Годишно акционерско собрание 2025 година
Врз основа на член 49 и член 50 од Статутот на Комерцијална банка АД Скопје, Управниот одбор на
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА
П О В И К
за учество на Годишно собрание на Банката
Годишното собрание на Комерцијална банка АД Скопје ќе се одржи на 03.04.2025 година (четврток), со почеток во 12:00 часот, на ул. Васил Иљоски бр. 1, (зграда КБ2, сала на IV кат).
Имајќи го предвид досегашното позитивно искуство на успешно одржување на Годишното собрание на Банката со писмена кореспонденција и/или со електронско гласање, се повикуваат акционерите и оваа година да учествуваат и да гласаат на Собранието со писмена кореспонденција и/или со електронско гласање, по следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Согласно Предлог-одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка до 31.12.2024 година, донесена на седницата на Надзорниот одбор на Банката одржана на 26.02.2025 година, предложениот износ на дивиденда за 1 обична акција изнесува 1.250,00 денари, односно 125 % во однос на нивната номинална вредност од 1.000,00 денари.
Се предлага следниот дивиденден календар:
Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2024 година е 16.04.2025 година.
Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2024 година е 17.04.2025 година.
Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда за 2024 година е 22.04.2025 година.
Исплатата на дивиденда за 2024 година ќе започне на 07.05.2025 година.
Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред, согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.
Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговски друштва.
Согласно Законот за трговски друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број акции со право на глас, имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред.
Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во дневниот ред, предлози на одлуки и прашања најдоцна до 10.03.2025 година. Предлогот, заедно со документите за идентификација, мора да биде примен во Комерцијална банка АД Скопје најдоцна до 10.03.2025 година, до 16:00 часот. Подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.kb.mk.
Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, да гласа по пат на кореспонденција или по електронски пат, за што е должен да ја извести Банката по писмен пат или електронски. Податоци за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.kb.mk
Акционерите можат да гласаат со кореспонденција, со испраќање пополнет образец кој во оригинал мора да биде примен во Банката најдоцна на 02.04.2025 година, до 16:00 часот. Заедно со образецот за гласање акционерот е должен да достави и документација за утврдување на идентитетот или лично да ја даде документацијата на увид. Обрасците за гласање со кореспонденција и дополнителни информации за начинот на пополнување и идентификацијата на акционерите се достапни на интернет-страницата на Банката www.kb.mk.
Акционерите кои имаат подигнато или ќе подигнат документација за електронска регистрација за електронско гласање на Собранието, можат да гласаат со испраќање пополнет образец за гласање по електронски пат. Документација за електронска регистрација за електронско гласање акционерите може да подигнат во Дирекцијата за управување и информирање од денот на објавата на Повикот, со презентирање документација за утврдување на идентитетот на акционерот. Акционерите можат електронски да гласаат во периодот од 17.03.2025 година, од 12:00 часот, до 01.04.2025 година, до 12:00 часот. Обрасците за гласање по електронски пат се достапни на интернет-страницата на Банката www.kb.mk.
Материјалите за Собранието на Банката и дополнителни информации согласно Законот за трговски друштва, им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во седиштето на Банката на ул. Васил Иљоски бр. 3, во Дирекцијата за управување и информирање, соба бр. 307 (III кат, зграда КБ1), на интернет-страницата на Банката www.kb.mk и на интернет-страницата на Македонската берза за хартии од вредност www.mse.mk.
УПРАВЕН ОДБОР НА БАНКАТА
Дополнителни информации