Инкасо

Инкасото е инструмент за плаќање во меѓународниот платен промет каде банката по налог на својот клиент (продавачот) ги испорачува потребните документи (фактура, транспортен документ и сл.) до банката на купувачот, наведувајќи инструкции за врачување на документите до купувачот. Овој инструмент вообичаено се користи кога деловните партнери веќе имаат изграден однос на взаемна доверба.

Инкасо наплатата е добар начин за обезбедување на плаќањето за извозникот кај водниот (бродски) транспорт, со оглед на карактеристиките на бродскиот товарен лист (коносман).

Инкасо работите подразбираат откуп на документи од страна на увозникот, кои се презентирани со посредување на банките, со што се овозможува брзо и ефикасно следење и плаќање на веќе извршениот увоз/извоз на стока, со истовремен прием на сите неопходни документи за понатамошна манипулација на стоката. Банката како медијатор овозможува синхронизираност на плаќањето и приемот на документите.

Застапени се следните видови на документарни наплати:

  • D/P – Documents Against Payment или CAD – Cash Against Documents - документите се врачуваат до купувачот со извршеното плаќање;
  • D/A –Documents Against Acceptance - документите се врачуваат по извршениот акцепт на меницата;

Овој инструмент е меѓународно регулиран со општо прифатените Еднообразни правила и обичаи за документарни наплати, Публикација 522 издадени од МТК во Париз.

Лица за контакт

Отсек за акредитиви и документарно работење

Телефон: (02) 3168-651, 02 3168-652, (02) 3168-653, (02) 3168-654, (02) 3168-656, (02) 3168-657
e-пошта: akreditivi@kb.mk

Надица Босилкова Бошкова

Одговорен на отсек за акредитиви и документарно работење
Телефон: (02) 3168-655
e-пошта: nadica.bosilkovaboshkova@kb.mk

Катерина Петровска

Раководител на Одделение за платен промет со странство
Телефон: (02) 3168-626
e-пошта: katerina.petrovska@kb.mk

д-р Горан Купенков

Директор на дирекција за платен промет со странство и документарно работење
Телефон: (02) 3168-607
e-пошта: goran.kupenkov@kb.mk