Потрошувачки кредити

Сите желби на дофат

Потрошувачките кредити на Комерцијална банка се одличен начин за остварување на сите твои желби.

Не ги одложувај своите планови, искористи ги поволните услови под кои се нудат овие кредити и оствари ги своите желби сега.

Изборот на видот на потрошувачки кредит го правиш согласно твоите потреби. Информирај се и одбери го видот кој најмногу ќе ти одговара:

Поважни информации

Корисници на кредит

Комерцијална банка одобрува кредити на кредитоспособни физички лица, државјани на Република Северна Македонија.

При доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитобарателот не треба да надминува 70 години, освен за кредитите кои се целосно обезбедени со депониран депозит во Банката и за кредитите за пензионери.

При доспевање на последниот ануитет, возраста на жирантите не смее да надминува 62 години за жени и 64 години за мажи.

На денот на поднесување на барањето за кредит, барателите на кредитот и жирантите не смеат да имаат доспеани, а неподмирени обврски кон Банката.

Кредитобарателите и жирантите е неопходно да имаат уредна кредитна историја во Банката и Кредитниот регистар на НБРСМ најмалку 6 месеци наназад, односно во роковите на достасаност да ги измируваат обврските по сите основи.

Барање за кредит

Барање за кредит може да се подигне и да се поднесе во експозитурите на Банката во Скопје и во филијалите и експозитурите низ Републиката.

За корисниците на Интернет банка, кои имаат опција за плаќање, овозможена е побрза и поедноставна постапка за онлајн аплицирање за некои видови потрошувачки кредити.

Исплата

Кредитите се исплатуваат во денари.

Во зависност од намената на кредитот, средствата се исплаќаат на платежната сметка на кредитобарателот или, пак, на платежната сметка на продавачот.

Трошоци за кредитот

При користењето на кредитот се наплатува:

  • надомест за аплицирање и обработка на барањето за кредит,
  • надомест за одобрување и администирање на кредитот,
  • интеркаларна камата за периодот од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка по која е одобрен кредитот и
  • трошоци за меница.

Начин на отплата

Кредитите се отплаќаат во еднакви месечни ануитети кои доспеваат секој 16-ти во месецот.

Предвремена отплата

Комерцијална банка не наплатува провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот.

Најчесто поставувани прашања

Што сè е потребно за да добијам кредит од Комерцијална банка?

Комерцијална банка одобрува кредити на физички лица кои се државјани на Република Северна Македонија и кои се во редовен работен однос, како и на пензионери кои ја примаат пензијата преку платежна сметка во Банката. Поединечните услови и потребната документација за одобрување на кредит се разликуваат и зависат од видот на кредитот.

Каде можам да поднесам барање за кредит од Комерцијална банка?

Барање за кредит може да се поднесе во Скопје - во Централата на Банката и во филијалите и експозитурите низ државата. Барањето за кредит содржи обрасци кои треба да бидат уредно пополнети и заверени од страна на фирмите во кои се вработени барателите на кредит и жирантите, како и податоци за основната и дополнителната документацијата која треба да се приложи кон барањето за кредит. Корисниците на Интернет банка кои имаат опција за плаќање, може да аплицираат online за еден од потрошувачките кредити кои ги нуди Банката.

Што е тоа жирант?

Жирантот е лице кое гарантира дека корисникот на кредитот ќе ги измирува обврските кон Банката. Доколку корисникот на кредитот не ги измирува обврските кон Банката, ќе бидат активирани инструментите за наплата на побарувањата од жирантот.

Како ќе знам колку пари месечно ќе треба да издвојувам за исплата на кредитот?

  • Износот на месечниот ануитет зависи од износот на кредитот, номиналната каматна стапка и рокот на отплата. Пресметката можете да ја извршите брзо и едноставно со помош на кредитниот калкулатор. Откако ќе го изберете кредитот што најмногу одговара на Вашите потреби, внесете ги бараниот износ на кредит и рокот во кој сакате да го вратите, по што ќе го видите износот на месечна отплата.
  • Корисниците на кредит при исплата на средствата од одобрениот кредит добиваат Амортизационен план за отплата на кредитот во кој е наведен износот на месечниот ануитет и датумите на доспевање на месечните ануитети.

Дали мора да сум вработен/а за да добијам кредит?

Комерцијална банка одобрува кредити на физички лица кои се државјани на Република Северна Македонија и кои се во редовен работен однос. Лицата кои не се во редовен работен однос може да аплицираат само за кредит обезбеден со залог на денарски или девизен депозит.

Дали висината на кредитот што ќе го добијам ќе зависи од тоа колкава плата земам?

Максималниот износ на кредит зависи од условите кои се дефинирани за секој вид кредит и од кредитоспособноста на клиентот. Максимално дозволениот однос помеѓу износот на месечните примања на кредитобарателот и висината на месечниот ануитет е наведен, поединечно за секој производ, во делот критериуми за одобрување на кредит.