Совети за безбедно користење

Вашата картичка од Комерцијална банка е безбеден начин да располагате со Вашите пари.

Сепак, бидејќи ние секогаш приоритет ѝ даваме токму на безбедноста, издвоивме неколку совети кои ќе Ви помогнат при секојдневното користење на картичките.

Кога ќе ја добиете картичката

  • Веднаш потпишете ја картичката на нејзината задна страна.
  • Запомнете го ПИН кодот - никогаш не го запишувајте.
  • Не го откривајте ПИН кодот никому.

Дома

  • Чувајте ги потврдите од трансакциите на продажни места и од подигната готовина на банкомати и истите споредете ги со податоците од месечниот извештај за картичката.
  • Доколку забележите трансакција во месечниот извештај која е погрешна или на која не можете да се сетите, веднаш контактирајте го Контакт-центарот за банкарски картички на (02) 3 247 474.
  • Чувајте список од броевите на сите Ваши картички.

На банкомат

  • Осигурајте се дека никој не стои премногу блиску до Вас додека сте пред банкоматот.
  • Внимателно следете ги барањата наведени на екранот од банкоматот.
  • Покријте ја Вашата рака додека го внесувате ПИН кодот за да се осигурате дека никој не ги гледа бројките што ги внесувате.
  • На крајот од трансакцијата не заборавајте да ја земете Вашата картичка. 

 

На продажни места

  • Проверете ги износите на трансакциите за да се осигурате дека е точен износот кој го одобрувате со внесувањето на ПИН кодот и Вашиот потпис.
  • Осигурајте се дека продавачот Ви ја вратил картичката и Вашата копија од потврдата за трансакцијата.
  • Чувајте ја картичката близу до Вас и внимавајте на џепчии.
  • Покријте ја Вашата рака додека го внесувате ПИН кодот за да се осигурате дека никој не ги гледа бројките што ги внесувате.

 

Додека патувате

  • Пред да појдете на пат, проверете го датумот на истекување на картичката и осигурајте се дека имате доволно расположливи средства на сметката.
  • Забележете го бројот на Контакт центарот за банкарски картички (02) 3 247 474.
  • Чувајте ја картичката одвоено од готовината - за да не ги изгубите и двете во случај на губење.
  • Следете ги сите совети за безбедност при купување со картичка на продажно место и подигнување готовина од банкомат.

  

При купување на Интернет

  • Купувајте само од интернет-сајтови на проверени компании во кои имате доверба.
  • Препорачуваме да купувате од интернет-сајтови кои ја имаат ознаката Mastercard SecureCode® или Visa Secure. Интернет продавниците кои не ја поседуваат оваа ознака го немаат 3D Secure стандардот и како такви носат зголемени ризици од можна злоупотреба.
  • Никогаш не го внесувајте ПИН кодот - тој никогаш не е потребен за вршење нарачка.
  • При вршење нарачка преку Интернет, продавачот најчесто ги бара следните податоци: име и презиме, адреса, број на картичката, код за валидација CVC или 3 digit value (се наоѓа на задниот дел од картичката) и рокот на важност на картичката.
  • Осигурајте се дека интернет-страницата на која ги внесувате податоците од Вашата картичка е безбедна - побарајте сликичка од клуч или заклучено катанче на долниот десен дел од екранот и проверете дали интернет-адресата започнува со https:// наместо со http://.
  • Водете евиденција за интернет-сајтовите од кои купувате. Многу интернет продавници доставуваат е-пошта до купувачот со сите податоци од нарачката - чувајте ја пораката и испечатете примерок од неа. Ова ќе ви помогне при проверка на изводот, а корисно е и во случај на рекламација.
  • Не користете јавен компјутер. Доколку сепак купувате преку јавен компјутер, не го користете копчето „remember me“ (запамети ме) и одлогирајте се откако ќе завршите со нарачката.
  • Никогаш не испраќајте податоци за Вашата картичка доколку не сте ја иницирале Вие нарачката.
  • Проверете ги условите за продажба и откажување на нарачката, бидејќи при меѓународни плаќања е можно да бидете изложени на дополнителни царински и други трошоци.
  • Доколку ја откажувате нарачката по плаќањето, задолжително побарајте број со кој се потврдува откажувањето на нарачката, како би избегнале плаќање за веќе откажана нарачка.
  • Побарајте телефонски број и е-пошта за контакт со продавачот и запишете ги.
  • Доколку добиете известување за дополнителна автентикација со еднократен код од 3DES Secure безбедносниот систем, истиот ќе Ви биде испратен во СМС порака на телефонскиот број што сте го пријавиле во Банката. Откако ќе го добиете овој верификациски код, потребна е задолжителна проверка на СМС пораката, односно увид на трговецот кон кој вршите плаќање, како и износот кој го плаќате. Доколку трговецот и износот од пораката се совпаѓаат со Вашето плаќање, го внесувате кодот во прозорецот кој ќе се отвори на интернет-страницата со цел да се реализира плаќањето.
  • Вашите трансакции при купување на Интернет може дополнително да ги заштитите со интернет лимити. Лимитите ги дефинирате во согласност со вашите потреби, а доколку дневниот лимит за број или износ го намалите на 0, ќе оневозможите интернет трансакции со вашата картичка. Лимитите за број и износ на трансакции за интернет плаќања, исто како и оние за на ПОС и на банкомат, може да ги промените преку Интернет банка, мБанка, јавување на Контакт-центарот за поддршка на картички и на шалтерите на Банката. 

Промена на ПИН код на банкомат

  • При промена на ПИН кодот на банкомат внимателно одберете го новиот ПИН код.
  • Банката препорачува новиот ПИН код да не содржи броеви од датумот на раѓање, низа на броеви, четири исти броеви, како, на пример: 0000,1111,1234.
  • Запомнете го новиот ПИН код - никогаш не го запишувајте или кажувајте на друг.

  

   

Контакт центар за картички

Телефон: (02) 3247-474

Работно време: 24 часа, секој ден од неделата