Старателски работи
над хартии од вредност

За оптимизирање на вашите инвестиции ви овозможуваме комплетни и ефикасни услуги како банка-чувар на вашите хартии од вредност. Нашите клиенти ги уживаат привилегиите на извршување, порамнување и плаќање на трансакциите преку еден контакт, заштита на портфолиото и континуирано добивање пазарни информации.   

Во своето работење како старателска банка, Комерцијална банка применува високи стандарди користејќи софистицирани софтверски програми и комуникација со SWIFT пораки со цел да ги задоволи потребите на различни категории клиенти.

Зошто да ги изберете
старателските работи на
Комерцијална банка?

  • Примена на високи стандарди базирани на софистицирани софтверски решенија и комуникација со SWIFT MT
  • Извршување, порамнување и плаќање на трансакциите преку еден контакт
  • Информирање за сите права и привилегии што ви ги носат хартиите од вредност што ги поседувате

Достапни услуги

Комерцијална банка ги нуди следните старателски работи над хартии од вредност:

  • Отворање и водење сметки за хартии од вредност и наменски парични сметки во Централниот депозитар за хартии од вредност и во Банката;
  • Чување и одржување на портфолиото на хартиите од вредност на клиентот;
  • Порамнување трансакции поврзани со тргување со хартии од вредност согласно инструкции од клиентот;
  • Известување за состојбите и промените на сметките за хартии од вредност и наменските парични сметки;
  • Следење и навремено известување за корпоративни настани;
  • Реализација на права кои произлегуваат од сопственоста на хартиите од вредност на клиентот согласно неговите инструкции, како наплата на дивиденди, камата и главница и друг вид приход од хартии од вредност;
  • Услуги на застапување на собранија на акционерски друштва;
  • Известување за новините на пазарот на капитал и измените во законските прописи;
  • Плаќање даночни обврски во име на клиентот кои произлегуваат од сопственоста над хартиите од вредност кои се водат на збирна сметка на Банката;
  • Други активности согласно потребите и барањата на клиентот и согласно законската регулатива и преземените договорни обврски.

Банката наплаќа надоместоци за извршените услуги согласно утврден Тарифник.

Потребна документација

  • Апликација за отворање старателска сметка,
  • Специмен на потписи на овластени лица,
  • Документи за идентификација и регистрирање на клиент, односно негови овластени лица,
  • Други дополнителни документи, зависно од категоријата на клиентот.

Контакт

e-пошта: custody@kb.mk

Телефон: (02) 3168-323; (02) 3168-311; (02) 3168-338