Што сè е потребно за да добијам кредит од Комерцијална банка?
Комерцијална банка одобрува кредити на физички лица кои се државјани на Република Северна Македонија и кои се во редовен работен однос, како и на пензионери кои ја примаат пензијата преку платежна сметка во Банката. Поединечните услови и потребната документација за одобрување на кредит се разликуваат и зависат од видот на кредитот.
Каде можам да поднесам барање за кредит од Комерцијална банка?
Барање за кредит може да се поднесе во Скопје - во Централата на Банката и во филијалите и експозитурите низ државата. Барањето за кредит содржи обрасци кои треба да бидат уредно пополнети и заверени од страна на фирмите во кои се вработени барателите на кредит и жирантите, како и податоци за основната и дополнителната документацијата која треба да се приложи кон барањето за кредит. Корисниците на Интернет банка кои имаат опција за плаќање, може да аплицираат online за еден од потрошувачките кредити кои ги нуди Банката.
Што е тоа жирант?
Жирантот е лице кое гарантира дека корисникот на кредитот ќе ги измирува обврските кон Банката. Доколку корисникот на кредитот не ги измирува обврските кон Банката, ќе бидат активирани инструментите за наплата на побарувањата од жирантот.
Како ќе знам колку пари месечно ќе треба да издвојувам за исплата на кредитот?
- Износот на месечниот ануитет зависи од износот на кредитот, номиналната каматна стапка и рокот на отплата. Пресметката можете да ја извршите брзо и едноставно со помош на кредитниот калкулатор. Откако ќе го изберете кредитот што најмногу одговара на Вашите потреби, внесете ги бараниот износ на кредит и рокот во кој сакате да го вратите, по што ќе го видите износот на месечна отплата.
- Корисниците на кредит при исплата на средствата од одобрениот кредит добиваат Амортизационен план за отплата на кредитот во кој е наведен износот на месечниот ануитет и датумите на доспевање на месечните ануитети.
Дали мора да сум вработен/а за да добијам кредит?
Комерцијална банка одобрува кредити на физички лица кои се државјани на Република Северна Македонија и кои се во редовен работен однос. Лицата кои не се во редовен работен однос може да аплицираат само за кредит обезбеден со залог на денарски или девизен депозит.
Дали висината на кредитот што ќе го добијам ќе зависи од тоа колкава плата земам?
Максималниот износ на кредит зависи од условите кои се дефинирани за секој вид кредит и од кредитоспособноста на клиентот. Максимално дозволениот однос помеѓу износот на месечните примања на кредитобарателот и висината на месечниот ануитет е наведен, поединечно за секој производ, во делот критериуми за одобрување на кредит.