Комерцијална банка АД Скопје е банка со традиција и е клучниот партнер на компаниите и столбот на доверба кај граѓаните во земјава. Одговорноста, транспарентноста, ефикасноста, иновативноста, силната домашна и меѓународна репутација се вредностите кои Комерцијална банка ја прават традиционално прв избор на клиентите.

Комерцијална банка е универзална банка која нуди широк спектар на банкарски услуги, почнувајќи од прибирање депозити, одобрување кредити на правни и на физички лица, издавање банкарски картички, услуги во домашниот и во меѓународниот платен промет, електронско и мобилно банкарство, па сè до активности како посредување во купопродажба на девизи, хартии од вредност, форфетирање и друго.

Најголем број од компаниите во земјава со Комерцијална банка чекорат на патот кон успехот затоа што Банката низ годините на развој создава нови вредности, отвора врски кон светот и изгради високо професионален и стручен тим. Банката подеднакво се грижи и за начинот на кој ги развива и нуди своите производи и услуги за граѓаните, водејќи сметка за етичките стандарди и воспоставување однос на доверба.

Со широката мрежа на експозитури и филијали, распространета на територијата на целата земја, Комерцијална банка на граѓаните и на компаниите им нуди широк спектар на традиционални и дигитални банкарски производи и услуги со цел да одговори на сѐ што е важно за нивните лични и корпоративни финансии. Во функција на извршување брзи и ефикасни меѓународни услуги за своите клиенти, Банката има воспоставено кореспондентски односи со 465 банки во 70 земји во светот.

Во фокусот на Банката се и општествените вредности. Преку континуирана финансиска поддршка на општеството, културата и спортот, Комерцијална банка прави подобар свет и поздрава и почиста средина за живеење за сите.

Историјат

Комерцијална банка ја започнува својата мисија во 1955 година како Комунална банка на град Скопје, специјализирана за штедни влогови на граѓани, станбени кредити за граѓани и претпријатија и за финансирање на општинската изградба. Во 1971 година, трите водечки банки во Социјалистичка Република Македонија - Стопанска банка Скопје, Комерцијално–Инвестициона банка во Скопје и во Битола - се интегрираат во една банка, која работи под името Стопанска банка – Филијала Скопје. Оваа банка прва ги воведува тековните сметки за граѓаните.

Во 1989 година е донесен Законот за банки и други финансиски институции и во 1990 година Банката се трансформира во прво акционерско друштво во земјата, кое го добива сегашното име Комерцијална банка АД Скопје. Комерцијална банка е лидер во воведувањето новини во банкарскиот сектор во земјава. Во 1993 година го инсталира првиот Reuters терминал и го пушта во функција интерниот девизен пазар, прв од таков вид во земјава. Во 1995 година, ја издава првата EuroCard – MasterCard меѓународна кредитна картичка во Македонија, а во 1996 година го постави првиот банкомат. Во 1998 година, со одлука на Управниот одбор на Банката е основано брокерското посредничко друштво КБ-Брокер, прво од таков вид во нашата земја. Акциите издадени од Банката во 2003 година се појавуваат на официјалниот пазар на Македонската берза, а од 2007 година котираат во сегментот на супер котација.

Комерцијална банка заедно со Прва покојнинска дружба од Љубљана во јуни 2005 година го основа КБ Прво пензиско друштво. Во 2009 година, заедно со Публикум Холдинг ДОО Љубљана, Пом-Инвест ДД Марибор и Форлекс С.Р.Л., го основа Друштвото за управување со инвестициони фондови КБ Публикум инвест АД Скопје.

Монографија

Членство во асоцијации

Комерцијална банка АД Скопје е членка на бројни асоцијации и иницијативи од областа на стопанството, банкарството и финансиите.



Македонска банкарска асоцијација

Стопанска комора на Северна Македонија

Американска стопанска комора на Северна Македонија

Делегација на германското стопанство во Северна Македонија

Македонско-руска стопанска комора

АЦИ Македонија - Здружение на финансиски пазари

International Trade and Forfaiting Association

Асоцијација за е-трговија на Македонија
Организација на работодавачи на Македонија