КБ тимот на прво место на хуманитарната трка Зегин Спектатрон 2025

Горди сме на КБ тимот, кој не само што постојано ги надминува своите тркачки перформанси туку и дава придонес за хуманост, инклузија и заедништво.

27.05.2025

КБ тимот со нов шампионски настап и освоено прво место на хуманитарната трка Зегин Спектатрон 2025.

Од срце им честитаме на нашите маратонци Миомир Алексовски и Снежана Димовска, кои стигнаа први на целта во штафетната трка 2х5 км.

Со одличен тимски дух и спортски елан, на годинешното издание на Зегин Спектатрон учествуваа 10 маратонци од КБ тимот – три штафети и четворица маратонци во трката на 10 километри.

Нивната цел на оваа трка не беше само спортска, туку и длабоко хумана затоа што средствата од котизацијата за учество се наменети за поддршка на здруженија и установи што работат со лица со аутистичен спектар.

Горди сме на КБ тимот, кој не само што постојано ги надминува своите тркачки перформанси туку и дава придонес за хуманост, инклузија и заедништво.

Браво шампиони!

[]