари приземје
Palestra фитнес 2 кат
Bozhinovski  часовници приземје
My Time часовници 1 кат