Со отворање платежна сметка во девизи во Комерцијална банка, клиентот може да врши наплати, плаќања и други активности од платниот промет со странство, како и да ги користи услугите поврзани со документарното работење, девизните гаранции и сл., согласно законските и подзаконските прописи кои го регулираат девизното работење.
Платежните сметки во девизи во Комерцијална банка се повеќевалутни и приспособени на потребите на клиентите и нудат можност за користење на сите финансиски услуги кои Банката ги нуди во платежните услуги со странство. Зависно од резидентниот статус на правното лице, платежните сметки може да бидат резидентни и нерезидентни.
Резиденти се домашни правни лица со седиште во Република Северна Македонија, подружници на странски правни друштва запишани во Трговскиот регистар во Република Северна Македонија и јавни претпријатија кои самостојно се финансираат, како и непрофитни институции кои третман на правно лице добиваат по други закони освен по Законот за трговски друштва. Претставништвата на домашните правни лица во странство имаат статус на резиденти.
Нерезиденти се правни лица регистрирани во странство, хуманитарни организации со седиште во странство, како и дипломатските и конзуларните претставништва и претставништва на меѓународни организации акредитирани во Република Северна Македонија. Подружниците на домашните правни лица регистрирани во странство имаат статус на нерезидент.
Платежна сметка во девизи за резиденти - домашни правни лица
Наведените формулари е потребно да ги доставите пополнети во Централата на Банката во Скопје во Одделението за отворање сметки или во една од нашите филијали и експозитури со шалтери наменети за работа со правни лица секој работен ден, од понеделник до петок, во периодот од 08:00 до 16:00 часот.
Напомена: за физичките лица кои ќе се појават во својство на потписници на сметка, управител/и, основач/и или вистински сопственик, потребно е да се приложи следниот формулар:
Контакт
Сметки за нерезиденти - странски правни лица
Отворањето платежна сметка на странски правни лица - нерезиденти се врши само во Централата и филијалите на Банката, со приложување на следниве формулари:
Отворањето и водењето на платежната сметка во девизи за нерезиденти Банката го врши во согласност со законската и подзаконската регулатива и општите услови за отворање и водење на платежна сметка и за вршење на платежни услуги за правни лица. Од 01.03.2025 г. се применуваат следните општи услови за отворање и водење на платежна сметка и за вршење на платежни услуги за правни лица.
Контакт
Надоместоци
Проверете ја тарифата на надоместоци за платежни сметки за правни лица на следниот линк:
Платежни услуги со странство
Повеќе