НОВО: Потрошувачки кредит од Комерцијална банка без трошоци за одобрување и администрирање до 30 јуни

Со промотивните услови и поволните каматни стапки добиваш атрактивно финансиско решение за летната авантура да биде уште поубава.

13.05.2025

Подготви се за лето со повеќе комфор и незаборавни патувања со Потрошувачкиот кредит на Комерцијална банка кој промотивно е без трошоци за одобрување и администрирање до 30.06.2025 година.

Со промотивните услови и поволните каматни стапки добиваш атрактивно финансиско решение за да биде летната авантура уште поубава.

Ненаменскиот потрошувачки кредит на Комерцијална банка е со максимален износ до 2.000.000 денари и со вклучено осигурување преку Триглав Осигурување АД Скопје или Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

Овој кредит е идеално решение и доколку планираш реновирање, нови апарати за домот, веселба, образование или некое друго задоволство. Изборот е твој, а ние ќе се погрижиме за финансиско решение какво што најмногу ти одговара.

Повеќе информации за условите, калкулаторот за рата и потребните документи за аплицирање за Потрошувачкиот кредит се достапни на следниот линк.

[]