Работи со државни хартии од вредност на примарен пазар и пазар преку шалтер

Oвозможуваме правни лица да запишуваат државни хартии од вредност на примарни аукции и да тргуваат со државните хартии од вредност на пазар преку шалтер.

Зошто да тргувате со посредство на Комерцијална банка?

  • Комерцијална банка активно учествува на аукциите на државни хартии од вредност
  • Едноставна процедура за учество на аукции
  • Поволни надоместоци за извршена услуга
  • Нашите вработени ви стојат на располагање за сите потребни информации

Купување државни хартии од вредност (државни записи и државни обврзници) на примарен пазар

Примарната емисија на државните хартии од вредност се врши на аукции кои ги организира НБРСМ согласно Правилникот за начинот и постапката за издавање и исплата на државни хартии од вредност. Аукциите се одвиваат електронски на веб- апликацијата на НБРСМ. Комерцијална банка како овластен директен учесник на аукциите за издавање државни хартии од вредност им дава можност на правните лица како индиректни учесници да купуваат државни хартии од вредност издадени од Министерството за финансии на РСМ на примарен пазар.

Процедурата за купување државни хартии од вредност на примарен пазар е едноставна.

За да се учествува на аукција на државни хартии од вредност потребно е да:

Комерцијална банка, по прием на Барањето доставено од ваша страна најмалку еден ден пред денот на одржување на аукцијата, ви овозможува индиректно да учествувате на закажаната аукција на државни хартии од вредност.

Аукциите се одржуваат на утврдени датуми, во периодот од 11:00 до 12:00 часот, согласно Календарот за емисија на државни хартии од вредност.

Проспектите за аукциите се објавуваат четири работни денови пред денот на одржување на аукцијата на веб-страницата на Министерството за финансии.

Минималниот износ за учество на аукција изнесува 10.000,00 денари (секое зголемување на номиналниот износ се врши во заокружени износи од 10.000,00 денари).

На денот на одржување на аукцијата, најдоцна до 10 часот, заинтересираните купувачи треба да извршат уплата на износот за купување на државните хартии од вредност на сметка на Комерцијална банка АД Скопје.

Банката пресметува и наплатува надоместок за извршена услуга согласно Тарифникот.

Tргување со државни хартии од вредност на Пазар преку шалтер (ОТЦ)

Искусниот и високостручен тим на професионалци ви овозможува да тргувате со државни хартии од вредност на пазар преку шалтер, односно да извршите порамнување на веќе договорени трансакции за купопродажба на државни хартии од вредност. За реализација на ваков тип трансакции е потребно да доставите Инструкции за порамнување на трансакции на пазар преку шалтер (PDF) и да склучите со банката Договор за посредување.

Банката пресметува и наплатува надоместок за извршена услуга согласно Тарифникот.

   

Дополнителни и стручни консултации може да добиете од наведените лица за контакт во Банката.

Контакт

Е-пошта: trguvanjevozemjata@kb.mk

Телефони: (02) 3247-420, (02) 3247-417, (02) 3247-419, (02) 3247-410