Вашите лични податоци може да ги ажурирате брзо, едноставно и без посета на шалтер. Кликнете на опцијата Ажурирај онлајн и завршете ја постапката за ажурирање на податоците со Вашата електронска идентификација преку платформата што ви ја овозможи Комерцијална банка.

Со електронска идентификација преку мобилната апликација OneID, ажурирањето на податоците станува достапно онлајн, од секое место на кое се наоѓате и секогаш кога имате потреба да го направите тоа и да продолжите да ги користите нашите производи и услуги.

Краток водич за ажурирање на Вашите лични податоци

Ажурирањето лични податоци преку електронска идентификација е едноставна, брза и безбедна постапка

 

  1. Креирај електронскa идентификација со преземање на мобилната апликација OneID.
  2. Најавете се со Вашата електронскa идентификација на платформата за ажурирање податоци на клиент (физичко лице) на Комерцијална банка.
  3. Внесете ги Вашите лични податоци во означените полиња.
  4. Отклучете ја мобилната апликација OneID.
  5. Потврдете ги внесените податоци и завршете ја постапката за онлајн ажурирање.

Ажурирај онлајн

Дополнителни информации за ажурирањето

Корисникот во процесот на ажурирање има увид во последните ажурирани податоци во Банката на коишто врши измена или дополнување.

Личните податоци кои се преземаат од апликацијата OneID не може да се менуваат преку формата за ажурирање лични податоци.

По завршување со пополнување на сите податоци наведени во Апликацијата за ажурирање податоци на физички лица, корисникот ги потврдува нивната веродостојност и точност со електронски потпис.

Ажурирањето на личните податоци не може да се изврши доколку немате креирано дигитален идентитет преку апликацијата OneID.

Апликацијата за ажурирање лични податоци на физички лица се зачувува во pdf формат, за кој се остава дигитален печат како потврда за времето и часот на извршување. Со потврда на pdf форматот од апликацијата Вашите податоци во Банката се преземаат и соодветно се ажурираат.

Апликацијата за ажурирање податоци на физички лица во pdf формат се архивира во електронската архива на Банката и истата има важност како и печатената форма на апликацијата, согласно сите законски утврдени цели за кои се обработува.

Сметката ми е блокирана поради неажурирани податоци. Дали по онлајн ажурирањето веднаш ќе ми биде активирана?

Да, сметката се активира веднаш по завршувањето на постапката за ажурирање.

Дали на Вашата платформа за ажурирање податоци може да ажурирам податоци за друго лице?

Електронската идентификација која се креира на мобилната апликација OneID е лична и може да се ажурираат само сопствените лични податоци. 

Кој не може да изврши ажурирање со електронски идентитет:

  • Корисникот кој нема креирано дигитален идентитет преку апликацијата OneID.
  • Малолетни лица и странски државјани.
  • Лица со одземена деловна способност, неписмени лица и лица кои имаат ознака ХХХ наместо потпис во личниот документ за идентификација.
  • Лица со САД индиција.

 

Ти треба помош?

За помош, технички проблеми, прашања и поддршка, можете да се обратите:

  • во контакт–центарот на (02) 3296 800 (изберете 2), од понеделник до петок од 08:00 до 18:00 часот, сабота од 08:00 до 13:00 часот или
  • на адресата на е-пошта: support@kb.mk.

Дознајте повеќе за дигиталните услуги на Комерцијална банка: