Дигитални киосци

Вашите сметки за јавни услуги сега може да ги плаќате на дигиталните киосци на Комерцијална банка без провизија, без посета на шалтер и со картичка од која било банка. Преку дигиталните киосци ние ви ги нудиме погодностите на дигиталниот финансиски свет, а вие заштедувате време и пари.

Со ова единствено и модерно решение ви овозможуваме бесплатно, брзо и во кој било дел од денот (24/7) да ги плаќате сметките кон:

  • ЕВН
  • БЕГ
  • Телеком
  • A1
  • Телекабел

Извршете го плаќањето на сметките на едноставен и сигурен начин, водени од апликацијата која ќе ви се прикаже на екранот. Плаќањето ќе го завршите брзо затоа што апликацијата бара од вас само да:

  • скенирате баркод или рачно да внесете број на фактура/сметка,
  • внесете банкарска картичка во читачот или до читачот доколку е бесконтактна.

На крај добивате печатена потврда за успешно завршена трансакција.

Клиентите (физички лица) кои имаат претплата на Интернет банка на Комерцијална банка, на дигиталните киосци може да испечатат и извод од својата трансакциска сметка.

За повеќе информации и за локациите на дигиталните киосци погледнете ја мапата со локации на Банката.

Локации на Банката

Повеќе