Денарски гаранции

Банкарската гаранција е писмен документ со кој банката гарант се обврзува на безусловна и промптна исплата на одредена сума пари во корист на корисникот на гаранцијата, доколку должникот не исполни одредена обврска во предвидениот рок, која може да биде платежна или чинидбена.

Во зависност од видот на обврската која треба да се исполни, Комерцијална банка АД Скопје ги издава следните видови банкарски гаранции:

Видови денарски гаранции

  

Платежни гаранции

  • Гаранција за навремено измирување на парични обврски.

Чинидбени гаранции

  • Гаранција за учество на лицитација,
  • Гаранција за навремено и квалитетно извршување на работите,
  • Гаранција за враќање примен аванс,
  • Гаранција за обврски во гарантен рок,
  • Гаранција за обезбедување плаќање царински долг,
  • Гаранција за обезбедување на акцизен долг,
  • Останати видови гаранции согласно потребите на клиентот.

Потребни документи

  

Потребни документи за издавање / измена на денарска гаранција се следните:

Надоместоци

При издавањето на денарските гаранции, Комерцијална банка ги наплатува следните провизии:

Надоместоци за издавање денарски гаранции:
Гаранции обезбедени со првокласен инструмент (денарски и девизни депозити на сметки или книшки, гаранции од првокласни банки) 0,05 % месечно, мин. 1.200 денари
Гаранции необезбедени со првокласен инструмент (хипотека на недвижен имот, залог на опрема, меници со нотарски акт и друго прифатливо обезбедување) 0,2 % - 0,3 %  месечно,
мин. 1.800 денари

Наведените надоместоци претставуваат извадок од Тарифата на Банката, а подетални информации може да се добијат на наведените контакти.

Kонтакт

Телефон: (02) 3168-574(02) 3168-575

e-пошта: corporatecredit@kb.mk