Кредитна линија од ЕИБ реализирана преку РБСМ за учество во Програмата за кредитирање на МСП и на средно капитализирани претпријатија VI (закрепнување од КОВИД-19)

Кредитите од кредитната линија од ЕИБ реализирана преку РБСМ за учество во Програмата за кредитирање на развојот се наменети за сите мали и средни претпријатија и средно капитализирани претпријатија од производниот и од производно-услужниот сектор погодени од пандемијата КОВИД - 19.

Се одобруваат следните видови кредити:

  • Инвестициски кредити за мали и средни претпријатија,
  • Кредити за трајни обртни средства за мали и средни претпријатија,
  • Кредити за МИД-КАП проекти – средно капитализирани друштва.

Зошто оваа кредитна линија?

  • Одлична кредитна поддршка за МСП погодени од пандемијата КОВИД - 19
  • Максимален износ до 6.000.000 евра
  • Рок на отплата до 12 години
  • Можност за грејс период до 2 години
  • Индивидуален пристап за секој клиент

За кого е наменета оваа кредитна линија?

Сите мали и средни друштва кои не надминуваат 250 вработени, како и друштва со 250 до 3.000 вработени.

Проекти кои не се финансираат се:

  • производство на оружје и муниција, борбени средства, воена и полициска опрема или инфраструктура и опрема или инфраструктура која ги ограничува индивидуалните човекови права и слободи (т.е. затвор или центри за задржување од каква било форма),
  • коцкарници, игри на среќа и друг вид на поврзана опрема,
  • производство, обработка и дистрибуција на тутун,
  • активности кои вклучуваат живи животни за експериментални и научни цели,
  • активности кои поттикнуваат негативни влијанија врз животната средина,
  • сектори кои етички или морално се сметаат за контроверзни (на пример: истражување во врска со клонирање човек),
  • развој на активностите со недвижнини,
  • проекти со пресметковна вредност поголема од 25.000.000 ЕУР,
  • останати проекти согласно политиката на ЕИБ и Комерцијална банка за исклучени и забранети дејности регулирани во меѓусебниот договор за кредитната линија.

Инвестициски кредити за мали и средни претпријатија

Намена на кредитот

Купување материјални средства:

  • набавка на недвижности (освен земјиште),
  • набавка на опрема,
  • набавка на обртни средства (не повеќе од 10% од вредноста на кредитот).

Инвестиции во нематеријални средства 

  • развој, планирање и финансирање во фаза на конструкција, како и трошоци за плати и останато поврзано со фазата на истражување и развој (не повеќе од 10% од вредноста на кредитот).

Валута на кредитот

  • во ЕУР.

Износ на кредитот

  • до 3.500.000 евра.

Рок на отплата

  • до 12 години.

Грејс период

  • до 2 години.

Начин на отплата

  • квартална.

Каматна стапка   

  • 1,6% годишно.

Провизии

  • 0,5% од одобрениот и искористен износ, еднократно пред користење на кредитот,
  • 0,25% годишно од износот на недостасана главница на кредитот.

Можност за рефинансирање на инвестиција која е завршена не повеќе од 6 месеци од датумот на поднесување на барањето.

Кредити за трајни обртни средства за мали и средни претпријатија

Намена на кредитот

Набавка на обртен капитал во услови на експанзија на бизнис активностите на компанијата.

Валута на кредитот

  • во ЕУР.

Износ на кредитот

  • до 666.700 евра.

Рок на отплата

  • од 2 до 3 години.

Грејс период

  • до 6 месеци.

Начин на отплата

  • квартална.

Каматна стапка        

  • 1,6% годишно.

Провизии

  • 0,25% од одобрениот и искористен износ, еднократно пред користење на кредитот,
  • 0,25% годишно од износот на недостасана главница на кредитот.

Кредити за МИД-КАП проекти – средно капитализирани друштва

Намена на кредитот

Финансиска поддршка на проекти поднесени од средно капитализирани друштва.

Валута на кредитот

  • во ЕУР. 

Износ на кредитот

  • од 10.000 евра до 6.000.000 евра.

Рок на отплата

  • до 12 години.

Грејс период

  • до 24 месеци.

Начин на отплата

  • квартална.

Каматна стапка        

  • 1,6% годишно.

Провизии

  • 0,5% од одобрениот и искористен износ, еднократно пред користење на кредитот,
  • 0,25% годишно од износот на недостасана главница на кредитот.

Обезбедување

За обезбедување на кредитот се користат вообичаени инструменти за обезбедување согласно кредитната политика на Банката (хипотека на недвижен имот, залог на подвижни предмети, меници и др.).

Одобрување

По поднесување на барањето за кредит, Банката прави формален преглед дали е документацијата комплетна. Доколку документацијата е комплетна, барањето се обработува, при што се оценува бонитетот на барателот и планираната зделка за која се наменети средствата.

Информациите за комитентот, подносител на барањето за кредит, Банката ги обезбедува од самиот комитент и од сопствени извори.

Комитентот, во разумен рок, со известување е информиран дали бараниот кредит е одобрен или не.

Рок на користење

Во рок од 3 месеци од датумот на првото дозначување на средствата.

Провизија за предвремено враќање на кредитот

  • 3% од износот којшто се враќа пред рокот на достасување.
  • Барањето за кредит треба да ги содржи следните елементи:
    • Полн назив на претпријатието;
    • Адреса на претпријатието;
    • Основачи и органи на управување;
    • Доколку основачите се основачи во други друштва, да се наведат друштвата и процентот на учество во капиталот на друштвото;
    • Управување во други друштва;
    • Шифра на дејност;
    • Матичен број;
    • Број на жиро-сметка/сметки;
    • Деловна банка/банки;
    • Намена и износ на бараниот кредит со образложение;
    • Основна дејност;
    • Организациона поставеност;
    • Број на вработени и квалификациона структура;
    • Техничко-технолошка опременост и искористеност на капацитетите;
    • Асортиман на производство прикажан во физички и во вредносен обем;
    • Склучени договори за работа;
    • Спецификација на поголеми купувачи и добавувачи;
    • Извештај за состојбата на залихите;
    • Задолженост во други банки и финансиски организации;
    • Преземени идни обврски (акредитиви, гаранции и сл.);
    • Опис на понуденото обезбедување;
    • Извори на отплата (CASH FLOW);
    • Склучени извозни договори и очекувани девизни приливи по извршен извоз;
    • План на девизни приливи и одливи.


За долгорочните кредити е потребно доставување инвестициона програма со финансиски предвидувања за периодот на отплата на кредитот.

  • Копии од решението за регистрација на друштвото, со сите прилозиi само за клиенти кои немаат отворено трансакциска сметка во Комерцијална банка. 
  • Картон за депонирани потписи заверени од матичната банка,i само за клиенти кои немаат отворено трансакциска сметка во Комерцијална банка. 
  • Известување за претежна дејност на друштвото,i само за клиенти кои немаат отворено трансакциска сметка во Комерцијална банка. 
  • Промет на денарски и девизни сметки на комитентот во други банки,
  • Завршни сметки за последните 2 години и периодична пресметка (за потребите на Банката),
  • Девизен биланс – структура на побарувања и обврски од странство прикажани по валути и рокови на доспевање за наплата, односно плаќање,
  • Ревизорски извештаи за друштва кои се законски обврзани да изготвуваат вакви извештаи,
  • Список на целокупниот имот со кој располага барателот на кредит (недвижен и подвижен), потпишан од барателот,
  • Доказ за сопственост на понуденото обезбедување:
    • Имотен лист за недвижен имот,
    • Фактури, УЦД за залог на подвижен имот.

Контакт

e-пошта: corporatecredit@kb.mk

Сектор за кредитирање на стопанство

Горан Ивановски

Самостоен координатор за кредитирање на стопанство
Телефон: (02) 3168-558
e-пошта: goran.ivanovski@kb.mk

Дирекција за кредитирање на агроиндустриски комплекс

Елена Спировска

Директор на Дирекцијата за кредитирање на агроиндустриски комплекс
Телефон:  (02) 3168-507; (02) 3168-526; (02) 3168-524; (02) 3168-522
e-пошта: Elena.Spirovska@kb.mk

Дирекција за девизни кредити, девизни гаранции и позадински работи

Ивона Донева

Директор на Дирекцијата за девизни кредити, девизни гаранции и позадински работи
Телефон: (02) 3168-619
e-пошта: ivona.doneva@kb.mk