Дигитално потпишување договори

Бесплатно дигитално потпишување
достапно 24/7, секој ден во годината

Како корисник на услугите за правни лица на Комерцијална банка имате можност во секое време, бесплатно и безбедно, дигитално да потпишувате договори поврзани со банкарското и друго работење.

Со нашата дигитална платформа за потпишување нашите клиенти добиваат можност далечински и без посета на банка да вршат и најсложени постапки поврзани со секојдневното работење, со максимална безбедност и без потреба од чување хартиени документи.

Платформата за дигитално потпишување може да ја користите за потпишување разни договори поврзани со банкарското и друго работење, при што опсегот на договори кои ќе може да се потпишуваат преку платформата постојано се зголемува, а наскоро ќе биде овозможено потпишување и на други видови документи.

Предности на дигиталното потпишување:

  • најсовремено софтверско решение,
  • врвна безбедност овозможена по највисоки безбедности протоколи,
  • достапност 24/7, секој ден од годината,
  • бесплатно дигитално потпишување – системот овозможува неограничено потпишување договори поврзани со банкарските производи на Комерцијална банка,
  • без дополнителни надоместоци,
  • едноставно користење, преку кориснички ориентиран дизајн кој се користи без потреба од обуки,
  • применливо за сите типови и големини на претпријатија,
  • комплетна корисничка поддршка од страна на нашите вработени.

Корисничко упатство

Повеќе

Користење на платформата за дигитално потпишување 

Опцијата за дигитално потпишување ­­­­договори е достапна за физички лица кои се застапници на правни лица и поседуваат квалификуван дигитален сертификат од некој од овластените издавачи во нашата земја, КИБС или Македонски телеком.

Покрај електронското потпишување, Вие и натаму ќе можете да потпишувате и доставувате договори во хартиена форма во случаи кога ќе сметате дека тоа е посоодветно.

Дигиталното потпишување се врши преку најава на безбедната страница: https://docsign.kb.com.mk

За регистрација и добивање пристап до оваа бесплатна услуга доставете ни го образецот пополнет и потпишан од овластено лице.

Ви треба помош?

За технички проблеми и поддршка можете да се обратите:

  • во контакт–центарот на (02) 3296 800 (изберете 2), од понеделник до петок од 08:00 до 18:00 часот, сабота од 08:00 до 13:00 часот или
  • на адресата на е-пошта: support@kb.mk.
За оперативна поддршка можете да се обратите до лицата за контакт од организационата единица на Банката со кој се склучува договорот.