Нашето лидерство, професионализмот, стручноста и одговорноста во работата со клиентите се препознаени и признаени преку бројни домашни и меѓународни награди и признанија. Тие се уште еден доказ дека се движиме во вистинската насока.

Признанија за извонредно лидерство

Единаесет пати прогласени за „Банка на годината“ од The Banker

        

Комерцијална банка АД Скопје единаесет пати (2024, 2023, 2021, 2020, 2012, 2011, 2010, 2005, 2004, 2002, 2001) е добитник на престижната награда „Банка на годината“ во Република Северна Македонија, која ја доделува реномираниот финансиски магазин The Banker. Освен како високо признание за постигнатите резултати во работењето, значењето на наградата е уште поголемо бидејќи таа е признание и за лидерството што го покажува Комерцијална банка.

За оваа награда, која се смета за „стандард за банкарска извонредност“, магазинот The Banker (издание на Financial Times), разгледува широк спектар на критериуми. Наградата се доделува на банките кои покажале успешни финансиски резултати, успех во целокупната деловна стратегија со кој оствариле конкурентска предност, унапредување и развој на технологијата и на производите и услугите.

Остварените резултати секоја година ја рангираат Комерцијална банка во самиот врв на македонскиот банкарски сектор. Банката ја гради својата лидерска позиција преку професионално, стручно и одговорно работење, континуирана финансиска поддршка за раст и развој на компаниите и понуда на иновативни производи и услуги креирани согласно потребите на клиентите. Инвестициите во технолошката инфраструктура на Банката го доведоа дигиталниот свет на банкарски услуги сѐ поблиску до граѓаните и компаниите. А, помошта и поддршката што ја дава Комерцијална банка за општеството придонесоа за унапредување и подобрување на образовниот процес, здравствениот сектор, културата, уметноста.

„Најдобра банка во Северна Македонија“ - по 14-ти пат наградени од Global Finance

Магазинот Global Finance 14 години (2004, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013, 2022, 2023, 2024 и 2025) ја прогласи Комерцијална банка АД Скопје за најдобра банка во Северна Македонија.

Посветеноста на клиентите и силните финансиски резултати во услови на нестабилни економски случувања ѝ ја донесоа на Комерцијална банка оваа престижна меѓународна награда и во 2025 година.

Пресудни критериуми за оваа награда, која се смета за стандард за извонредност од страна на меѓународната финансиска заедница, се раст на актива, профитабилност, стратегиски односи, нов бизнис развој и иновативни производи, а изборот на најдобри банки во 150 држави го прават уредниците на магазинот во соработка со индустриски аналитичари, банкарски консултанти и останати експерти од финансиската индустрија.

Комерцијална банка секоја година е добитник и на повеќе други признанија од Global Finance, од кои ги издвојуваме Distinguished Crisis Leadership in 2020 (Истакнато кризно лидерство во 2020 година) и Најдобар FX Провајдер во Северна Македонија 13 години по ред.

„Best Buy Award“ за Комерцијална банка затоа што обезбедува најдобра услуга за клиентите

Комерцијална банка се стекна со меѓународното признание - „Best Buy Award“ за 2023/2024 и за 2024/2025 година, како резултат на тоа што нуди најдобар однос помеѓу цената и квалитетот на македонскиот пазар на банкарски услуги. Банката е особено горда и почестена од оваа награда, која ја доделува швајцарската организација ICERTIAS, затоа што таа е „гласот на клиентите“.

Оваа награда се доделува врз основа на изборот на потрошувачите, кои на истражувањето од ICERTIAS одговориле дека од Комерцијална банка добиваат извонредна услуга и имаат врвно корисничко искуство.

Наградата „Best Buy Award“ се доделува во над 40 земји на 5 континенти и ја имаат добиено редица реномирани компании кои во фокусот на своето работење го имаат интересот на потрошувачите. 

Комерцијална банка меѓу најдобрите иноватори во светот – Прогласена од Global Finance за Врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

Комерцијална банка влезе во друштвото на врвните финансиски иноватори во светот со воведувањето на услугата електронска идентификација преку OneID. Меѓународниот магазин Global Finance ѝ ја додели на Комерцијална банка угледната награда „Врвен иноватор во корисничко искуство за 2023 година за услугите преку OneID“, со што ја рангираше Банката меѓу Топ финансиските иноватори во светот.

Ова признание е дел од Наградите за најдобри финансиски иноватори за 2023 година, кои по 11-ти пат се доделуваат на врвни банки, финтек и други компании на глобално ниво. Годинава на листата на Global Finance покрај Комерцијална банка, се најдоа и HSBC, BBVA, CaixaBank,  Banco do Brasil, OTP Bank, Commercial Bank of Qatar, Abu Dhabi Islamic Bank, Visa и други реномирани брендови од светот на финансиите.

Наградата за Комерцијална е потврда на придонесот на Банката за најдобро корисничко искуство во доменот на иновативните финансиски алатки, меѓу кои е електронската идентификација, која овозможува бројни поволности и бенефити за корисниците. Комерцијална банка ја има честа да биде прва банка од земјава што се најде на листата на најистакнати иноватори во областа на финансиите, кои се препознаени од овој угледен магазин.

Комерцијална банка е најпосакуван работодавач во 2023 во категоријата Банкарство и финансии 

Комерцијална банка е прогласена за Најпосакуван работодавач во 2023 година во категоријата Банкарство и финансии од страна на платформата Vrabotuvanje.com. Банката е особено горда на оваа награда затоа што е признание за задоволството и успехот на вработените, кои се еден од нејзините најсилни и највредни ресурси.

Изборот е направен врз основа на интересот на потенцијалните вработени за отворените работни позиции во Банката, како и врз база на анкетите спроведени на веб-страницата на Vrabotuvanje.com за испитување на јавното мислење.

Д-р Маја Стевкова Штериева, Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, во име на целиот менаџмент на Банката изрази голема благодарност за доделената награда.

Комерцијална банка прогласена за “Најдобра банка во Северна Македонија“ од магазинот Euromoney 

Комерцијална банка е добитник и на престижната награда – „Најдобра банка во Северна Македонија“ во 2021 година, која ја доделува магазинот Еuromoney. Оваа награда е признание за извонредност на Банката, која со стабилност, одговорност и импресивни резултати одговори на Covid-19 кризата и излезе во пресрет на потребите на клиентите.

Врз основа на повеќе критериуми и остварените резултати по тој основ, врвни новинари и дописници на Еuromoney ја издвоија Комерцијална банка пред конкуренцијата и ја прогласија за најдобра во земјава. Kритериумите за доделување на наградите вклучуваат профитабилност, видлив раст, иновативност, нови услуги, остварување на релативно подобри перформанси во однос на конкурентите и можност за прилагодување кон променливите услови на пазарот и потребите на клиентите.

Признанија од ЕБОР за придонесот на Комерцијална банка во развојот на националната економија

  

Како еден од најактивните домашни учесници во надворешната трговија, Комерцијална банка е добитник на бројни признанија од Европската банка за обнова и развој, кои се доделуваат во рамки на програмите и проектите на ЕБОР за поддршка и унапредување на меѓународната размена. Учинокот на Комерцијална банка се нотира преку признанија кои се доделуваат согласно оценката на обемот и квалитетот на издадените акредитиви, банкарски гаранции, дознаки и останатите платни инструменти, со кои Банката директно учествува во поддршката на развојот на националната економија.

Последното признание од ЕБОР е прогласувањето на Комерцијална банка по 19-ти пат за „Most active issuing bank in North Macedonia in 2022“ - најактивна банка во меѓународната трговија. Ова признание Банката го има добиено и во 2003, 2004, 2005, 2006, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2018, 2019, 2020 и во 2021 година. Тимот за документарно работење на Комерцијална банка е докажан како експерт во меѓународни рамки, промовирајќи ја и понатаму Банката со својот висок степен на специфично стручно знаење и професионално искуство.

Во 2018 година, Комерцијална банка ја доби и наградата „Deal of the Year” for KB/938“ (Зделка на годината за трансакција во која се вклучени две земји и две банки), со која стана дел од светската мапа на меѓународни трговски експерти.

Банката од ЕБОР во 2003 и 2005 година го доби и признанието „The Best developing trade finance bank under EBRD TFP”, а во 2006 година признанието „The Best Performance Bank under EBRD TFP”.

E-commerce на Комерцијална банка со признанија од Visa за најголем раст во прифаќањето картички 

 

Иновативноста и врвната услуга ѝ донесоа на Комерцијална банка уште едно признание. Светскиот aвторитет во дигиталните плаќања, Visa, ѝ додели на Комерцијална банка признание за остварен најголем раст во прифаќањето картички во електронската трговија во земјава во 2021 и во 2022 година.

Ни претставува огромно задоволство што оваа награда е епилог на континуираниот фокус на Комерцијална банка да понуди иновативни производи и услуги кои ги задоволуваат новите потреби на пазарот, особено во услови на пандемија кога безготовинските плаќања станаа доминантни. Наградата немаше да постои и без довербата на клиентите, кон кои сме обврзани со понуда на најдобра услуга.

Комерцијална банка е добитник и на признание од Visa за остварен најголем раст во прифаќањето картички во трговијата (Exceptional Merchant Acquiring Growth) во земјава во 2023 година.

Комерцијална банка лидер во областа на девизното работење

Комерцијална банка АД Скопје постојано ја потврдува својата лидерска позиција во областа на девизното работење и преку наградите што ги добива од Дојче банк. Комерцијална банка е добитник на плакетата „Client Excellence Award 2021“ од Дојче банк како признание за беспрекорниот и успешен начин на работа во меѓународниот платен промет и во услови на пандемија. Со наградата Дојче банк покажува дека ја препознава Комерцијална банка како компанија која постојано постигнува извонредни резултати и демонстрира лидерство на пазарот.

Повеќе пати е добитник на наградата „ЕUR Operational Excellence Award“, која е признание за беспрекорната директна обработка на меѓународните плаќања, како и на наградата „Straight – Through Processing (STP) Excellence Award“ (2007, 2008, 2009, 2010), со која се истакнува успешноста на тимот од Комерцијална банка во намалувањето на трошоците во глобалното трансакциско банкарство во денешно време и во следењето и примената на најновите банкарски трендови и технологии.

Дојче банк ја награди Комерцијална банка и со „EUR STP Excellence Award for exceptional quality for payment messages“ во 2009, 2010, 2011, 2012, 2013 и во 2014 година.

Меѓународна награда „Quality Choice 2022“ за квалитетот во понудата на Комерцијална банка

Квалитетот придонесува за позитивен придонес на нашите производи и услуги во секојдневното живеење на секој наш клиент и во растот и развојот на бизнисите што ги поддржуваме. Квалитетот во понудата и работењето на Комерцијална банка ѝ донесе уште една престижна меѓународна награда - „Quality Choice“ за 2022 година, доделена од организацијата European Society for Quality Research (ESQR) со седиште во Швајцарија.

Наградата „Quality Chioce“ е признание за исклучителен успех во стратегиите за управување со квалитет, а во Комерцијална банка ја прифаќаме и како поттик за поставување и достигнување уште поголеми и одржливи вредности за извонредност во задоволувањето на потребите на нашите клиенти.

Со оваа награда, ESQR промовира свест за квалитет, ги препознава добрите деловни практики, технолошките иновации и достигнувањата за квалитет во организациите ширум светот. Таа досега им е врачена на многу реномирани меѓународни компании, во чие друштво сега влегува и Комерцијална банка. Наградените организации и компании се избираат врз основа на одговори на прашалници изработени од ESQR и реализирани истражувања на мислење на потрошувачи и на пазарот. Како испитаници и гласачи се земаат клиенти, поранешни добитници на награда за квалитет, добавувачи, соработници, а во изборот се истражуваат и информации од јавен карактер, публикации, позитивни коментари, општествено одговорни проекти и слично.

Комерцијална банка меѓу најтранспарентните котирани друштва на Македонската берза

Кристално sвоно за најтранспарентно котирано акционерско друштво и плакета за најтргувана акција се редовни награди од Македонската берза за Комерцијална банка. Во 2021, 2022, 2023 и 2024 година, Комерцијална банка ја доби и годишната награда „Акција со најголем промет - компании над 50 милиони евра пазарна капитализација“, која за првпат Македонската берза ја воведе во 2021 година со цел да им даде јавно признание на компаниите кои во тековната година биле најактивни и најпрепознатливи на домашниот пазар на капитал.

Во 2023 и 2024 година, Комерцијална банка е и компанија чија акција во тргувањето на Македонската берза оствари најголем пораст на цената во делот на компании со пазарна капитализација над 50 милиони евра.

За првпат во 2024 година, Македонската берза во соработка со Американската стопанска комора додели и признанија за добри ЕСГ практики, а Комерцијална банка ја имаше честа да биде меѓу наградените компании.

Како овластен учесник на македонскиот пазар на хартии од вредност, Комерцијална банка е добитник на редица признанија, со кои се потврдува успешноста и професионалноста на Банката во сите сегменти од работењето. Банката има добиено „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентна компанија за 2007, 2008, 2009, 2010, 2011, 2013, 2014, 2015 и 2016 година и во 2017 и 2018 година за постигнато второ место за најтранспарентно котирано акционерско друштво на Македонската берза. Доделена ѝ е плакета за постигнатиот промет и бројот на трансакции (прво место во 2012, 2014 и 2018 и второ во 2016 година), како и награда за котирана компанија со најголем промет и број на трансакции во 2015 и во 2017 година (второ место).

Во 2015 година Комерцијална банка е наградена како членка со најголем број трансакции и со најголем промет во периодот на 20 години постоење на Македонската берза за хартии од вредност.

Интересот за акциите на Банката, покрај поради успешното работење како лидер во банкарскиот сектор во земјава, произлегува и од определбата за целосно транспарентен пристап во информирањето на инвеститорите.

Донациите на Комерцијална банка во јавното здравство избрани од АмЧам за најдобри практики за корпоративна филантропија

Значајните донации во јавното здравство ѝ донесоа на Комерцијална банка ново признание за истакната корпоративна филантропија. АмЧам и Конект го избраа проектот на Банката, „Донираме за подобро јавно здравство“, меѓу шесте најдобри практики за корпоративна филантропија во рамките на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“.

Комерцијална банка влезе меѓу шесте најдобри практики поради своите бројни и вредни донации за подобрување на квалитетот на јавното здравство за време на Covid-пандемијата и по неа.

За време и по глобалната пандемија Комерцијална банка донираше опрема и финансиски средства во јавното здравство во вредност од 590.000 евра во 2020 година и над 2.000.000 денари во 2021 година. Во 2023 година, Банката со донација во вредност од околу 5.000.000 денари комплетно го реновираше Одделот за ревматологија и кардиологија при Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.

Комерцијална банка добитник на награди од Commerzbank AG Frankfurt

Комерцијална банка е добитник на наградата Commerzbank’s STP Excellence Award за 2016, 2017, 2019 и 2023 година, како признание за брзината и квалитетот на меѓународните плаќања во континуитет.

Commerzbank со оваа награда ја потврдува одличната соработка и по трет пат го признава извонредниот квалитет во директната обработка на плаќањата од страна на Комерцијална банка. Оваа награда е уште една потврда за квалитетот на девизното работење во Комерцијална банка.

Плакети за најдобри општествено одговорни практики на Комерцијална банка

Во заедничката борба со Covid-19 пандемијата во земјава Комерцијална банка уште еднаш ја истакна својата општествено одговорна определба преку огромна поддршка на јавното здравство и преку значајни совети и помош за дигиталните предизвици со кои се соочија нејзините клиенти.

 Овие активности, реализирани во периодот кога ударот на пандемијата беше најсилен, ѝ донесоа на Комерцијална банка плакети за најдобри општествено одговорни практики во земјава, доделени од Министерството за економија.

Преку проектот „Борбата со Ковид-19  е заедничка обврска - Комерцијална банка го помага јавното здравство“, Банката донираше парични средства и медицинска опрема за јавните здравствени институции во вредност од над 622.000 евра. Со цел да излезе во пресрет на потребите и на дигиталните предизвици со кои одеднаш се соочија и компаниите, Комерцијална банка, како искусен понудувач на услугата за електронска трговија, им обезбеди на своите клиенти дополнителни информации, знаење, совети и најдобри светски практики за да го прилагодат својот бизнис на брз и ефикасен начин и да одговорат на новите потреби на потрошувачите. Вебинарот „е-Продавница за новата ера - Искуства и совети за поголема online продажба“ им помогна на корисниците на услугата E-commerce да ги детектираат најчестите грешки и им понуди решенија и одговори за да постигнат поголем промет во е-продавницата и да имаат поуспешен бизнис.

Проектите на Комерцијална банка беа наградени во конкуренција на вкупно 19 проекти од 12 компании во земјава, во пет различни категории.

Комерцијална банка избрана за „Банката на годината во 2021 година“ од читателите на Банкарство.мк

Понудата, професионалноста, посветеноста и одговорноста ѝ донесоа на Комерцијална банка уште едно признание – „Банка на годината во 2021 година“ во земјава според изборот на читателите на економскиот портал Банкарство.мк. Комерцијална банка освои убедливо најмногу гласови (31.507 од вкупно 22.659 учесници во анкетата) во седумте категории во кои имаа можност да гласаат читателите на анкетата што ја спроведе порталот во текот на јануари оваа година.   

Освен што е прогласена за победник во најважната категорија „Банка на годината во 2021 година“, Комерцијална банка е убедливо прва и во категориите „Банка која нуди најповолни каматни стапки на кредити, депозити и провизии за банкарско работење“, „Најдобра банка според препознатливост на брендот“ и „Банка која е најмногу препознатлива по општествена и социјална одговорност“.

Оваа награда практично е потврда од граѓаните за нивното задоволство од целокупното работење на Банката, што претставува и задоволство за Комерцијална банка. Задоволувањето на потребите на клиентите и нивното корисничко искуство се врвни приоритети во работењето на Комерцијална банка.

Награда за најдобро корпоративно управување од НВО Транспарентност нулта корупција

Невладината организација „Транспарентност – Нулта корупција“, по повод Светскиот ден за борба против корупцијата – 9-ти декември, организираше традиционално наградување на компаниите со најдобро корпоративно управување. Mеѓу најдобрите компании беше прогласена и Комерцијална банка АД Скопје за што во 2009 година доби сертификат за добро корпоративно управување.

Националниот избор беше организиран од невладината организација „Транспарентност – Нулта корупција“ во соработка со Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Северозападна Македонија, а во изготвувањето на критериумите за евалуација на компаниите учествуваше и тим на експерти составен од претставници на стопанските комори, јавниот сектор, универзитетски професори и претставници на медиумите и невладиниот сектор.

Наградените компании беа најдобри во исполнување на критериумите за тоа како менаџментот ги спроведува своите активности, за нивниот однос со вработените, комуникацијата со потрошувачите и клиентите, односот кон добавувачите и влијанието врз заедницата и опкружувањето во различни локации каде што делуваат.

Комерцијална банка - Супербренд за 2015/2016 година

Комерцијална банка е добитник на супербренд сертификатот за 2015/2016 година во Република Северна Македонија, доделен согласно одлуката на стручен совет составен од претставници на маркетинг индустријата, академската заедница, медиумите, Стопанската комора и сопственици на препознатливи и докажани брендови.

Напорите на Банката да создаде бренд кој создава емотивна врска со своите клиенти и кој е препознатлив резултираа со идеја и концепт во перцепцијата на граѓаните за постојаност, квалитет и одговорност.

Изборот на Банката за Супербренд за 2015/16 година е уште една потврда за успехот на нашата Банка и стремежот да бидеме прв избор на банка за клиентите, кои секогаш добиваат високо ниво на услуга и нови производи креирани согласно нивните потреби.

Finance Central Europe повеќе години ја прогласи Комерцијална за Најдобра банка

Списанието Finance Central Europe ја прогласи Комерцијална банка АД Скопје за најдобра банка во Република Северна Македонија според големината на активата (2005, 2006, 2007 и 2021 година), големината на капиталот (2005 година), приносот на капиталот (ROE) (2007 и 2021 година) и бруто-добивката (2005 и 2007 година).

Рангирањето на банките го вршат еминентни аналитичари врз основа на ревидирани финансиски извештаи и дополнителни информации.

Останати награди и признанија

Благодарница од АмЧам за општествена одговорност

AmCham Macedonia ѝ додели Благодарница на Комерцијална банка АД Скопје за инвестиции во општеството во 2019 година преку иницијативата Social Marketplace. Банката преку Координативното тело за општествена одговорност финансиски го поддржа проектот „Урбана градина во Ресен“ на Здружението за рурален развој „Локална акциона група Преспа“.

Проектот има значајна мисија – обука на 40 социјално загрозени лица со лесна телесна попреченост од Преспа за одгледување земјоделски култури на органски начин, креирање вертикални градини, рециклирање органски отпад итн. Ова е уште една потврда за општествено одговорните практики што ги спроведува Комерцијална банка АД Скопје во континуитет.

Општествената одговорност на Комерцијална банка препознаена и признаена

Како општествено одговорна компанија секогаш работиме во насока на подобрување на квалитетот на животот во општеството за сите негови членови. Општествената одговорност на Комерцијална банка досега придонесе со помагање и поддршка на повеќе сегменти и заедници од општеството.

Оваа пракса е потврдена со бројни признанија за Банката. Истакнатото лидерство во помагањето на јавното здравство и на останатите општествени сегменти кои беа најпогодени од налетот на Ковид-пандемијата, ѝ ја донесоа на Комерцијална банка „Наградата за голем корпоративен филантроп за 2020 година“. Наградите за филантропија ОКО се доделуваат во рамките на проектот SIGN UP for Impact, во организација на Здружението Хорус. Во 2008 година, банката ја добива Националната награда за општествена одговорност на претпријатијата - етичко управување, а во 2014 година Националната награда за општествено одговорни практики - за проект за исти права и можности.

Во номинацијата која ја организираше Центарот за институционален развој ЦИРА, Комерцијална банка АД Скопје ја доби првата награда за интегриран пристап кон општествената одговорност за големо претпријатие во 2009, 2010 и во 2011 година.

Наградата претставува потврда за напорите што Банката континуирано ги вложува за подобрувањето на корпоративното управување, обука на вработените, развивање на чувството за солидарност и филантропијата, во соработка со заедницата и социјално ранливите групи во општеството.

Долгогодишна соработка и поддршка за Црвениот крст на Република Северна Македонија

Комерцијална банка АД Скопје е долгогодишен поддржувач на активностите на Црвениот крст на Република Северна Македонија со цел да придонесе за подобрување на положбата на ранливите групи во заедницата. Од страна на Црвениот крст се доделени повеќе признанија, меѓу кои и „Златен поддржувач“ во 2012 година, благодарница за соработка во 2014 година, Јубилејна плакета во 2015 година.