3DES Secure е безбедносен систем кој овозможува највисоко ниво на безбедност при интернет-трансакции со картички.
3DES Secure системот врши автоматска компјутерска анализа на секое плаќање преку Интернет со цел да се осигури дека вистинскиот сопственик на картичката ја иницира трансакцијата. Со таквата позадинска проверка се овозможува дополнителна заштита на клиентите и се спречува злоупотребата пред таа да се случи.
3DES Secure е препознаен како највисок меѓународен стандард за заштита на интернет-трансакции. Механизмот на 3DES Secure е насочен кон заштита од кражба на идентитетот на корисниците на картичките и заштита од злоупотреба на податоците од картичката (бројот на картичка, датумот на истекување и CVC/CVV2 кодот).
Заштитата се случува во реално време и при секоја интернет-трансакција. Сервисот се користи при купување од кој било компјутер, таблет или мобилен телефон. Не Ви се потребни лозинки што треба да ги запомните, не е потребна никаква дополнителна опрема или специјален софтвер.
3DES Secure протоколот кај Mastercard каричките се применува под името Mastercard SecureCode®, додека кај Visa картичките под името Visa Secure.;
Голем број домашни и светски интернет продавници (сајтови) се сертифицирани и ја поддржуваат 3DES Secure технологијата. Се препознаваат по тоа што на својата веб-страница ја имаат објавено ознаката Mastercard SecureCode® или Visa Secure, која укажува дека веб-страницата е легална и безбедна за интернет купување.
Услугата е бесплатна
3DES Secure услугата е целосно бесплатна за сите корисници на Mastercard® и Visa картички издадени од Комерцијална банка АД Скопје и за неа не се наплаќа никаква претплата или провизија.
Со нејзиното воведување, Банката на клиентите им овозможува највисоко ниво на сигурност од евентуални злоупотреби и безгрижно користење на картичките на Интернет.
Сите Mastercard® и Visa картички на Комерцијална банка, кредитни и дебитни, се автоматски регистрирани за овој вид заштита. Не е потребно регистрирање или поднесување барање до Банката.
Како функционира?
При овој метод на автентификација, постапката за купување на Интернет тече вообичаено.
Меѓутоа, доколку системот (врз база на вештачка интелигенција) процени дека одредена трансакција е ризична или нестандардна за корисникот, Банката на корисникот на картичката ќе му прати СМС порака со верификациски код. Корисникот на картичката требa да го внесе верификацискиот код во прозорецот кој ќе се отвори на интернет-страницата со цел да се реализира плаќањето.
Ова значи дека не се сите интернет-трансакции подложни на верификација преку СМС порака од Банката. СМС порака со верификациски код се праќа единствено кај оние трансакции кои ќе бидат оценети како ризични, нестандарни и се направени на интернет продавници кои подржуваат 3DЕS технологија.
Пораката што се појавува на екранот при процесирање на интернет-трансакцијата со 3DES Secure е следната:

Доколку е сѐ во ред, трансакцијата се реализира за неколку секунди и пораката на екранот се затвора.
Во случај на ризична или нестандарна трансакција, Банката на корисникот на картичката ќе му прати СМС порака со верификациски код. Корисникот на картичката треба да го внесе верификацискиот код со цел да се реализира плаќањето.
Пораката што се појавува на екранот во ваков случај е следната:
