Со мобилната апликација мБанка добиваш лесен и безбеден пристап до голем број банкарски услуги преку твојот мобилен телефон или таблет - од кое било место и во кое било време, 24 часа на ден и целосно независно од работното време на Банката.

Зошто мБанка?

Debit Mastercard
  • 24/7 контрола и пристап до сите твои банкарски производи,
  • Бесплатни известувања за приливи и одливи,
  • До 80 % пониски надоместоци за платежни трансакции отколку на шалтер,
  • Сигурна и едноставна за користење.

Што сѐ добиваш со

мБанка?

Целосна контрола на сите твои банкарски производи

Прегледај моментална состојба на твоите платежни сметки, картички, депозити и кредити.

Почетна страна - мБанка
 
Трансфери и плаќања - мБанка

Брзи плаќања и преноси

Плаќај сметки за јавни услуги или префрли пари кон други сметки. Креирај шаблони за чести плаќања, Плати на пријател или Подели сметка преку телефонските броеви во твојот именик.

 

Постојан увид на приливи и одливи

Добиј известување за секоја промена во состојбата на твоите платежни сметки, картички и депозити.

Известувања - мБанка
 
Картички - мБанка

Брз пристап до твоите платежни картички

Направи увид на твоите трошења со картичка. Дигитализирај ја твојата картичка во дигитален паричник. Промени лимит на картичка или блокирај ја веднаш ако ја изгубиш.

 

Напредни алатки за целосно онлајн банкарство

Постави си цел за штедење и следи го прогресот.
Аплицирај за потрошувачки кредит онлајн, идентификувај се со OneID и добиј го за неколку минути.
Сето ова со неколку допири и од кое било место.

 

Активирај мБанка

Доколку си корисник на Интернет банка на Комерцијална банка, можеш веднаш, без потреба од одење на шалтер, да го регистрираш твојот мобилен уред и да започнеш да ги користиш сите функционалности на апликацијата.

  

Преземи ја бесплатно мБанка од:

Доколку не си корисник на услугата Интернет банка на Комерцијална банка, истата може да ја активираш онлајн преку електронска идентификација со OneID или во експозитурите и филијалите на Банката. А, потоа регистрирај го твојот мобилен уред и започни да ги користиш сите функционалности на мБанка.

Апликацијата мБанка може да ја користиш и без регистрација за  да ги следиш јавно достапните информации за нашите производи и услуги, да го лоцираш најблискиот банкомат или експозитура на Комерцијална банка, да ги дознаеш актуелните девизни курсеви итн. Запознај ја мБанка преку опцијата Демо корисник и откриј ги нејзините функционалности и предности.

Со апликацијата мБанка имаш можност за:

Увид во состојба и бесплатни известувања за:

  • платежни сметки во денари и во девизи,
  • штедни влогови,
  • платежни картички,
  • кредитни партии.

Плаќања и пренос на средства од сопствени сметки:

  • плаќање јавни услуги и вршење други денарски плаќања во земјата,
  • пренос на средства од депозит на платежна сметка,
  • пренос на средства на веќе постоечки депозит,
  • пренос на средства на кредитни картички,
  • пренос на средства на кредитна партија,
  • безготовинско купување и продажба на девизи,
  • пренос на средства преку телефонски број со услугата „Плати на пријател“,
  • „Подели сметка“ со твоите пријатели преку телефонските броеви во твојот именик,
  • пренос на средства со услугата Visa Direct.

Останато:

  • онлајн аплицирање за потрошувачки кредит,
  • промена на дневни и месечни лимити за трансакции со картички на продажни места и на банкомати,
  • блокирање и активирање картички за уште побезбедни лични финансии
  • ажурирање лични податоци,
  • брза и безбедна најава со биометрија,
  • лоцирање најблизок банкомат или експозитура, како и патека до истите,
  • информации за девизни курсеви,
  • калкулатор за штедни влогови и купопродажба на девизи,
  • информации и новини за производите и услугите на Банката,
  • можност за проба со опција Демо корисник,
  • преглед на дневен и месечен лимит за промет во мБанка, кои лесно ги прилагодуваш преку Интернет банка според твоите потреби,
  • прилагоден интерфејс за таблет за оптимално користење на екранот и едноставна навигација.

Упатства и водичи

Водич за мБанка

Во водичот за мБанка се објаснети сите достапни услуги и начинот на нивно користење.

Водич за мБанка

Упатство за опција „Плати на пријател“

Упатство за опција „Подели сметка“

Водич за мТокен

Во водичот за мТокен се објаснети сите чекори за активирање и негово користење. мТокенот е алатка во апликацијата мБанка, а неговата активација е независна од активацијата на мБанката. За поголема прегледност и пристап до финансиите, препорачливо е да бидат активирани и двете алатки.

Водич за мТокен

Краток водич за активирање мБанка за прегледи и плаќања

Активирање мБанка за прегледи

Доволно е да имаш мобилен телефон или таблет и интернет врска. Регистрацијата за преглед на сметки се врши со пет едноставни чекори:

  1. При првата најава во мБанка од твојот мобилен телефон или таблет, идентификувај се со корисничко име и лозинка со кои се најавуваш на Интернет банката преку компјутер.
  2. По успешна најава, на екранот од мобилниот телефон или таблетот ќе се прикаже поглед на вградениот дигитален фотоапарат. Скенирај го со него QR кодот наведен во чекорот број 4.
  3. Најави се во Интернет банка (https://online.kb.mk/)преку персонален компјутер и во делот „Мои уреди“ означи го својот мобилен уред и потоа кликни на копчето „Активирај“.
  4. Прикажаниот QR код скенирај го со помош на дигиталниот фотоапарат вграден во твојот уред.
  5. Избери шестцифрен ПИН за најава во мБанка, потврди го и кликни „Зачувај“.

Активирање мБанка за вршење плаќања

За да вршиш плаќања преку мБанка потребно е на твојата платежна сметка да имаш овластување за вршење трансакции преку Интернет банка и да активираш мТокен или токен со дигитален сертификат за вршење трансфери преку Интернет банка.

  1. Најави се во Интернет банка и во делот „Мои уреди“ избери го својот уред.
  2. Кликни на копчето „Ажурирај“.
  3. Означи го полето „Овозможи трансакции преку уред“ и прифати ги Општите услови.
  4. Потврди го својот избор со токенот кој ти е на располагање.
  5. Најави се повторно од својот мобилен уред во мБанка и веднаш можеш да вршиш плаќања.

Тука е и мБанкаКо за да управуваш со финансиите на твојот бизнис преку мобилен телефон. Посети го линкот и дознај ги сите придобивки за твојот бизнис од користењето мБанкаКо.

Ти треба помош?

За помош, технички проблеми, прашања и поддршка, може да се обратиш:

  • во контакт–центарот на (02) 3296 800 (избери 2), од понеделник до петок од 08:00 до 18:00 часот, сабота од 08:00 до 13:00 часот или
  • на адресата на е-пошта: support@kb.mk.