Уживај во своите пензионерски денови и слободата која доаѓа со нив. Дозволи си патување од своите соништа или оствари си некоја досега неостварена желба.

Потрошувачкиот кредит за пензионери на Комерцијална банка сега е достапен без или со вклучено животно осигурување и тоа со максимален износ до:

  • 300.000 денари без вклучено осигурување и без жиранти
  • 600.000 денари со вклучено животно осигурување од Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

Зошто овој кредит е
најдобар за мене?

  • Максимален износ до 600.000 денари
  • Рок на отплата од 12 до 95 месеци
  • . % променлива каматна стапка
  • Можност за грејс период од 6 месеци
  • Можност за вклучување на животно осигурување од Триглав Осигурување Живот АД Скопје
  • Без жиранти 
  • Без провизија за предвремена отплата

Избери ја опцијата која најмногу ти одговара

Избери една од понудените опции:

  • Потрошувачки кредит за пензионери до 300.000 денари без вклучено осигурување
  • Потрошувачки кредит за пензионери до 600.000 денари со вклучено животно осигурување од Триглав Осигурување Живот АД Скопје

 

Вклученото ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ преку Триглав Осигурување Живот АД Скопје се однесува на следните осигурени ризици:

  • смрт како последица на несреќен случај (незгода);
  • смрт како последица на болест.

Имаш Интернет банка? Целата постапка е достапна онлајн!

За корисниците на Интернет банка кои имаат опција за плаќање, овозможивме побрза и поедноставна постапка за online аплицирање за кредит.

Заврши ја целата постапка онлајн, од почетокот до финалното одобрување.

Аплицирај
онлајн

Корисници

Кредитот е наменет за пензионери кои примаат пензија на платежна сметка во Комерцијална банка во износ од минимум 12.000 денари.

Трошоци за кредитот         

  • 2% од износот на кредитот, минимум 500 денари,
  • 300 денари за аплицирање и обработка на кредитот,
  • трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот),
  • трошоци за меница.

Одобрување

Се одобрува во најкраток можен рок по комплетирање на документацијата со исполнети критериуми.

Начин на отплата    

Месечни ануитети, достасување на ануитет - секој 16-ти во месецот.

Предвремена отплата        

Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот.

Комерцијална банка АД Скопје го задржува дискреционото право да го одбие барањето за кредит.

Критериуми 

  • Месечните обврски да не надминуваа 33% од слободните месечни примања на кредитобарателот,
  • при доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитобарателот не треба да надминува 72 години.

Номинална каматна стапка           

  • . % годишна, променливаi Референтна каматна стапка од . % зголемена за . пп, но не повеќе од Законската казнена камата за денарски побарувања. Како референтна каматна стапка се користи стапката што е објавена и достапна на веб-страницата на НБРСМ (www.nbrsm.mk) на секој 25.06. и на секој 25.12. под називот „каматната стапка на денарски депозити без валутна клаузула“ и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието). 

Рефeрентната каматна стапка која важи во моментот изнесува . %. Банката редовно ќе ја објавува важечката референтна каматна стапка за пресметка на каматата.

Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)         

  • 8,62 годишна

Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка.

Рок на отплата

  • од 12 до 60 месеци

Трошоци за кредитот         

  • 2 % од износот на кредитот, минимум 500 денари,
  • 300 денари за аплицирање и обработка на кредитот,
  • трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот),
  • трошоци за меница. 

Обезбедување         

  • траен налог од сметка на кредитобарателот,
  • меница и менична изјава потпишана од кредитобарателот и жирантот.

Исплата         

  • максималниот рок на искористување на кредитот е 60 дена од денот на одобрување,
  • средствата се исплаќаат на платежната сметка на кредитокорисникот.

 

Пример за потрошувачки кредит за пензионери без вклучено осигурување

Критериуми 

  • Месечните обврски да не надминуваа 33% од слободните месечни примања на кредитобарателот,
  • при доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитобарателот не треба да надминува 75 години. Во моментот на аплицирање барателот не треба  да  е постар од 70 години или во календарската година во која поднесува барање за кредит да не навршува 71 година.

Номинална каматна стапка           

  • . % годишна, променливаi Референтна каматна стапка од . % зголемена за . пп, но не повеќе од Законската казнена камата за денарски побарувања. Како референтна каматна стапка се користи стапката што е објавена и достапна на веб-страницата на НБРСМ (www.nbrsm.mk) на секој 25.06. и на секој 25.12. под називот „каматната стапка на денарски депозити без валутна клаузула“ и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието).  

Рефeрентната каматна стапка која важи во моментот изнесува . %. Банката редовно ќе ја објавува важечката референтна каматна стапка за пресметка на каматата. 

Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)

  • 8,23 % годишна

Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка. 

Рок на отплата

  • од 12 до 95 месеци

Трошоци за кредитот

  • 2 % од износот на кредитот, минимум 500 денари,
  • 300 денари за аплицирање и обработка на кредитот,
  • трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот),
  • трошоци за меница. 

Обезбедување

  • полиса за животно осигурување
  • траен налог од сметка на кредитобарателот,
  • меница и менична изјава потпишана од кредитобарателот.

Исплата         

  • максималниот рок на искористување на кредитот е 60 дена од денот на одобрување.
  • Премијата по полиса за животно осигурување е составен дел од одобрениот износ на кредит. По исплата на премијата кон Триглав Осигурување Живот АД Скопје,  преостанатите средствата од кредитот се исплаќаат на платежната сметка на кредитокорисникот.

 

Пример за потрошувачки кредит за пензионери со вклучено осигурување 

Што сè е потребно за да добијам кредит од Комерцијална банка?

Комерцијална банка одобрува кредити на физички лица кои се државјани на Република Северна Македонија и кои се во редовен работен однос, како и на пензионери кои ја примаат пензијата преку платежна сметка во Банката. Поединечните услови и потребната документација за одобрување на кредит се разликуваат и зависат од видот на кредитот.

Каде можам да поднесам барање за кредит од Комерцијална банка?

Барање за кредит може да се поднесе во Скопје - во Централата на Банката и во филијалите и експозитурите низ државата. Барањето за кредит содржи обрасци кои треба да бидат уредно пополнети и заверени од страна на фирмите во кои се вработени барателите на кредит и жирантите, како и податоци за основната и дополнителната документацијата која треба да се приложи кон барањето за кредит. Корисниците на Интернет банка кои имаат опција за плаќање, може да аплицираат online за еден од потрошувачките кредити кои ги нуди Банката.

Што е тоа жирант?

Жирантот е лице кое гарантира дека корисникот на кредитот ќе ги измирува обврските кон Банката. Доколку корисникот на кредитот не ги измирува обврските кон Банката, ќе бидат активирани инструментите за наплата на побарувањата од жирантот.

Како ќе знам колку пари месечно ќе треба да издвојувам за исплата на кредитот?

  • Износот на месечниот ануитет зависи од износот на кредитот, номиналната каматна стапка и рокот на отплата. Пресметката можете да ја извршите брзо и едноставно со помош на кредитниот калкулатор. Откако ќе го изберете кредитот што најмногу одговара на Вашите потреби, внесете ги бараниот износ на кредит и рокот во кој сакате да го вратите, по што ќе го видите износот на месечна отплата.
  • Корисниците на кредит при исплата на средствата од одобрениот кредит добиваат Амортизационен план за отплата на кредитот во кој е наведен износот на месечниот ануитет и датумите на доспевање на месечните ануитети.

Дали мора да сум вработен/а за да добијам кредит?

Комерцијална банка одобрува кредити на физички лица кои се државјани на Република Северна Македонија и кои се во редовен работен однос. Лицата кои не се во редовен работен однос може да аплицираат само за кредит обезбеден со залог на денарски или девизен депозит.

Дали висината на кредитот што ќе го добијам ќе зависи од тоа колкава плата земам?

Максималниот износ на кредит зависи од условите кои се дефинирани за секој вид кредит и од кредитоспособноста на клиентот. Максимално дозволениот однос помеѓу износот на месечните примања на кредитобарателот и висината на месечниот ануитет е наведен, поединечно за секој производ, во делот критериуми за одобрување на кредит.