Осигурување

Сега преку Комерцијална банка можете да ги добиете сите осигурителни полиси за потребите на Вашиот бизнис, без дополнителни трошоци и во олеснета постапка.

Ја добивате целосната услуга на осигурителните компании надополнета со поддршка од нашите кредитни референти кои ја водат целата документација со Вас.

Со полисите обезбедени во Комерцијална банка преку нашите искусни партнери МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје-Виена Иншуренс Груп и Триглав осигурување АД Скопје, добивате највисока сигурност и Вашиот бизнис го ослободувате од ризик.

Вложувањето во полиса претставува симболичен износ во споредба со штетите кои би ги претрпеле при непосакуван настан. Полисите се изработуваат наменски за Вашите конкретни потреби, а ги добивате сите услови и попусти на осигурителните компании, без дополнителни провизии.

Во Комерцијална банка може да извадите полиса за имот што е заложен како обезбедување за кредит или за која било потреба на Вашиот бизнис:

  • Осигурување од пожар и други опасности,
  • Осигурување машини од кршење и расипување,
  • Осигурување стока во превоз - карго осигурување,
  • Осигурување на побарувања од ризик на ненаплата,
  • Колективно осигурување на вработени,
  • Провална кражба и разбојништво,
  • Осигурување објекти во градба и монтажа и други видови осигурување.

Дополнително, можете да ги користите и полисите за осигурување наменети за физички лица.

Сите информации во врска со осигурителните полиси може да ги добиете од Вашиот кредитен референт или на тел:  (02) 3168-419, e-mail: Bojan.Slabev@kb.mk.