Кредитно-гарантна шема од Гарантен фонд преку Развојна банка на Северна Македонија (РБСМ)

Гарантниот фонд преку РБСМ овозможува обезбедување на гаранции за одобрување на кредити на микро, мали и средни претпријатија. Целта на Гарантниот фонд е со обезбедување на дел од колатералот за кредитите да се придонесе кон зголемување на понудата на поволни кредити за компаниите во земјата.

Во Гарантниот фонд се вклучуваат:

  • Кредити за обртни средства
  • Кредити за основни средства

Зошто 
кредитно-гарантна шема?

  • Можност за гарантирање до 80% од износот на кредит за обртни средства за корисници на кредити класифицирани во А просечна ризична категорија или кои немаат обврски кон банките согласно податоците од кредитниот регистар НБРСМ
  • Можност за гарантирање до 50% од износот на кредит за основни средства за корисници на кредити класифицирани во А просечна ризична категорија или кои немаат обврски кон банките согласно податоците од кредитниот регистар на НБРСМ
  • Можност за гарантирање до 35% од износот на кредит за основни или обртни средства за корисници на кредити класифицирани во Б просечна ризична категорија или кои немаат обврски кон банките согласно податоците од кредитниот регистар на НБРСМ
  • Каматна стапка не повисока од 6,50% годишно, декурзивно
  • Максимален износ на кредит од 30.750.000 денари
  • Рок на враќање до 8 години за кредит за основни средства и до 3 години за кредит за обртни средства
  • Можност за грејс период до 1 година

За кого е наменета оваа кредитно-гарантна шема?

Микро, мали и средни трговци регистрирани согласно Законот за ТД:

  • со седиште во Република Северна Македонија,
  • најмалку 51% во приватна сопственост,
  • кои се класифицирани во категорија А или Б ризична категорија (просечна ризичност) согласно податоците од последниот достапен кредитен регистар на Народната банка на Република Северна Македонија или немаат кредитна изложеност
  • кои не се со основна дејност во тековната состојба лизинг, финансиски услуги, игри на среќа и производство на тутун, дрога и други опојни средства, производство и дистрибуција на оружје или воена опрема и трговија со недвижности и
  • кои немаат аплицирано и примено друг кредит покриен со оваа гарантна шема

Поважни информации

Максимален износ на кредит

  • 30.750.000 денари

Рок на отплата

Максимален рок на враќање:

  • До 8 години за основни средства
  • До 3 години за обртни средства

Грејс период

  • До 1 година

Каматна стапка

  • Во зависност од утврдената кредитна способност на кредитобарателот и понуденото обезбедување, но не повисока од 6,50% годишно

Провизии

  • редовни провизии за одобрување согласно Тарифата на банката во зависност од рокот на враќање на кредитот и
  • провизија од 1,2% годишно на гарантираниот износ на кредитите почнувајќи од 01.01.2026 година. 

Обезбедување

  • меница од корисникот на кредит авалирана од еден или повеќе сопственици кои располагаат најмалку со 10 % од основната главница на корисникот на кредит со менична изјава, во која се уредени правата и обврските по основ на меница во форма на извршна исправа или солемнизиран договор за кредит пред нотар со договор за пристапување на долг на еден или повеќе сопственици кои располагаат најмалку со 10% од основната главнина на корисникот на кредит исто така солемнизиран кај нотар
  • други инструменти за обезбедување согласно оцена на Банката (хипотека на недвижен имот, залог на подвижни предмети и сл.)
  • Барањето за кредит треба да ги содржи следните елементи:
    • Полн назив на претпријатието;
    • Адреса на претпријатието;
    • Основачи и органи на управување;
    • Доколку основачите се основачи во други друштва, да се наведат друштвата и процентот на учество во капиталот на друштвото;
    • Управување во други друштва;
    • Шифра на дејност;
    • Матичен број;
    • Број на жиро-сметка/сметки;
    • Деловна банка/банки;
    • Намена и износ на бараниот кредит со образложение;
    • Основна дејност;
    • Организациона поставеност;
    • Број на вработени и квалификациона структура;
    • Техничко-технолошка опременост и искористеност на капацитетите;
    • Асортиман на производство прикажан во физички и во вредносен обем;
    • Склучени договори за работа;
    • Спецификација на поголеми купувачи и добавувачи;
    • Извештај за состојбата на залихите;
    • Задолженост во други банки и финансиски организации;
    • Преземени идни обврски (акредитиви, гаранции и сл.);
    • Опис на понуденото обезбедување;
    • Извори на отплата (CASH FLOW);
    • Склучени извозни договори и очекувани девизни приливи по извршен извоз;
    • План на девизни приливи и одливи.


За долгорочните кредити е потребно доставување инвестициона програма со финансиски предвидувања за периодот на отплата на кредитот.

  • Копии од решението за регистрација на друштвотo со сите прилози,i Само за клиенти кои немаат отворено трансакциска сметка во Комерцијална банка. 
  • Картон за депонирани потписи заверени од матичната банка,i Само за клиенти кои немаат отворено трансакциска сметка во Комерцијална банка. 
  • Известување за претежна дејност на друштвото,i Само за клиенти кои немаат отворено трансакциска сметка во Комерцијална банка. 
  • Промет на денарски и девизни сметки на комитентот во други банки,
  • Завршни сметки за последните 2 години и периодична пресметка (за потребите на Банката),
  • Девизен биланс – структура на побарувања и обврски од странство прикажани по валути и рокови на доспевање за наплата, односно плаќање,
  • Ревизорски извештаи за друштва кои се законски обврзани да изготвуваат вакви извештаи,
  • Список на целокупниот имот со кој располага барателот на кредит (недвижен и подвижен), потпишан од барателот,
  • Доказ за сопственост на понуденото обезбедување:
    • Имотен лист за недвижен имот,
    • Фактури, УЦД за залог на подвижен имот.

Контакт

Телефон: (02) 3168-574(02) 3168-575

e-пошта: corporatecredit@kb.mk