Комерцијална банка отвори нова модерна експозитура во ритеил паркот Набизи во Струга

Новата експозитура е уредена според највисоки стандарди на современото банкарство и располага со cash in банкомат и дигитален киоск, кои се достапни 24/7.

23.05.2025

Комерцијална банка денеска ја отвори својата најнова експозитура во новоизградениот ритеил парк Набизи во Струга, во која граѓаните и компаниите имаат пристап до широка палета банкарски производи и услуги.

Новата експозитура е уредена според највисоки стандарди на современото банкарство и располага со cash in банкомат и дигитален киоск, кои се достапни 24/7 за клиентите и овозможуваат готовински уплати и исплати, плаќање сметки за јавни услуги и подигнување извод од трансакциска сметка брзо, лесно и без чекање.

Шалтерите во експозитурата Набизи ритеил парк Струга се на располагање на клиентите од понеделник до петок, од 8 до 16 часот и нудат денарски и девизен платен промет, менувачко работење и Western Union, кредитирање физички лица и микрокредити за правни лица, банкарски картички, ПОС терминали и електронска трговија, одобрување дозволено пречекорување, осигурување и продажба на удели во КБ Инвест.

Со оваа инвестиција, Комерцијална банка го потврдува својот стратешки фокус на достапност, ефикасност и иновација, како и на континуирана посветеност на задоволството на клиентите.

Ве покануваме да ја посетите новата експозитура во ритеил паркот Набизи и да ги искусите сите придобивки од модерното банкарство со Комерцијална банка.

[]