Кредитна линија зa финансирање во зелена енергија (GFF Македонија) на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)

Кредити за финансирање инвестиции на микро, мали и средни претпријатија во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

Зошто оваа кредитна линија?

  • Кредитна поддршка за МСП со атрактивни услови
  • Максимален износ до 1.000.000 ЕУР по корисник
  • Исплата на стимулација
  • Бесплатна техничка помош од страна на консултанти
  • Максимален рок на отплата до 10 години
  • Можност за грејс период до 2 години
  • Индивидуален пристап за секој клиент

За кого е наменета оваа кредитна линија?

Микро, мали и средни претпријатија формирани на територија на РСМ со најмногу до 249 вработени лица и кои имаат годишен обрт до 50 милиони евра или вкупна актива до 43 милиони евра и кои доминантно (над 51%) се во приватна сопственост.

Придобивки за кредитокорисниците: по успешна имплементација и верификација на инвестициските проекти, кредитокорисниците имаат право на исплата на стимулација до 5% за инвестициите за енергетска ефикасност и до 10% за инвестиции за обновливи извори на енергија или за инвестиции кои се комбинација од обновливи извори на енергија и инвестиции за енергетска ефикасност (пресметано на пониската вредност од искористениот износ од под-кредитот или трошоците на инвестицијата за под-проектот - без вклучен ДДВ).

Стимулацијата за враќање на готовина е финансирана од Владата на Република Северна Македонија и Заеднички фонд за целите на одржлив развој, преку Програмата за развој на Обединетите нации.

Поважни информации:

Валута на кредитот

  • ЕУР или МКД со валутна клаузула

Износ на кредитот

  • до 1.000.000 евра по корисник.

Износот на кредит е ограничен максимум до износот на вкупните трошоци на инвестицијата, во кои не е вклучен ДДВ

Рок на отплата

  • минимум 3 години, максимум до 10 години

Грејс период:

  • до 24 месеци

Начин на отплата

  • Квартална

Каматна стапка

  • 3-месечен ЕУРИБОР за евра + 3,35 / 3,85 процентни поени, годишно, декурзивно.

Датум на утврдување на тримесечниот ЕУРИБОР е датум кој паѓа два (2) работни дена пред датумот на плаќање на камата, или датум утврден согласно добиеното известување до Банката од ЕБОР.

Провизии:

  • 0,5 % годишно, еднократен надомест на износот на одобрениот под-кредит за одобрување, администрирање и користење на инвестиционен кредит пред користење на под-кредитот;
  • 0,25 % годишно, однапред и тоа за првата година се пресметува на износот на одобрениот под-кредитот, а за секоја наредна година се пресметува на износот на недостасаната главница.
  • Надомест за ангажирани а нескористени средства од одобрен под-кредит:
    • 0,5 % годишно, на износот на неискористени средства од датумот на склучување на договорот за под-кредит се до датумот на целосно повлекување на средствата од ЕБОР;
  • Надомест за предвремена отплата:
    • 5 % од износот за кој се врши предвремено враќање/затворање на кредитната изложеност, доколку враќањето/затворањето се врши во период до 2 години од датумот на склучување на Договорот за под-кредит од кредитната линија на ЕБОР  за зелено финансирање,
    • 3 % од износот за кој се врши предвремено враќање/затворање на кредитната изложеност, доколку враќањето/затворањето се врши по истек на 2 години од датумот на склучување на Договорот за под-кредит од кредитната линија на ЕБОР  за зелено финансирање.

Одобрување

По поднесување на барањето за кредит, Банката прави формален преглед дали документацијата е комплетна. Доколку документацијата е комплетна, барањето се обработува, при што се оценува бонитетот на барателот и планираната инвестиција за чие што финансирање се наменети средствата.

Клиентот, во разумен рок, со известување ќе биде информиран дали бараниот кредит е одобрен или не.

Обезбедување

За обезбедување на кредитот се користат вообичаени инструменти за обезбедување согласно интерните акти на Банката (хипотека на недвижен имот, залог на подвижни предмети, права и хартии од вредност, меници и други инструменти за обезбедување по оценка на Банката).

 

  • Барањето за кредит треба да ги содржи следните елементи:
    • Полн назив на претпријатието;
    • Адреса на претпријатието;
    • Основачи и органи на управување;
    • Доколку основачите се основачи во други друштва, да се наведат друштвата и процентот на учество во капиталот на друштвото;
    • Управување во други друштва;
    • Шифра на дејност;
    • Матичен број;
    • Број на жиро-сметка/сметки;
    • Деловна банка/банки;
    • Намена и износ на бараниот кредит со образложение;
    • Основна дејност;
    • Организациона поставеност;
    • Број на вработени и квалификациона структура;
    • Техничко-технолошка опременост и искористеност на капацитетите;
    • Асортиман на производство прикажан во физички и во вредносен обем;
    • Склучени договори за работа;
    • Спецификација на поголеми купувачи и добавувачи;
    • Извештај за состојбата на залихите;
    • Задолженост во други банки и финансиски организации;
    • Преземени идни обврски (акредитиви, гаранции и сл.);
    • Опис на понуденото обезбедување;
    • Извори на отплата (CASH FLOW);
    • Склучени извозни договори и очекувани девизни приливи по извршен извоз;
    • План на девизни приливи и одливи.


За долгорочните кредити е потребно доставување инвестициона програма со финансиски предвидувања за периодот на отплата на кредитот.

  • Копии од решението за регистрација на друштвото, со сите прилозиi само за клиенти кои немаат отворено трансакциска сметка во Комерцијална банка. 
  • Картон за депонирани потписи заверени од матичната банка,i само за клиенти кои немаат отворено трансакциска сметка во Комерцијална банка. 
  • Известување за претежна дејност на друштвото,i само за клиенти кои немаат отворено трансакциска сметка во Комерцијална банка. 
  • Промет на денарски и девизни сметки на комитентот во други банки,
  • Завршни сметки за последните 2 години и периодична пресметка (за потребите на Банката),
  • Девизен биланс – структура на побарувања и обврски од странство прикажани по валути и рокови на доспевање за наплата, односно плаќање,
  • Ревизорски извештаи за друштва кои се законски обврзани да изготвуваат вакви извештаи,
  • Список на целокупниот имот со кој располага барателот на кредит (недвижен и подвижен), потпишан од барателот,
  • Доказ за сопственост на понуденото обезбедување:
    • Имотен лист за недвижен имот,
    • Фактури, УЦД за залог на подвижен имот.

Контакт

Телефон:  (02) 3168-574; (02) 3168-575

e-пошта: corporatecredit@kb.mk