Што треба да знаете за платежните трансакции во земјата
Платежни трансакции во земјата се однесуваат на внесување, повлекување или пренос на парични средства иницирани од плаќачот или во име на плаќачот или од примачот во денари, со поднесување на платен налог ( иницирани преку платни инструменти) на следниот начин:
Даватели на платежни услуги согласно Законот за платежни услуги и платни системи се:
- Банка согласно со закон со кој се уредува основањето и работењето на банките;
- штедилница согласно со закон со кој се уредува основањето и работењето на штедилниците;
- филијала на странска банка согласно со законот со кој се уредува основањето и работењето на банките;
- банка од држава-членка која отворила филијала или директно врши финансиски активности во Република Северна Македонија согласно со законот со кој се уредува основањето и работењето на банкитe;
- платежна институција која добила дозвола за давање платежни услуги од гувернерот согласно со овој закон;
- платежна институција од држава - членка која отворила филијала или директно дава платежни услуги во Република Северна Македонија согласно со овој закон;
- институција за електронски пари која добила дозвола за издавање електронски пари согласно со овој закон;
- институција за електронски пари од држава - членка која отворила филијала или директно издава електронски пари во Република Северна Македонија согласно со овој закон;
- Народната банка, кога не дејствува со монетарни овластувања согласно со закон со кој се уредува нејзината организација и работа;
- Трезорот;
- Трезорот на Фондот и
- Европската Централна банка и централни банки од држави - членки на Европската Унија, кога не дејствуваат со монетарни овластувања.
Корисник на платежни услуги е секое домашно или странско, правно или физичко лице кое врши регистрирана дејност или друго физичко лице со кое Банката има склучено Рамковен договор за платежни услуги и кое користи платежна услуга во својство на плаќач или примач или во двете својства.
Учесник во платниот промет може да биде секое домашно или странско, правно или физичко лице кое врши регистрирана дејност или друго физичко лице кое врши плаќања во денари преку носителите на платниот промет.
Платежните трансакции во земјата може да се извршуваат преку платните системи, и тоа:
- Платниот систем на НБРСМ наречен МИПС, преку кој се извршуваат меѓубанкарските плаќања на големи износи (над 1 милион денари) и секоја индивидуална трансакција се порамнува во реално време преку сметките на банките кај НБРСМ, заради што овој вид плаќање е поскап и се користи за плаќања на поголеми износи и за итни плаќања.
- Платниот систем систем на Клириншката куќа, кој е наменет за извршување на платни налози на мали износи (до 1 милион денари), а порамнувањето се врши по мултилатерален нето принцип. Порамнувањето на нето позициите на банките се врши на крајот на работниот ден во системот на НБРСМ, заради што преку овој систем се извршуваат мали и неитни налози. Средствата процесирани преку овој систем примачот може да ги користи по завршување на порамнувањето.
- За извршување на платежните трансакции помеѓу субјекти депоненти во иста деловна банка, се користи системот за интерни плаќања на Банката. Овие плаќања се најевтини и се извршуваат во моментот на обработката на платниот налог. Колку е поголем бројот на иматели на сметки во една банка толку е поголема можноста да се користи овој систем на плаќања.
Корисниците на платежни услуги можат да имаат повеќе платежни сметки кај една банка и платежни сметки кај повеќе банки.
Платни налози кои најчесто се користат за извршување на платежни трансакции во земјата се:
1. Платежни трансакции во готовина
2. Безготовински платежни трансакции
При вршењето на платежни трансакции во земјата, ќе Ви бидат потребни и следните информации:
Општа понуда за извршување на еднократнa платежнa трансакција
Општа понуда за извршување на еднократнa платежнa трансакција
Надоместоци за платежни трансакции во земјата
Проверете ја тарифата на надоместоци за платежни трансакции во земјата на следниот линк: