Sustainable Reboot Programme for SMEs in the Western Balkans - Програма за одржливо рестартирање на МСП финансирана од ЕБОР со бесплатна техничка поддршка и исплата на 15 % грант финансиски поддржан од Норвешка, Луксембург и САД

Комерцијална банка АД Скопје со потпишувањето на Договорот за заем за одржливо рестартирање на МСП се вклучи во Sustainable Reboot Programme for SMEs in the Western Balkans - Програмата за одржливо рестартирање на мали и средни претпријатија која е основана од страна на Европска Банка за Обнова и Развој (ЕБОР). Целта на програмата е да помогне во финансирањето на инвестициите во микро, мали и средните претпријатија во Република Северна Македонија. Ова ќе помогне за подобрување на нивната конкурентост и усогласеност со техничките стандарди на ЕУ и другите меѓународно признати стандарди.

Најмалку 70 % од поддршката преку оваа Програма ќе бидат алоцирани за инвестиции во заштеда на енергија и зелени технологии, додека останатиот дел е за поддршка на инвестиции во автоматизација, зголемување на продуктивноста, квалитетот и безбедноста на производите.

Средствата од оваа Програма исто така ќе им помогнат на малите бизниси да инвестираат во современи технологии и да се опорават од негативните ефекти предизвикани од Ковид -19 пандемијата. 

Крајни корисници се домашни компании од приватниот сектор со  најмногу до 249 лица и кои имаат годишен обрт до 50 милиони евра или вкупна актива до 43 милиони евра, вклучително и трговци поединци и физички лица - самостојни вршители на дејност согласно законот на Република Северна Македонија.

Максимален износ на финансирање на еден кредитокорисник е до 1 милион евра (за еден или повеќе под-кредити).

Намената на средствата е исклучиво за основни средства, како и за делот од обртни средства кои се сметаат за дел од трошоците на инвестицијата без вклучен ДДВ. Ова значи дека под-кредитот може да се користи за воведување иновативни процеси во компанијата, како вложувања во индустриски постројки, нова опрема, софтвер, подобрување на системите за управување кај претпријатијата и/или секакво подобрување во насока на усогласеност со директивите на ЕУ во полето на заштита на животната средина, безбедност на работниците, квалитет и безбедност при производство.

Придобивки за кредитокорисниците: по успешна имплементација и верификација на инвестицискиот потпроект, кредитокорисникот е подобен за исплата на стимулација во висина од 15 % од пониската вредност од 1. Искористениот износ од под-кредитот или 2. Трошоците на инвестицијата за потпроектот без вклучен ДДВ, како и бесплатна техничка помош при подготовка и оптимализација на потпроектите од технолошки и финансиски аспект. Стимулацијата и бесплатната техничка поддршка понудени во рамки на оваа Програма се финансирани од донаторите Норвешка, Луксембург и САД, како и од други донатори кои се очекува да учествуваат во финансиската поддршка.

Одобрување

По поднесување на барањето за под-кредит, Банката прави формален преглед дали е документацијата комплетна. Доколку документацијата е комплетна, барањето се обработува, при што се оценува бонитетот на барателот и планираната зделка за која се наменети средствата.

Информациите за клиентот подносител на барањето за под-кредит, Банката ги обезбедува од самиот клиент и од сопствени извори.

Клиентот во разумен рок, со известување, е информиран дали бараниот под-кредит е прифатлив за финансирање или не.

  •  Барањето за кредит треба да ги содржи следните елементи:
    • Полн назив на претпријатието;
    • Адреса на претпријатието;
    • Основачи и органи на управување;
    • Доколку основачите се основачи во други друштва, да се наведат друштвата и процентот на учество во капиталот на друштвото;
    • Управување во други друштва;
    • Шифра на дејност;
    • Матичен број;
    • Број на жиро-сметка/сметки;
    • Деловна банка/банки;
    • Намена и износ на бараниот кредит со образложение;
    • Основна дејност;
    • Организациона поставеност;
    • Број на вработени и квалификациона структура;
    • Техничко-технолошка опременост и искористеност на капацитетите;
    • Асортиман на производство прикажан во физички и во вредносен обем;
    • Склучени договори за работа;
    • Спецификација на поголеми купувачи и добавувачи;
    • Извештај за состојбата на залихите;
    • Задолженост во други банки и финансиски организации;
    • Преземени идни обврски (акредитиви, гаранции и сл.);
    • Опис на понуденото обезбедување;
    • Извори на отплата (CASH FLOW);
    • Склучени извозни договори и очекувани девизни приливи по извршен извоз;
    • План на девизни приливи и одливи.


За долгорочните кредити е потребно доставување инвестициона програма со финансиски превидувања за периодот на отплата на кредитот.

  • Копии од решението за регистрација на друштвото со сите прилози, i Само за клиенти кои немаат отворено трансакциска сметка во Комерцијална банка 
  • Картон за депонирани потписи заверени од матичната банка, i Само за клиенти кои немаат отворено трансакциска сметка во Комерцијална банка 
  • Известување за претежна дејност на друштвото, i Само за клиенти кои немаат отворено трансакциска сметка во Комерцијална банка 
  • Промет на денарски и девизни сметки на комитентот во други банки,
  • Завршни сметки за последните 2 години и периодична пресметка (за потребите на Банката),
  • Девизен биланс – структура на побарувања и обврски од странство прикажани по валути и рокови на доспевање за наплата, односно плаќање,
  • Ревизорски извештаи за друштва кои се законски обврзани да изготвуваат вакви извештаи,
  • Список на целокупниот имот со кој располага барателот на кредит (недвижен и повижен), потпишан од барателот,
  • Доказ за сопственост на понуденото обезбедување:
    • Имотен лист за недвижен имот,
    • Фактури, УЦД за залог на подвижен имот.

Контакт

Телефон: (02) 3168-574; (02) 3168-575

e-пошта: corporatecredit@kb.mk