Програма за субвенционирање камата по кредити дадени на компании кои ја реинвестираат добивката, реализирана во соработка со Развојна банка на Северна Македонија (РБСМ)

Комерцијална банка нуди кредит до 30.000.000 денари со субвенционирана камата преку Програмата на Развојната банка на Северна Македонија, наменета за компании кои ја реинвестираат добивката од 2021 година.

Оваа кредитна поддршка ја подобрува ликвидноста на компаниите и им обезбедува стимул за натамошен раст и развој.

Зошто Програма за субвенционирање на камата?

  • Mаксималeн износ на кредитот до 30.000.000 денари
  • Максимален износ на субвенционирана камата до 1.200.000 денари
  • Рокот на отплата до 12 месеци
  • Каматна стапка до 4,0 % годишно

За кого е наменета оваа програма?

Корисници на овој производ може да бидат трговски друштва, обврзници на аконтативен данок од добивка за 2021 година согласно Законот за трговски друштва, кои редовно ги сервисираат обврските кон државата и кои донеле одлука да ја реинвестираат добивката за 2021 година. Трговските друштва потврдуваат дека ја реинвестирале добивката со акт-одлука за реинвестирање на добивката.

Кредитот не е наменет за трговски друштва во државна сопственост или трговски друштва во кои со најмалку 51% од основната главница државата е содружник или акционер.

Трговкото друштво кое се квалификува како корисник на кредитит може да користи субвенција за камата само од една банка (учесник во програмата за субвенционирање) и само за еден кредит.

Износ на кредит

  • од 300.000 денари до 30.000.000 денари,
  • не повеќе од 20 % од остварената нето добивка,
  • максимум до износот на реинвестираната добивка.

Валута на кредит

  • во МКД

Рок на отплата

  • до 12 месеци 

Начин на отплата

  • месечно

Провизии

  • 1,5 % од износот на кредитот, еднократно

Каматна стапка

  • 4,0 % годишна

Mаксимален износ на субвенционираната камата кон еден кредитобарател изнесува 1.200.000 денари.

Обезбедување

За обезбедување на кредитот се користат вообичаени инструменти за обезбедување согласно кредитната политика на Банката (хипотека на недвижен имот, залог на подвижни предмети, меници и др.).

 

Одобрување

По поднесување на барањето за кредит, Банката прави формален преглед дали е документацијата комплетна. Доколку документацијата е комплетна, барањето се обработува, при што се оценува бонитетот на барателот.

Комитентот во разумен рок, со известување, е информиран дали бараниот кредит е одобрен или не.

Одобрениот кредит има точно утврдена динамика на отплата согласно амортизационен план.

Потребна документација

  • Барање-Сецификација за субвенционирање на камата,
  • Документ со кој се потврдува дека кредитокорисникот е обврзник на аконтативен данок од добивка за 2021 година (Образец ДБ-даночен биланс за оданочување на добивка за 2021 година),
  • Договор за пристапување кон долг потпишан од банката-барател,
  • Договор за кредит склучен помеѓу банката-барател и кредитокорисникот,
  • Амортизационен план за динамиката на обврските на кредитокорисникот,
  • Одлука-акт од кредитикорисникот за реинвестирање на добивката,
  • Потврда од УЈП не постара од 31.01.2022 година дека кредитокорисникот редовно ги сервисира обврските кон државата,
  • Тековна состојба за кредитокорисникот не постара од 3 месеци,
  • Тековна состојба за вистински сопственик,
  • Биланс на состојба и биланс на успех за 2021 година за кредитокорисникот,
  • Изјава од кредитокорисникот дека нема поднесено барање за кредит со субвенционирана камата во друга банка.