На младите светот останува, па затоа младите заслужуваат посебна поддршка. 

За да останат активни, динамични и амбициозни, креиравме посебен пакет за млади кои сè уште не се вработени, а секако имаат потреба од низа финансиски производи и услуги. 

Во Пакетот за млади кои сѐ уште не примаат плата ги вклучивме најдобрите производи и дигитални услуги што ги нуди Комерцијална банка и, најважно од сè, им овозможивме да ги користат целосно БЕЗ НАДОМЕСТОК.

За секој активиран Пакет за млади, Комерцијална банка ќе засади дрво во рамките на најголемата волонтерска иницијатива - Боренка. Полесно е и природата да ја сочуваме заедно!

Вработен си и имаш до 29 години? 

Имаме и за тебе Пакет на производи и дигитални услуги со кој добиваш многу бенефиции и можности за задоволување на твоите потреби и цели.

 

Повеќе

Зошто овој пакет?

  • Платежна сметка во денари и во девизи без надоместок
  • Бесплатна Visa или Mastercard дебитна картичка, Google Pay и Garmin Pay
  • Бесплатно мобилно и електронско банкарство
  • Бесплатни налози за факултетски услуги
  • Многу други поволности

Доколку си на возраст до 29 години* и сè уште не си вработен, односно немаш прилив по основ на редовен работен однос (плата), тогаш ова е вистинскиот Пакет на финансиски производи и услуги за тебе.

 

Поволности вкучени во пакетот: 

  1. Добиваш Платежна сметка во денари и/или во девизи без провизија за одржување сметка.
  2. Бесплатно добиваш дебитна картичка Visa или Mastercard.
  3. Бесплатно користиш електронско банкарство (мБанка и Интернет банка) со вклучена опција за преглед на состојба и вршење кредитни трансфери (плаќања).
  4. Бесплатно вршиш кредитни трансфери (плаќања) за факултетски услуги (такси, испити, партиципација и сл.) со безготовински налози.
  5. Неограничено вршиш интерни кредитни трансфери (плаќања) без надоместок (електронски налози).
  6. Бесплатно користиш Google Pay со Visa картичката и со Mastercard.
  7. Бесплатно користиш Garmin Pay со Mastercard и Visa картички.
  8. Бесплатна активација и користење мТокен.
  9. Плаќаш на пријател преку телефонски именик.
  10. Подели сметка со пријател преку телефонски именик.
  11. Може да вршиш кредитни трансфери (плаќања) за режиски трошоци со траен налог. 
  12. Бесплатно менуваш ПИН на дебитна картичка.
  13. Бесплатнo обновуваш истечена дебитна картичка.
  14. Имаш 3 (три) бесплатни проверки месечно на состојба на сметка преку банкомат.
  15. За секој нов Пакет за млади, Банката како „Зелен поборник" ќе засади дрво во рамките на најголемата волонтерска иницијатива - Боренка.

Овој пакет е постојано во надградба.

Очекувај уште многу други поволности и бенефиции кои ќе ти бидат достапни преку Пакетот за млади!

Важно е да знаеш: По наполнување 30 години, како и при првиот прилив по основ на плата на платежна сметка, престанува можноста за користење на овој пакет, но затоа ти стои на располагање Пакетот за млади кои примаат плата

*За лица на возраст од 16-18 години, барање за користење пакет за млади поднесува и потпишува законскиот застапник.

Како да го добијам пакетот? 

Пакетот за млади без плата се добива со едноставно пополнување на барање.  

За тоа ви нудиме две опции:

Целосно онлајн со електронска идентификација преку OneID. Постапката е едноставна, а можеш да го видиш и видео упатството.

Дебитната картичка ќе биде изготвена за неколку дена и ќе можеш да ја подигнеш во избраната експозитура, а при нејзиното подигнување ќе го активираме и пакетот.

Аплицирај онлајн со OneID

Барањето може да го пополниш и во најблиската експозитура на Банката, при што треба со себе да имаш валиден документ за идентификација – лична карта или пасош.

Пакетот и сите негови поволности се активираат веднаш по потпишувањето на документацијата, а дебитната картичка ќе биде изготвена за неколку дена.