Форфетирање

Форфетирањето е купување со дисконтирање на побарувања по акредитиви со одложено плаќање кои доспеваат на некоја идна дата и произлегуваат од испорака на стоки и услуги. Со форфетирањето, Вашиот извоз со одложено плаќање се трансформира во готовинска трансакција, Вашиот производ е конкурентен на светскиот пазар со овозможување извоз на одложено плаќање кое е 100% финансирано од Банката. Исто така, форфетирањето овозможува прилив на ликвидни средства за континуирано производство за извоз.

Банката врши форфетирање на побарувања на трговски друштва - извозници по лоро акредитиви отворени во нивна корист, по кои Банката е известувачка банка со клаузула за одложено плаќање.

Дисконтна стапка за купување на побарувања од комитенти извозници (форфетирање) во висина на ЕУРИБОР стапката до најблискиот период на дисконтирање за валута ЕУР + 4,0 процентни поени.

Лице за контакт

Александар Шапкаров

Раководител на одделение за девизни кредити и позадински работи
Телефон: (02) 3168-620
e-пошта: aleksandar.shapkarov@kb.mk