Видови осигурителни полиси
Преку мрежата на Комерцијална банка можете да ги добиете полисите обезбедени преку нашите партнери:
МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје - ВИГ:
- хипотекарна полиса,
- осигурување на домаќинство.
Триглав Oсигурување АД Скопје:
Триглав Oсигурување Живот АД Скопје:
Хипотекарна полиса
Служи за осигурување стан или куќа од основни ризици додека објектот е под залог поврзан со кредит од Комерцијална банка. Овие полиси се посебно креирани за корисници на кредит во Комерцијална банка и имаат специјална цена. Полисата се склучува само еднаш и трае до исплата на кредитот, односно нема потреба да ја обновуваш на годишно ниво.
Со хипотекарната полиса отворена преку Комерцијална банка ги намалуваш трошоците за станбен кредит, а целата постапка ја вршиш на едно место и во рамки на кредитната документација.
Осигурување на домаќинство
Широко покритие од ризици за твојот дом: пожар, поплава, провална кражба, удар од гром, експлозија, демонстрации, одговорност спрема трети лица, земјотрес, лизгање на земјиште итн. Износот за осигурување е симболичен, а те штити од огромни штети во случај на непогода или друг осигурен настан.
Полисите за осигурување на домаќинство се склучуваат на една година, а согласно твоите потреби може да одбереш покритие кое најмногу ќе ти одговара од полисите кои следуваат:
- Економична полиса,
- Проширена полиса,
- Проширена плус полиса,
- Специјална полиса.
Патничко осигурување
При патување во странство те штити од трошоци за здравствено лекување при ненадејна болест и незгода, транспорт во матичната земја или трошоци за купување неопходни работи заради авионско доцнење на багаж повеќе од 20 часа.
Одредени земји, како, на пример, оние од Европската Унија, задолжително бараат патничко осигурување при влез во земјата.
Каско-осигурување на моторни возила
Со полисата за каско-осигурување добиваш најшироко покритие од ризици за твоето возило, а до одредено ограничување е покриен и багажот кај патничките моторни возила.
Каско-осигурувањето ги отстранува сите твои грижи. Со оваа полиса го осигуруваш твојот автомобил од штети при: сообраќајна незгода, паѓање или удар со предмет, пожар, ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство, удар на гром, експлозија, луња, град, снежна лавина, поплава, порој и високи води, паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстрации, кражба и разбојништво во цела Европа, злонамерни постапки и обештетување на трети лица, оштетување на тапацир при давање помош на лица повредени во сообраќајна незгода, намерно предизвикана штета на возилото за да се спречи дополнително и поголемо оштетување на автомобилот, но и на други предмети или лица.
Автоодговорност
Осигурувањето од автомобилска одговорност е задолжителен вид осигурување, неопходно за да се вклучи возилото во сообраќај. Со оваа задолжителна полиса се осигуруваш од одговорност за штети кои си ги причинил на трети лица, а дополнително може да ги осигураш и стаклата на твоето возило.
Износот на годишната премија зависи од видот на моторното возило. Полисата може да ја набавиш уште при самата уплата на средства за купување на возилото – и да ја намалиш потребата од повторна посета на шалтери.
Зелена карта
Зелената карта служи за заштита на осигуреникот во случај на сообраќајна незгода во странство, доколку тој е причинителот. Валидноста на Зелената карта е поврзана со трајноста на полисата за автоодговорност и може да се извади само од иста осигурителна компанија од каде што е и таа полиса.
Осигурување при неможност за отплата на кредит
Осигурувањето при неможност за отплата преку Триглав Осигурување АД Скопје е овозможено за обезбедување на потрошувачкиот кредит до 30.000 евра, потрошувачки кредит до 2.000.000 денари и на СМАРТ кредитот преку картичка. Осигурените ризици се: престанок на работен однос, привремена спреченост за работа (боледување) поради незгода или болест подолго од 30 дена, траен инвалидитет кој изнесува повеќе од 50% и што ќе настапи како последица на несреќен случај (незгода) и смрт како последица на несреќен случај (незгода).
Животно осигурување
Полисата за животно осигурување обезбедува отплата на кредитот во случај на смрт на кредитобарателот од страна на осигурителната компанија. Покрај кредитобарателот како прво осигурено лице, со полисата за животно осигурување постои можност да се осигура и второ лице кое може да биде ко-кредитобарател или едноставно член на потесно семејство. Како опција за обезбедување е достапна за потрошувачкиот кредит до 30.000 евра, потрошувачки кредит до 2.000.000 денари, потрошувачкиот кредит за пензионери, хипотекарен кредит и за станбениот кредит. Осигурените ризици се: смрт како последица на несреќен случај (незгода) и смрт како последица на болест (вклучено и покритие во случај на смрт како последица на Covid-19).
Инвестициско осигурување на живот
Инвестициско осигурување на живот е осигурителен производ кој претставува комбинација помеѓу животно осигурување и инвестирање во удели на инвестициски фонд.
Банката ти нуди полиса за Инвестициско осигурување на живот, која истовремено вклучува животно осигурување во Триглав Осигурување Живот АД Скопје и можност за заработка со инвестирање во удели во инвестицискиот фонд КБ Публикум - Балансиран.
Во зависност од твоите можности и очекувања, можеш да избереш опција која најмногу ти одговара:
- Инвестициско ризико осигурување - најголем дел од премијата се инвестира во КБ Публикум - Балансиран, а со остатокот добиваш полиса за Ризико животно осигурување од Триглав Осигурување Живот АД Скопје. При доживување на истекот на осигурителната полиса на осигуреникот му се исплаќа вредноста на инвестициската сметка со целиот остварен принос во текот на важењето на полисата. Во случај на смрт на осигуреникот, на неговите наследници им се исплаќа загарантираната сума од полисата заедно со вредноста на инвестициското портфолио во моментот кога настанала смртта на осигуреникот.
Премијата може да се плати еднократно, на почеток на осигурувањето, или со повеќекратни уплати во текот на траењето на полисата (месечни, квартални, полугодишни или годишни).
- Инвестициско осигурување на живот со двојно осигурена сума во случај на смрт, со повеќекратна уплата на премија - сам го дефинираш соодносот на премијата (од 30% до 70%), односно колкав дел ќе инвестираш во КБ Публикум – Балансиран, а колкав дел од премијата ќе уплаќаш за класично животно осигурување. При доживување на истекот на полисата, на осигуреникот му се исплаќа загарантираната осигурена сума за доживување наведена на полисата заедно со вредноста на инвестициската сметка со целиот остварен принос во периодот на траење на полисата. Во случај на смрт на осигуреникот, на наследниците им се исплаќа двојна осигурена сума во случај на смрт која е наведена на полисата заедно со вредноста на инвестициското портфолио.
Кај полисите со повеќекратни уплати на премија, осигуреникот има можност да вклучи и дополнително осигурување од несреќен случај – незгода и осигурување од тешки болести и повреди.
Постапка во еден чекор
За повеќе информации и за да купиш осигурителна полиса, потребно е само да ги посетиш експозитурите и филијалите во кои имаме лиценцирани вработени за оваа услуга и кои ќе ти помогнат да ја одбереш најповолната полиса за тебе.
Потребно е само да ја приложиш соодветната документација, зависно од полисата, и важечки документ за лична идентификација.
Регистар на застапници во осигурување – Комерцијална банка АД Скопје
Контакт