Девизни кредити

Кредитен производ на Комерцијална банка креиран за потреби за извозно ориентирани клиенти и вршители на меѓународни услуги.

Во Банката ќе добиете советодавна, квалитетна и ефикасна услуга од нашиот стручен тим кој ќе ви помогне во реализацијата на Вашите барања.

Зошто девизен кредит?

  • Во валута ЕУР или во денарска противвредност според вашите потреби
  • Рок на отплата до 10 години
  • Можност за грејс период до 2 години
  • Индивидуален пристап за секој клиент
  • Нашиот тим ви стои на располагање за сите потребни информации

Корисници

Кредитот е наменет за извозно ориентирани правни лица и вршители на меѓународни услуги кои остваруваат девизни приливи преку сметки во Банката.

Рок на отплата

  • до 10 години.

Грејс период

  • до 2 години.

Обезбедување

За обезбедување на кредитот се користат вообичаени инструменти за обезбедување согласно Кредитната политика на Банката (хипотека на недвижен имот, залог на подвижни предмети, банкарска гаранција и др.).

Одобрување

По поднесување на барањето за кредит, Банката прави формален преглед дали е документацијата комплетна. Доколку е документацијата комплетна, барањето се обработува, при што се оценува бонитетот на барателот и планираната зделка за која се наменети средствата.

Информациите за клиентот, подносител на барањето за кредит, Банката ги обезбедува од самиот клиент и од сопствени извори.

Клиентот е информиран, во разумен рок, со известување дали бараниот кредит е одобрен или не.

  • Барањето за кредит треба да ги содржи следните елементи:
    • Полн назив на претпријатието;
    • Адреса на претпријатието;
    • Основачи и органи на управување;
    • Доколку основачите се основачи во други друштва, да се наведат друштвата и процентот на учество во капиталот на друштвото;
    • Управување во други друштва;
    • Шифра на дејност;
    • Матичен број;
    • Број на жиро-сметка/сметки;
    • Деловна банка/банки;
    • Намена и износ на бараниот кредит со образложение;
    • Основна дејност;
    • Организациона поставеност;
    • Број на вработени и квалификациона структура;
    • Техничко-технолошка опременост и искористеност на капацитетите;
    • Асортиман на производство прикажан во физички и во вредносен обем;
    • Склучени договори за работа;
    • Спецификација на поголеми купувачи и добавувачи;
    • Извештај за состојбата на залихите;
    • Задолженост во други банки и финансиски организации;
    • Преземени идни обврски (акредитиви, гаранции и сл.);
    • Опис на понуденото обезбедување;
    • Извори на отплата (CASH FLOW);
    • Склучени извозни договори и очекувани девизни приливи по извршен извоз;
    • План на девизни приливи и одливи.


За долгорочните кредити е потребно доставување инвестициона програма со финансиски предвидувања за периодот на отплата на кредитот.

  • Копии од решението за регистрација на друштвото со сите прилози,i Само за клиенти кои немаат отворено трансакциска сметка во Комерцијална банка. 
  • Картон за депонирани потписи заверени од матичната банка,i Само за клиенти кои немаат отворено трансакциска сметка во Комерцијална банка. 
  • Известување за претежна дејност на друштвото,i Само за клиенти кои немаат отворено трансакциска сметка во Комерцијална банка. 
  • Промет на денарски и девизни сметки на комитентот во други банки,
  • Завршни сметки за последните 2 години и периодична пресметка (за потребите на Банката),
  • Девизен биланс – структура на побарувања и обврски од странство прикажани по валути и рокови на доспевање за наплата, односно плаќање,
  • Ревизорски извештаи за друштва кои се законски обврзани да изготвуваат вакви извештаи,
  • Список на целокупниот имот со кој располага барателот на кредит (недвижен и подвижен), потпишан од барателот,
  • Доказ за сопственост на понуденото обезбедување:
    • Имотен лист за недвижен имот,
    • Фактури, УЦД за залог на подвижен имот.

Контакт

e-пошта: corporatecredit@kb.mk

Горан Ивановски

Самостоен координатор за кредитирање на стопанство
Телефон: (02) 3168-558
e-пошта: goran.ivanovski@kb.mk

Елена Спировска

Директор на Дирекцијата за кредитирање на агроиндустриски комплекс
Телефон: (02) 3168-509
e-пошта: elena.spirovska@kb.mk

Ивона Донева

Директор на Дирекцијата за девизни кредити, девизни гаранции и позадински работи
Телефон: (02) 3168-619
e-пошта: ivona.doneva@kb.mk

Наташа Стојанова Мицковска

Главен координатор за односи со странство
Телефон: (02) 3168-606
e-пошта: natasha.stojanova-mickovska@kb.mk