Старателски работи
над хартии од вредност

Комерцијална банка нуди висококвалитетни и сигурни старателски услуги над хартии од вредност, со посебен фокус на индивидуалниот пристап до клиентот.

Во своето работење како старателска банка, Комерцијална банка применува високи стандарди, користејќи софистицирани софтверски програми и комуникација со SWIFT пораки, со цел да ги задоволи потребите на различни категории клиенти.

Достапни услуги

Комерцијална банка ги нуди следните старателски работи над хартии од вредност:

  • Отворање и водење сметки за хартии од вредност и наменски парични сметки во Централниот депозитар за хартии од вредност и во Банката;
  • Чување и одржување на портфолиото на хартиите од вредност на клиентот;
  • Порамнување на трансакции поврзани со тргување со хартии од вредност согласно инструкции на клиентот;
  • Известување за состојбите и промените на сметките за хартии од вредност и наменските парични сметки;
  • Следење и навремени известувања за корпоративни настани;
  • Реализација на права кои произлегуваат од сопственоста на хартиите од вредност на клиентот согласно неговите инструкции, како наплата на дивиденди, камата и главница и друг вид приход од хартиите од вредност;
  • Услуги на застапување на собранија на акционерски друштва;
  • Известување за новините на пазарот на капитал и измените на законските прописи;
  • Плаќање на даночни обврски во име на клиентите кои произлегуваат од сопственоста над хартиите од вредност кои се водат на збирна сметка на Банката;
  • Други активности согласно потребите и барањата на различни категории клиенти, согласно законската регулатива и преземените договорни обврски.

 Банката наплаќа надоместоци за извршените услуги согласно утврден Тарифник.

  • Апликација за отворање старателска сметка
  • Документи за идентификација и регистрирање на клиент
  • Други дополнителни документи, зависно од категоријата на клиентот.

Контакт

e-пошта: custody@kb.mk
Телефон: (02) 3168-311; (02) 3168-338; (02) 3168-323