Debit Mastercard дебитната картичка е најлесниот начин да плаќаш каде и да си. Преку единствената сметка за денари и девизи, твоите пари ќе бидат со тебе на милиони продажни места и банкомати насекаде во светот. А конверзијата во странство се врши по најповолен курс!

Купувај на рати без камата, плаќај бесконтактно и користи ја непречено на Интернет.

Зошто Debit Mastercard?

Debit Mastercard
  • Се користи дома, во странство и на интернет
  • Можност за плаќање на 3, 6, 12 или 24 рати, без камата
  • Конверзија по најповолен среден курс при пазарување во странство
  • Без членарина за првата година
  • Без членарина за целиот период со годишен промет над 30.000 денари
  • Можност за дозволено пречекорување до две месечни плати

Секојдневно користење, секојдневни придобивки

Плаќање на рати без камата

Со својата дебитна картичка од Комерцијална банка можеш да плаќаш на 3, 6, 12 или 24 рати без камата на голем број продажни места во нашата земја.

Повеќе

Банкомати без провизија

Преку широката мрежа на банкомати на Комерцијална банка, парите се секогаш близу до тебе, 24 часа на ден, без провизија. Пронајди го најблискиот до тебе.

Повеќе

Смартфонот ти е паричник

Додај ги своите Mastercard картички во Google Wallet и плаќај со твојот смартфон без да ја носиш со себе картичката.

Повеќе

Безбедно користење

Следи ги советите за безбедно користење за уште поголема сигурност и комфор при користењето на картичката.

Повеќе


Debit Mastercard дебитната картичка можеш да ја користиш низ целиот свет и да трошиш толку колку што имаш на својата платежна сметка во денари, а доколку си вработен или пензионер можеш да користиш и дозволено пречекорување.

Прифатена е на милиони локации во светот на кои е истакнат знакот на Mastercard®. Со нејзиното користење твоите пари ќе бидат секогаш со тебе, без да се грижиш за носење готовина, страв од кражба, губење или од фалсификувани банкноти.

Добивање на картичката

Едноставно е. Аплицирај веднаш и ќе те известиме штом ќе биде изработена картичката.

Аплицирај онлајн

Останати предности

  • Една платежна сметка во денари за користење на картичката во земјата и во странство;
  • Овозможува брзо и едноставно бесконтактно плаќање;
  • Овозможува купување преку Интернет;
  • Конверзијата за пазарување во странство се врши по најповолен среден курс;
  • Едноставно следење на состојбата насекаде во светот преку услугите Интернет банка и мБанка;
  • Без членарина во текот на целиот период на користење доколку примате плата или пензија во Банката и немате други дебитни картички;
  • Можност за дополнителни картички за вашите најблиски, со можност за прилагодување на лимитите за секоја од картичките;
  • 24-часовна поддршка за корисниците, насекаде во светот;
  • Тактилна платежна картичка со посебен засек за лесно идентификување само со еден допир.

Услови и надоместоци

Корисници

Корисник на оваа дебитна картичка може да биде секое деловно способно полнолетно лице со статус на резидент.

Годишна членарина
За клиенти со плата или пензија преку Комерцијална банка  без надомест за цело времетраење доколку
клиентот нема други дебитни картички
Основна картичка Дополнителна картичка
За првата година без надомест без надомест
За секоја следна година
  • За годишен промет над 30.000 денари
без надомест без надомест
  • За годишен промет под 30.000 денари
300 денари 180 денари

Надомест за подигнување готовина
На Банката На други банки во земјата На други банки во странство
Од банкомати без надомест 2% мин. 100 денари 2% мин. 200 денари
Од шалтери - 2% мин. 300 денари 2% мин. 300 денари

Дополнителни услуги
3 (ТРИ) ПРОВЕРКИ на сметката во текот на еден месец Без надомест
Проверка на состојба на сметката на дебитна картичка на банкомат,
после 3 (ТРИ) БЕСПЛАТНИ ПРОВЕРКИ на сметката во текот на еден месец
20 денари
Обнова на картичка 150 денари
Промена на ПИН на банкомат 80 денари
Повторно издавање на ПИН кодот 200 денари
Повторно издавање на изгубена, украдена или оштетена картичка 400 денари
Неосновано пријавена рекламација 300 денари
Блокирање на картичка на стоп листа 800 денари
Издавање на картичка во рок од 24 часа 600 денари

Општи услови за платежна сметка и платежни услуги кои важат од 01.01.2025

Барање за картичка

Најчесто поставувани прашања

Која е разликата помеѓу дебитна и кредитна картичка?

Дебитната картичка е поврзана со платежна сметка во денари во Банката и овозможува пристап до средствата од истата и тоа на сопствени средства на сметка зголемени за износот на одобреното пречекорување.

Кредитната картичка овозможува пристап до кредитен лимит кој е одобрен од средства на Банката.

Колку се безбедни моите пари на картичка и на што особено треба да внимавам?

Картичката од Комерцијална банка е безбеден начин да располагаш со своите пари. Комерцијална банка секогаш и дава приоритет токму на безбедноста. Следете ги совети за безбедно користење кои ќе ви помогнат при секојдневното користење на картичките.

Дали сум заштитен од страна на Банката кога користам картичка за плаќање преку интернет?

Со цел највисоко ниво на заштита при плаќање со картичките на интернет, Комерцијална банка има воведено 3DES Secure сиурносен стандард. Овој сигурносен протокол кај Mastercard каричките се применува под името Mastercard SecureCode®, додека кај Visa картичките е познат под името Visa Secure и воедно претставува највисок меѓународен стандард за заштита. За уште поголема заштита, Комерцијална банка има овозможено лимити за онлајн трансакции, кои согласно вашите потреби можете да ги менувате преку Интернет банка, мБанка, Контакт-центарот за картички или на шалтерите на Банката.

Како се добива кредитна картичка од Комерцијална банка?

Проверете ги информациите за сите видови кредитни картички кои ги издава Банката и одберете ја онаа која најмногу одговара на Вашите потреби.

За корисниците на Интернет банка, кои имаат опција за плаќање, овозможено е online аплицирање за кредитната картичка.

Клиентите кои не се корисници на Интернет банка, треба да пополнат барање и заедно со потребната дополнителна документација да го достават до една од нашите експозитури или филијали. Комерцијална банка ќе ве контактира доколку барањето е одобрено.

Колку време се чека за издавање на картичка?

Картичките се издаваат во рок од неколку дена од денот на поднесување на барањето. Доколку картичката Ви е потребна за пократок рок, можете да побарате итно издавање на картичка во рок од 24 часа.

Дали со картичките на Комерцијална банка можам да купувам преку Интернет?

Да, сите кредитни картички издадени од Комерцијална банка можат да се користат за плаќање преку Интернет со исклучок на СМАРТ кредитот преку кредитна картичка кој може да се користи единствено преку банкоматите на Банката и со безготовински пренос на средствата од кредитниот лимит на платежна сметка во денари на клиентот во Банката.

Дали се наплатува провизија при купување или подигнување пари од банкомат / шалтер со картичка?

Банката наплатува провизија само за подигнување на готовина со картичка. Трансакциите во трговија се без провизија. Дополнително, провизија не се наплатува и за подигнување на готовина со дебитни картички за физички лица од банкомати на Комерцијална банка.

Дали со картичките од Комерцијална банка можам да плаќам/подигнувам пари во стрaнство?

Да, сите картички за физички лица кои ги издава Комерцијална банка, со исклучок на СМАРТ кредитот преку картичка, се користат и во земјата и во странство.

Која е разликата помеѓу картичките Mastercard и Visa?

Комерцијална банка, како член на двете најголеми меѓународни институции, издава повеќе видови картички од програмите на МasterCard и Visa. Проверете ги информациите за сите видови картички за физички лица кои ги издава Банката и одберете ја онаа која најмногу ви одговара на Вашите потреби и преференции.

Дали може една картичка да ја користат повеќе луѓе (на пример, членови на моето семејство)?

Картичката ја користи исклучиво лицето на чие име е издадена.

Доколку сакате вашите најблиски да имаат пристап до средствата од сметката на дебитната и/или кредитната картичка, за нив побарајте издавање на дополнителни картички.

Го заборавив ПИН кодот на картичката. Што треба да направам за да го добијам ПИН кодот?

Доколку го имате заборавено ПИН кодот ќе биде потребно лично да поднесете Барање за препечатување на нов ПИН код во некоја од експозитурите на Банката. Доколку не сте во можност лично да го направите тоа, ќе биде потребно да овластите друго лице присутно во Р.С.Македонија да поднесе Барање за нов ПИН код и да го подигне истиот наместо Вас.

Притоа потребно е:

  • полномошно, кое може да се направи на овластен нотар во државата во која престојува, амбасада или конзуларно преставништво;
  • во полномошното потребно е конкретно да биде наведено овластувањето кое ќе се додели (опис на конкретната активност која е потребно да ја изврши полномошникот);
  • доколку полномошното е направено на овластен нотар, истото треба да биде преведено на кирилично писмо од страна на овластен судски преведувач и заверено на нотар. Овој вид полномошно потребно е да ги содржи следните елементи: печат од овластениот нотар и апостил печат;

Банката не прифаќа полномошна постари од две години од денот на издавањето, а еднаш внесено полномошно важи пет години.

Како можам да ги променам дневните лимити на картичките кои се автоматски поставени од страна на Банката?

Промената на дневните лимити можете да извршите на неколку начини, и тоа: на шалтерите на Банката, преку телефонскиот број за 24/7 поддршка на корисниците на картички 02/3 247-474 и самостојно, доколку сте корисник на услугата Интернет банка или мобилната апликација мБанка.

До кога е рокот на важност на картичката?

Рокот на важност на картичката е заклучно со последниот ден од месецот наведен на самата пластика. Банката автоматски ги обновува картичките во истиот месец кога картичката истекува при што испраќа известувања до клиентите после 20ти во истиот месец во кој истекува картичката преку неколку канали, и тоа: преку изводот за сметка достапен на шалтерите на Банката, преку Контакт центарот, преку нотификација на мБанка и преку смс порака.

Ваша обврска е да имате доставено точни контакт податоци во Банката и доколку имате промена на истите да ги ажурирате соодветно во Банката или самостојно преку услугата Интернет банка или апликацијата мБанка.

Што треба да направам во случај ако ја изгубам картичката?

Доколку картичката Ви е изгубена или украдена, потребно е истото веднаш да го пријавите во Центарот за авторизација на Банката на тел. (02) 3247-474, кој е отворен за телефонски повици 24 часа во денот, седум дена во неделата, преку целата година. Вработениот во Центарот веднаш ќе ја блокира картичката со што ќе се спречи евентуална злоупотреба и ќе Ви даде понатамошни упатства како да извадите нова картичка. За да извадите нова картичка потребно е да се упатите во најблиската експозитура на Комерцијална банка и да поднесете барање за изготвување на нова картичка која претходно била изгубена или украдена за што Банката наплатува одреден надомест. Поради итноста на потребата за картичка која Ви била претходно изгубена, Банката ја изготвува картичката следниот работен ден при што можете да ја подигнете од соодветната експозитура.