Добредојде во целосно дигиталната банка.

Комерцијална банка со услугата прифаќање електронска идентификација преку апликацијата OneID овозможи лесен, безбеден и брз пристап до огромен број на производи и услуги од кое било место во светот и во кое било време.

Електронската идентификација е најсовремено дигитално решение со високо ниво на доверливост со кое добивате пристап до банкарските производи и услуги без да имате потреба од посета на шалтер.

НОВО

Аплицирај целосно онлајн за потрошувачки кредит преку мБанка, идентификувај се со OneID и добиј го кредитот за само неколку минути.

Повеќе

Зошто електронска идентификација?

  • Електронска идентификација 24/7 без посета на шалтер
  • Потпишување барања и договори за најразлични производи на Банката
  • Можност за користење во движење, во секој период од денот
  • Сигурен и безбеден онлајн пристап до сервисите на Банката
  • Еднократно подесување и креирање на електронската идентификација

Што овозможува електронската идентификација OneID?

Преку користењето на електронската идентификација, во секое време и без посета на шалтер можете:

  • Да аплицирате за потрошувачки кредит – преку мобилната апликација мБанка;
  • Да отворите платежна сметка и добиј дебитна картичка од Комерцијална банка; 
  • Да ја активирате услугата Интернет банка;
  • Наскоро: Да аплицирате за дозволено пречекорување на платежна сметка – преку порталот за услугата Интернет банка.

Покрај овие поволности, Комерцијална банка веќе работи на проширување на палетата на производи и услуги за кои ќе може да се користи електронска идентификација и за кои веќе ќе немате потреба од посета на шалтер.

 

Како се користи OneID?

Услугата електронска идентификација на Комерцијална банка е достапна преку мобилната апликација OneID, производ на компанијата Некстсенс и КИБС АД Скопје.

Мобилната апликација OneID ви овозможува да креирате лична електронска идентификација, со кој може да се идентификувате и електронски да потпишувате документи со својот електронски потпис, од кое било место во светот.

Креирањето електронска идентификација е едноставно и започнува со преземање на мобилната апликација OneID. Апликација е достапна на Google Play, App Store и App Gallery (минимална верзија Android 6.0 (API level 23) или iOS 11.4).

Апликацијата OneID е едноставна и лесна за користење. За да се регистрирате и креирате OneID потребни се:

  • Мобилен уред кој поддржува биометриска автентификација
  • Валидна e-mail адреса
  • Мобилен телефонски број (само македонски мобилни броеви)
  • Валидна лична карта или пасош

Услугата е целосно бесплатна.

Секој чекор во креирањето OneID е на посебен екран и не може да се префрлите на следниот без да го завршите актуелниот чекор.

Прочитајте повеќе на oneid.mk

Повеќе

Мобилната апликација OneID може бесплатно да ја превземете од:

Апликацијата OneID може да ја користите секаде каде што се бара електронски да се идентификувате и да добиете пристап до различни услуги кои се интегрирани со OneID.

 

Вашите податоци за идентификација се сосема безбедни со OneID. Вие давате одобрување преку мобилната апликација OneID за секој поединечен пренос на вашите податоци до мобилните или веб апликации на правните лица чии услуги сакате да ги користите, а каде што е потребно да се идентификувате или електронски да потпишете.

 

Што е OneID?

OneID е ваша електронска идентификација пред компании кои нудат услуги за кои имаат потреба од ваше електронско идентификување. Вие можете електронски да се идентификувате, со користење на апликацијата OneID инсталирана на вашиот мобилен уред, за услугите за кои сте дале согласност.

Дали услугата OneID - електронска идентификација се наплаќа?

Услугата за прифаќање електронска идентификација е бесплатна за корисникот.

Дали електронската идентификација е со рок на важност?

Да. Еднаш креираната дигитална идентификација е со рок на важност од 2 години.

Дали ако имам електронска идентификација преку апликација различна од OneID ќе можам да ги користам истите поволности во Комерцијална банка?

Не, електронската идентификација во Комерцијална банка е овозможена само преку апликацијата OneID.

Дали мојата електронска идентификација обезбедена преку OneID можам да ја користам преку повеќе различни уреди?

Eлектронската идентификација преку апликацијата OneID може да биде активна само на еден паметен мобилен уред.  Пристапувањето кон услугите на Комерцијална банка преку електронска идентификација со OneID може да биде преку различен уред, но потврдата на идентитетот, како и потпишувањето на документите, се извршува исклучиво преку мобилниот уред каде е активна апликацијата OneID за електронска идентификација.

Дали моите лични податоци се безбедни со OneID?

Да, вашите податоци за идентификација се сосема безбедни со OneID. Вие давате одобрување преку мобилната апликација OneID за секој поединечен пренос на Вашите податоци до мобилните или веб-апликации на правните лица чиишто услуги сакате да ги користите, а каде што е потребно да се идентификувате или електронски да потпишете.

Кој има право да побара идентификација или електронски потпис со вашиот OneID?

Секое правно лице кое има потпишано договор со Давателот на услуга на електронска идентификација KIBSTrust, има право да побара од вас да одобрите пренос на вашата електронска идентификација OneID.

Пристапот до мојата електронска идентификација преку мобилната апликација OneID е блокиран. Што треба да направам?

За помош и понатамошни инструкции можете да контактирате со Давателот на услуга на електронска идентификација KIBSTrust на следниот линк.

Ви треба помош?

За помош, технички проблеми, прашања и поддршка за регистрација и креирање електронски идентитет OneID можете да се обратите тука.