За што е наменета оваа кредитна линија?
Кредити за агроиндустрискиот сектор поддржани од УСАИД се наменети за финансирање на потреби од набавка на основни средства, и тоа:
- купување нова опрема и технологии (вклучително и воведување на системот „капка по капка“),
- експанзија или замена на плантажи и стакленици,
- проширување на основното стадо,
- изградба и модернизација на производствените капацитети,
- изградба на откупни центри,
- пренамена на куќи за развој на рурален туризам,
- проекти поддржани од ИПАРД и проекти под Националната програма за рурален развој на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
До 20% од вкупно одобрениот кредит може да биде наменет за обртен капитал.
Поважни информации
Износ на кредит
Рок на отплата
Грејс период
Валута на кредит
Каматна стапка
- референтна стапка + каматна маржа до 3,30 процентни поени, годишно, но не помалку од 2,30 процентни поени за денарски кредити, i Како референтна каматна стапка се користи стапката што е објавена и достапна на веб-страницата на НБРМ (www.nbrm.mk) на секој 25.06. и на секој 25.12. под називот „каматната стапка на денарски депозити без валутна клаузула“ и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието).
- шестмесечен еурибор за евра + каматна маржа до 5,00 процентни поени, годишно, но не помалку од 4,00 процентни поени за девизни кредити. i Како референтна каматна стапка се користи стапката на шестмесечниот ЕУРИБОР објавена на секој 31.12. и на секој 30.06. на веб-страницата на Банката и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието). Доколку стапката има негативна вредност, во пресметката на номиналната каматна стапка истата ќе се зема со вредност 0,00.
Провизии
- 0,3% за следење и водење на аранжманот по поткредитот,
- 0,3% од износот на искористените средства од кредитот, но не повеќе од 100.000 денари.
Обезбедување
За обезбедување на кредитот се користат вообичаени инструменти за обезбедување согласно Кредитната политика на Банката (хипотека на недвижен имот, залог на опрема, меници и др.)
За овој кредитен производ бараната покриеност на пласманите со вредноста на обезбедувањето е пониска споредбено со стандардните барања на Банката.
Одобрување
По поднесување на барањето за кредит, Банката прави формален преглед дали е документацијата комплетна. Доколку е документацијата комплетна, барањето се обработува, при што се оценува бонитетот на барателот и планираната зделка за која се наменети средствата.
Информациите за комитентот, подносител на барањето за кредит, Банката ги обезбедува од самиот комитент и од сопствени извори.
Комитентот е информиран, во разумен рок, со известување дали бараниот кредит е одобрен или не.