Девизното штедење Ви овозможува истовремено и да добивате принос од камата и да поседувате странска валута.

Девизното штедење во Комерцијална банка е овозможено во следните валути: евро (EUR), американски долар (USD), британска фунта стерлинг (GBP), канадски долар (CAD) и австралиски долар (AUD).

Преку производите на Комерцијална банка за девизно штедење добивате стабилна камата во период што самите ќе го одредите.

Со можноста за вложување и повлекување колку сакате и кога сакате, имате постојан пристап до парите.

По Ваш избор, за штедниот влог може да добиете штедна книшка во која се впишуваат уплатите, исплатите, состојбата и пресметаните камати, или штедењето да биде без штедна книшка,  со отворање паричен депозит, при што уплатите, исплатите, состојбата и пресметаните камати ќе ги следите преку Извештај за паричен депозит, достапен на шалтерите на Банката и преку Интернет банка или мБанка.

Изборот на моделот на девизно штедење го правите согласно Вашите потреби. Информирајте се и одберете го моделот кој најмногу ќе Ви одговара:

Секој граѓанин кој сака да штеди може својата заштеда да ја вложи во Комерцијална банка. По избор на клиентот, за штедниот влог може да добие штедна книшка во која се впишуваат уплатите, исплатите, состојбата и пресметаните камати, или штедењето да биде без штедна книшка и да се следи преку Интернет банка или мБанка (паричен депозит).

Отворање штеден производ

Отворањето штеден производ се врши со лична карта или пасош за домашни лица и со пасош за странски лица, во сите филијали и експозитури на Банката.

Постои можност со депозитот да управува и овластено лице. Овластувањето се врши на шалтерите на Банката, во присуство на двете страни - сопственикот на сметката и лицето кое се овластува.

Лицата кои се наоѓаат во странство можат да издадат овластување на друго лице. За подетални информации потребно е да се обратите на stedenje@kb.mk.

Каматни стапки

Каматните стапки на секој од моделите на девизно штедење Ви нудат одличен прилив на средства додека Вашите пари се чуваат на сигурно место. Каматите се зголемуваат зависно од периодот на орочување и истите се пропишани со деловната политика на Банката.

Банката нуди депозити со фиксни каматни стапки, кои се непроменливи во рокот на орочување, и депозити со променлива каматна стапка, кај кои каматната стапка може да се смени во рокот на орочување, но согласно однапред дефинирани економски показатели.

Банката нуди променливи каматни стапки за влогови во валута ЕУР, но само за договори склучени во периодот од 01.10.2017 до 30.09.2019 г. Кај штедните влогови кои се со променлива каматна стапка, нејзината висина зависи од висината на Референтната каматна стапка - ЕУРИБОР за евра и корективната компонента утврдена од страна на Банката. Овие елемeнти се пропишани во дoговорите за штедни влогови што ги склучувате со Банката.

Во овој момент Референтната каматна стапка за евра изнесува 2,863 %. Доколку референтната стапка има негативна вредност, во пресметката на номиналната каматна стапка истата ќе се зема со вредност 0,00.

Осигурување на депозитите

Вкупните депозити на депонентите во Банката се осигурени во Фондот за осигурување на депозити. Фондот ги обештетува вкупните депозити по депонент (ЕМБГ), но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра во една банка, филијала на странска банка или штедилница, пресметана по среден курс на НБРСМ. Во наведениот износ се пресметува главнината на депозитот, пресметаната и припишаната камата, како и непристигнатата камата до денот на конечноста на решението. Ако Вашиот депозит го надминува законско пропишаниот максимум, тој дел од износот кој го надминува тој максимум, имате законско право да го барате од стечајната маса на банката.

Општи услови за штедење

Општи услови за парични депозити

Како да штедам во Комерцијална банка АД Скопје?

Штедењето може да биде со штедна книшка или без штедна книшка, со отворање паричен депозит. Пред да се отвори денарска или девизена штедна книшка или паричен депозит, задолжително на клиентот му се отвора  платежна сметка во денари или платежна сметка во девизи, доколку истиот ја нема. Отворањето на сметка и штеден влог може да се направи на сите благајни или во експозитурите или филијалите на Банката.

Која е разликата помеѓу штедење по видување и орочено штедење?

  • Штедење по видување обично се применува доколку клиентот сака да има во секој момент средства на користење за трошење, за префрлање на други лица или за разни плаќања.
  • Средствата се орочуваат доколку клиентот има намера да штеди, а по однос на рокот на штедење може да одлучи според потребата кога сака да го добие износот од камата по истекот на рокот.

Дали можам да располагам со моите пари (да ги користам) додека штедам?

Орочените средства можат да се подигнат и пред истекот на рокот на орочување - целосно или делумно, но на подигнатиот износ се пресметува камата по каматна стапка како на штеден влог (паричен депозит) по видување.

Што да направам ако ја изгубам или оштетам мојата штедна книшка?

Загубена книшка се огласува за неважечка и се издава нова книшка. За искината или уништена книшка, Банката на клиентот му издава нова книшка.