Отворање детски штеден депозит „Верверичка“
Детскиот штеден производ „Верверичка“ се отвора на име на детето, а со средствата може да управува законскиот застапник кој е назначен за штеден производ (да вложува и да повлекува средства). Со средствата може да управуваат еден или два родитела.
За отворање штеден производ е дозволено присуството на еден родител и Извод од книгата на родени за детето.
Отворањето на „Верверичка“ се врши со лична карта за домашни лица и со пасош за странски лица, во сите експозитури и филијали на Банката.
Детското штедење „Верверичка“ е штедење наменето за деца до 18 години. Кога детето ќе наполни 18 години, потребно е штедачот (детето) да дојде во експозитурите на Банката за да отвори редовен штеден производ.
Каматни стапки
Каматните стапки на секој од моделите на денарско и девизно штедење Ви нудат одличен прилив на средства додека Вашите пари се чуваат на сигурно место. Каматите се зголемуваат зависно од периодот на орочување и истите се пропишани со деловната политика на Банката.
Банката нуди депозити со фиксни каматни стапки, кои се непроменливи во рокот на орочување, и депозити со променливи каматни стапки, кај кои каматната стапка може да се смени во рокот на орочување, но согласно однапред дефинирани економски показатели.
Банката нуди променливи каматни стапки за влогови во валута ЕУР, но само за договори склучени во периодот од 01.10.2017 до 30.09.2019 г. Кај штедните влогови кои се со променлива каматна стапка, нејзината висина зависи од висината на Референтните каматни стапки (за денари и евра) и корективната компонента утврдена од страна на Банката. Овие елемeнти се пропишани во дoговорите за штедни влогови што ги склучувате со Банката.
Во овој момент Референтната каматна стапка за денари изнесува 2,72 %.i Како Референтна каматна стапка се користи стапката што е објавена и достапна на веб - страницата на НБРСМ (www.nbrm.mk) под називот „каматна стапка на денарски депозити без валутна клаузула". Банката на својата веб страница редовно ќе ја објавува важечка референтна каматна стапка.
Во овој момент Референтната каматна стапка ЕУРИБОР за евра изнесува 1,9290 %. Доколку референтната стапка за евра има негативна вредност, во пресметката на номиналната каматна стапка истата ќе се зема со вредност 0,00.
Осигурување на депозитите
Вкупните депозити на депонентите во Банката се осигурени во Фондот за осигурување на депозити. Фондот ги обештетува вкупните депозити по депонент (ЕМБГ), но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра во една банка, филијала на странска банка или штедилница, пресметана по среден курс на НБРСМ. Во наведениот износ се пресметува главнината на депозитот, пресметаната и припишаната камата, како и непристигнатата камата до денот на конечноста на решението. Ако Вашиот депозит го надминува законско пропишаниот максимум, тој дел од износoт кој го надминува тој максимум, имате законско право да го барате од стечајната маса на банката.
Општи услови за штедење