ИНКОТЕРМС 2020 КАЛКУЛАТОР
Во услови на глобализација проследена со современи и напредни начини на транспорт, технологија и системи на комуникација се повеќе се поместуваат границите помеѓу купувачот и продавачот, овозможувајќи им пристап до пазари ширум светот. Меѓународната трговија постојано им наметнува прашања на купувачот и продавачот:
- Каде да се испорача стоката?
- Кој го презема ризикот и до кое место?
- Кој го плаќа превозот?
- Кој го плаќа осигурувањето?
- Кој ги презема трошоците за царинење?
Одговорот на наведените прашања го даваат Инкотермс правилата. Составени од три букви, 11-те правила Инкотермс 2020 јасно ги опишуваат обврските, трошоците и ризиците поврзани со испораката на стоката од продавачот до купувачот.
Искористете ја Инкотермс алатката за да го одберете Инкотермс 2020 правилото кое најдобро одговара на Вашите потреби.
Искористете ја Инкотермс алатката за да го одберете Инкотермс 2020 правилото кое најдобро одговара на Вашите потреби.