Банкомати

Банкоматите на Комерцијална банка, поставени на 178 локации низ државата, ви овозможуваат брза достапност до вашите парични средства во секое време.

На нашите модерни банкомати може да вршите:

  • Исплата на парични средства,
  • Уплата на парични средства,
  • Менување евра во денари.

Над 100 банкомати работат и со бесконтактна технологија преку која банкоматот можете да го користите со бесконтактна картичка или со помош на мобилната апликација Google Pay, односно без внес на физичка картичка. Преку бесплатната Android апликација Google Pay, мобилниот телефон станува замена за платежна картичка.

 

Исплата на парични средства

Вашите пари ви се на располагање 24/7 преку широката мрежа на банкомати на Комерцијална банка низ целата држава.

Со вашата картичка или со бесплатната мобилна апликација Google Pay, обезбедете си готовина секогаш кога имате потреба од неа.

 

Уплата на парични средства

Корисниците на дебитни и кредитни картички од Комерцијална банка имаат можност за уплата на готовина на својата сметка на голем број видливо означени cash-in банкомати распоредени низ земјата.

Cash-in банкоматите ги прават финансиските трансакции брзи и ефикасни. Со овие технолошки современи уреди може да уплатите пари на вашата дебитна или кредитна картичка без потреба од одење на шалтер.

Банкоматот ги прифаќа сите банкноти во апоени од 10, 50, 100, 200, 500, 1.000 и 2.000 денари. Со секоја поединечна трансакција може да се внесат до 40 банкноти.

За повеќе информации во врска со банкоматите на Комерцијална банка и услугите кои ги нудат, погледнете ја мапата на локации на Банката.

Локации на Банката

Повеќе

Упатство за исплата на готовина на банкомат

Упатство за извршување cash in трансакции на банкомат

Упатство за обезбедување извештај за состојба на сметка на дебитна картичка на банкомат

Упатство за промена на ПИН на картичка на банкомат