Кредит со залог
на депозит

Пресметај рата

Едноставен кредит со одлична каматна стапка, за клиенти кои ќе заложат денарски или девизен депозит во Банката.

Зошто овој кредит е најдобар за мене?

  • Не мора да си во работен однос
  • Без ограничувања за максимална возраст и висина на месечни примања
  • Рок на отплата од 12 до 240 месеци
  • . % годишна фиксна каматна стапка
  • Без провизија за предвремена отплата

Корисници

Кредитот е наменет за полнолетни физички лица кои ќе заложат денарски или девизен депозит во Банката.

Критериуми

  • кредитобарателот не мора да биде во работен однос,
  • нема ограничувања во однос на максималната возраст,
  • нема ограничувања во однос на висина на месечните примања.

Износ на кредит:

  • 95 % од износот на депонираниот денарски депозит, максимум показател ЛТВ 95% (Под „показател ЛТВ“ (англ. loan-to-value) се подразбира односот помеѓу износот на кредитната изложеност кон физичкото лице и износот на депонираниот денарски депозит заради обезбедување на таа кредитна изложеност).
  • 90 % од износот на депонираниот девизен депозит во евра, 
  • максимум показател ЛТВ 90% (Под „показател ЛТВ“ (англ. loan-to-value) се подразбира односот помеѓу износот на кредитната изложеност кон физичкото лице и износот на депонираниот денарски депозит заради обезбедување на таа кредитна изложеност).

Рок на отплата:

  • од 12 месеци до 120 месеци за кредити до 10.000 евра во денарска противредност,
  • од 12 месеци до 240 месеци за кредити над 10.000 евра во денарска противредност.

Номинална каматна стапка

  • . % годишна, фиксна.

Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)

2,07 % годишна

Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка.

Одобрување

Се одобрува во рок од 24 часа по комплетирање на документацијата.

Исплата

  • максималниот рок на искористување на кредитот е 60 дена од денот на одобрување,
  • средствата се исплаќаат на платежната сметка на кредитокорисникот.

Трошоци за кредитот

  • 0,5 % од износот на кредит до 3.000.000 денари, доколку рокот на отплата е подолг од 12 месеци (минимум 500 денари, максимум 150.000 денари),
  • 0,3 % од износот на кредит до 3.000.000 денари, доколку рокот на отплата е до 12 месеци (минимум 500 денари, максимум 150.000 денари),
  • 0,25 % од износот на кредит над 3.000.000 денари (максимум 150.000 денари),
  • трошоци за интеркаларна камата.i Интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот. 

Обезбедување

Залог на бескаматен денарски или девизен депозит со рок на депонирање еднаков на рокот на отплата на кредитот.

Начин на отплата

Месечни ануитети, достасување на ануитет - секој 16-ти во месецот.

Предвремена отплата

Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот.

Комерцијална банка АД Скопје го задржува дискреционото право да го одбие барањето за кредит.

Износ на кредитот 900.000 денари
Рок на отплата 240 месеци
Месечна рата 4.553 денари
Дата на користење на кредитот 1 во тековниот месец
Фиксна каматна стапка . %
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) i Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) се вкупните трошоци на кредитот изразени како годишен процент од вкупниот износ на кредитот. Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка.  2,07 %
Пресметана камата за цело времетраење на кредитот во услови на негова редовна отплата 192.786 денари
Интеркаларна камата 740 денари
Надомест за одобрување и администрирање на кредитот 4.500 денари
Вкупни трошоци на кредитот i Вкупни трошоци на кредитот се сите трошоци, вклучувајќи камати, провизии, даноци и кои било други надоместоци во врска со договорот за кредит коишто корисникот на кредит треба да ги плати при одобрувањето и редовна отплата на кредитот и коишто ѝ се познати на Банката, освен нотарските трошоци.  198.026 денари
Вкупен износ што го плаќа корисникот на кредитот i Вкупен износ што го плаќа корисникот на кредит претставува збир на вкупниот износ на кредитот и вкупните трошоци на кредитот.  1.098.026 денари

Што сè е потребно за да добијам кредит од Комерцијална банка?

Комерцијална банка одобрува кредити на физички лица кои се државјани на Република Северна Македонија и кои се во редовен работен однос, како и на пензионери кои ја примаат пензијата преку платежна сметка во Банката. Поединечните услови и потребната документација за одобрување на кредит се разликуваат и зависат од видот на кредитот.

Каде можам да поднесам барање за кредит од Комерцијална банка?

Барање за кредит може да се поднесе во Скопје - во Централата на Банката и во филијалите и експозитурите низ државата. Барањето за кредит содржи обрасци кои треба да бидат уредно пополнети и заверени од страна на фирмите во кои се вработени барателите на кредит и жирантите, како и податоци за основната и дополнителната документацијата која треба да се приложи кон барањето за кредит. Корисниците на Интернет банка кои имаат опција за плаќање, може да аплицираат online за еден од потрошувачките кредити кои ги нуди Банката.

Што е тоа жирант?

Жирантот е лице кое гарантира дека корисникот на кредитот ќе ги измирува обврските кон Банката. Доколку корисникот на кредитот не ги измирува обврските кон Банката, ќе бидат активирани инструментите за наплата на побарувањата од жирантот.

Како ќе знам колку пари месечно ќе треба да издвојувам за исплата на кредитот?

  • Износот на месечниот ануитет зависи од износот на кредитот, номиналната каматна стапка и рокот на отплата. Пресметката можете да ја извршите брзо и едноставно со помош на кредитниот калкулатор. Откако ќе го изберете кредитот што најмногу одговара на Вашите потреби, внесете ги бараниот износ на кредит и рокот во кој сакате да го вратите, по што ќе го видите износот на месечна отплата.
  • Корисниците на кредит при исплата на средствата од одобрениот кредит добиваат Амортизационен план за отплата на кредитот во кој е наведен износот на месечниот ануитет и датумите на доспевање на месечните ануитети.

Дали мора да сум вработен/а за да добијам кредит?

Комерцијална банка одобрува кредити на физички лица кои се државјани на Република Северна Македонија и кои се во редовен работен однос. Лицата кои не се во редовен работен однос може да аплицираат само за кредит обезбеден со залог на денарски или девизен депозит.

Дали висината на кредитот што ќе го добијам ќе зависи од тоа колкава плата земам?

Максималниот износ на кредит зависи од условите кои се дефинирани за секој вид кредит и од кредитоспособноста на клиентот. Максимално дозволениот однос помеѓу износот на месечните примања на кредитобарателот и висината на месечниот ануитет е наведен, поединечно за секој производ, во делот критериуми за одобрување на кредит.