Дали е Google Pay бесплатна?
Да, Google Pay e целосно бесплатна платформа. Корисникот нема трошок за симнување на апликацијата Google Wallet, нема трошок за додавање картички и нема провизии при плаќања.
Која е разликата помеѓу Google Wallet и Google Pay?
Google Pay е безбеден начин да вршиш плаќања во продавници, преку апликации и преку Интернет.
Google Wallet е местото каде што ги зачувуваш твоите дебитни и кредитни картички кои сакаш да ги користиш за плаќање преку Google Pay, а во неа можеш да чуваш и картички за лојалност, билети и друго.
Каде можам да плаќам со Google Pay?
Со Google Pay можеш да плаќаш на сите продажни места кои имаат ПОС терминал со бесконтактен читач, како и на интернет-сајтови и апликации кои ја поддржуваат платформата.
Дали можам да додадам повеќе картички во Google Wallet?
Да, Google Wallet ти овозможува да додадеш неограничен број платежни картички.
Дали при плаќање со Google Pay е потребно да внесам ПИН?
При плаќање со Google Pay на ПОС терминал најчесто нема потреба од внес на ПИН, без оглед на износот. По исклучок, само во ретки случаи (најчесто поради постар модел на терминалот) може да се побара ПИН, при што треба да се внесе ПИН-от од физичката картичка.
Дали има лимит за плаќање преку Google Pay?
Лимитот за плаќање со дигитализирана картичка во Google Wallet кореспондира со лимитот на твојата физичка картичка. Промена на лимитите за секоја од твоите картички од Комерцијална банка може да направиш преку мобилната апликација мБанка, преку Интернет банка, или во најблиската експозитура или филијала.
Дали Google Pay е безбеден за користење?
Google Pay користи најнапредни безбедносни структури преку кои обезбедува сигурност од највисок степен. За секоја трансакција Google Pay креира уникатна виртуелна картичка (токен за плаќање), кој се менува со секоја нова трансакција, а не постои ни можност за двојна наплата, дури и ако мобилниот телефон двапати се доближи до ПОС терминалот.
Како можам да купувам онлајн со Google Pay?
При онлајн купување, кога ќе бидеш подготвен да платиш едноставно избери Google Pay како начин на плаќање или кликни на „Плати со Google Pay“. Тоа е сè!
Средствата ќе бидат наплатени од сметката поврзана со картичката која ја имаш поставено како основна во Google Wallet.
Дали Google Wallet е достапна за кој било Android телефон?
Google Wallet е достапна за сите корисници на уреди со оперативен систем Android 5.2 и понов.
Каде се зачувуваат моите картички кога ги додавам во Google Wallet?
Кога користиш Google Wallet, твоите картички и информациите за трансакциите се зачувуваат во твојот профил на Google (Google Account). Во секој момент можеш да менуваш што се зачувува и да ги менуваш поставките. Повеќе детали се достапни на следниот линк.
Што ако го загубам телефонот?
Доколку го загубиш телефонот, не грижи се. Google ја нуди опцијата Пронајди го мојот уред (Find my device) преку која можеш да го заклучиш телефонот или да бришеш податоци.
Дали Google Wallet нуди опција за додавање на платежните картички во паметен часовник?
Да, Google Wallet апликацијата е достапна за паметни часовници со оперативен систем WearOS.