Видови кредит
- Денарски кредит,
- Денарски кредит со девизна клаузула.
Корисници
Кредитот е наменет за правни лица кои имаат потреба од финансиски средства за набавка на основни и/или обртни средства.
Рок на отплата
Грејс период
Kаматна стапка
За денарските кредити i Како референтна каматна стапка се користи стапката што е објавена и достапна на веб-страницата на НБРСМ (http://www.nbrsm.mk) на секој 25.06. и на секој 25.12., под називот „каматната стапка на денарски депозити без валутна клаузула“ и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието). и за денарските кредити со валутна клаузула i Како референтна каматна стапка се користи стапката на шестмесечниот ЕУРИБОР објавена на секој 31.12. и на секој 30.06. на веб-страницата на Банката и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието). Доколку стапката има негативна вредност, во пресметката на номиналната каматна стапка истата ќе се зема со вредност 0,00.
- референтна стапка + каматна маржа до 7,0 процентни поени, годишно.
- 1,5% годишно над каматната стапка која Банката ја плаќа на депонираните средства за кредити обезбедени со парични средства како депозит во Банката.
Банката редовно ќе ја објавува важечката референтна каматна стапка за пресметка на каматата.
Напомена: Каматната стапка зависи од кредитоспособноста и бонитетот на клиентот, редовноста во сервисирањето на обврските кон Банката и видот и квалитетот на понуденото обезбедување.
Обезбедување
За обезбедување на кредитот се користат вообичаени инструменти за обезбедување согласно Кредитната политика на Банката (хипотека на недвижен имот, залог на подвижни предмети, банкарска гаранција и др.).
Новооснованите трговски друштва, кои се заинтересирани за долгорочно кредитирање од банкарски средства или од средствата на некоја од кредитните линии активни преку Банката, треба да прикажат веќе извршени сопствени вложувања минимум 40% од вкупните вложувања во проектот.
Провизии
Oд 0,015% до 1,5% на искористениот износ на кредит во зависност од видот на кредитот, рокот на враќање на кредитот и изворот на средствата за кредитот.
Одобрување
По поднесување на барањето за кредит, Банката прави формален преглед дали е документацијата комплетна. Доколку е документацијата комплетна, барањето се обработува, при што се оценува бонитетот на барателот и планираната зделка за која се наменети средствата.
Информациите за комитентот, подносител на барањето за кредит, Банката ги обезбедува од самиот комитент и од сопствени извори.
Комитентот е информиран, во разумен рок, со известување дали бараниот кредит е одобрен или не.