Што и да ти треба за домот, сега можеш да го добиеш преку одлични услови и со плаќање на рати во сите продавници на Нептун Македонија.

Одбери ги сите производи што ти требаат, бидејќи кредитот се одобрува веднаш, во продавницата на Нептун.

Зошто овој кредит е најдобар за мене?

  • Достапен за сите производи во Нептун,
  • Без посета на банка – се одобрува во сите продажни места на Нептун,
  • Максимален износ до 200.000 денари,
  • Рок на отплата до 60 месеци,
  • 0% каматна стапка во промотивни периоди,
  • Без провизија за предвремена отплата.

Корисници

Кредитот е наменет за:

  • вработени лица на неопределено или на определено време кои својата плата ја примаат на сметка во Комерцијална банка,
  • вработени лица на неопределено или на определено време кои не примаат плата преку сметка во Комерцијална банка,
  • вработените на определено време треба да имаат непрекинат стаж од најмалку 6 месеци во конкретната фирма,
  • пензионери кои примаат пензија исклучиво на платежна сметка во Банката.

Критериуми

  • месечни примања во износ повисок од 12.000 денари,
  • пензија во износ повисок од 9.000 денари,
  • месечниот ануитет да се покрива со 1/2 од слободните месечни нето-примања,
  • возраста на кредитобарателот со доспевање на последниот ануитет да не надминува 72 години,
  • барателите да се класифицирани во категорија на ризик буква „А“ во Кредитниот регистар на НБРСМ и во Банката,
  • барателите е потребно е да бидат членови на програмата за лојалност на Нептун – „NEPTUN haPPy“,

Номинална каматна стапка

  • . % годишна, променлива i Rеферентна каматна стапка од . % зголемена за . пп, но не повеќе од законската казнена камата за денарски побарувања. Како референтна каматна стапка се користи стапката што е објавена и достапна на веб-страницата на НБРСМ (www.nbrsm.mk) на секој 25.06. и на секој 25.12. под називот „каматната стапка на денарски депозити без валутна клаузула“ и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието).. 

Рефeрентната каматна стапка која важи во моментот изнесува . %. Банката редовно ќе ја објавува важечката референтна каматна стапка за пресметка на каматата.

Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)

  • 12,66 % годишна

Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка.

Одобрување

Се одобрува во најкраток можен рок по комплетирање на документацијата со исполнети критериуми.

Исплата

  • максималниот рок на искористување на кредитот е 60 дена од денот на одобрување,
  • средствата се исплаќаат на платежната сметка на кредитокорисникот.

Трошоци за кредитот

  • 3 % надомест за одобрување и обработка на кредит минимум 700,00 денари,
  • Интеркаларна камата по каматна стапка од кредитот (надоместот за одобрување /обработка и интеркаларната камата, се наплаќаат од страна на кредитобарателот во салоните на НЕПТУН Македонија)
  • 600 денари за проверка во Македонско кредитно биро (Се наплаќа при поднесување на апликацијата од страна на кредитобарателот во салоните на НЕПТУН Македонија, независно дали кредитот ќе биде одобрен или не).

Обезбедување

  • траен налог,
  • административна забрана од плата,
  • без жиранти.

Начин на отплата

Месечни ануитети, достасување на ануитет - секој 16-ти во месецот.

Предвремена отплата

Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот.

Комерцијална банка АД Скопје го задржува дискреционото право да го одбие барањето за кредит.

Износ на кредитот 200.000 денари
Рок на отплата 60 месеци
Месечна рата 4.301 денари
Дата на користење на кредитот 1 во тековниот месец
Каматна стапка . %
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)i Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) се вкупните трошоци на кредитот изразени како годишен процент од вкупниот износ на кредитот. Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка.   12,66 %
Пресметана камата за цело времетраење на кредитот во услови на негова редовна отплата 58.053 денари
Интеркаларна камата 862 денари
Надомест за одобрување и администрирање на кредитот 6.000 денари
Надомест за проверка во МКБ 600 денари
Вкупни трошоци на кредитот i Вкупни трошоци на кредитот се сите трошоци, вклучувајќи камати, провизии, даноци и кои било други надоместоци во врска со договорот за кредит коишто корисникот на кредит треба да ги плати при одобрувањето и редовна отплата на кредитот и коишто ѝ се познати на Банката.  65.515 денари
Вкупен износ што го плаќа корисникот на кредитi Вкупен износ што го плаќа корисникот на кредит претставува збир на вкупниот износ на кредитот и вкупните трошоци на кредитот.  265.515 денари

  • барање за кредит,iБарањето треба да биде заверено со печати и потписи од страна на правното лице каде што е вработен барателот.
  • за пензионери последен талон од пензија,
  • заверен извод од платежна сметка во денари за последни 6 месеци (за лица кои не се приматели на плата во КБ и за лица кои се вработени на определено време),
  • заверен извод од платежна сметка во девизи на клиентот на која се исплаќа странска пензија (применливо за лица приматели на странска пензија),
  • фотокопија од лична карта или пасош.

Што сè е потребно за да добијам кредит од Комерцијална банка?

Комерцијална банка одобрува кредити на физички лица кои се државјани на Република Северна Македонија и кои се во редовен работен однос, како и на пензионери кои ја примаат пензијата преку платежна сметка во Банката. Поединечните услови и потребната документација за одобрување на кредит се разликуваат и зависат од видот на кредитот.

Каде можам да поднесам барање за кредит од Комерцијална банка?

Барање за кредит може да се поднесе во Скопје - во Централата на Банката и во филијалите и експозитурите низ државата. Барањето за кредит содржи обрасци кои треба да бидат уредно пополнети и заверени од страна на фирмите во кои се вработени барателите на кредит и жирантите, како и податоци за основната и дополнителната документацијата која треба да се приложи кон барањето за кредит. Корисниците на Интернет банка кои имаат опција за плаќање, може да аплицираат online за еден од потрошувачките кредити кои ги нуди Банката.

Што е тоа жирант?

Жирантот е лице кое гарантира дека корисникот на кредитот ќе ги измирува обврските кон Банката. Доколку корисникот на кредитот не ги измирува обврските кон Банката, ќе бидат активирани инструментите за наплата на побарувањата од жирантот.

Како ќе знам колку пари месечно ќе треба да издвојувам за исплата на кредитот?

  • Износот на месечниот ануитет зависи од износот на кредитот, номиналната каматна стапка и рокот на отплата. Пресметката можете да ја извршите брзо и едноставно со помош на кредитниот калкулатор. Откако ќе го изберете кредитот што најмногу одговара на Вашите потреби, внесете ги бараниот износ на кредит и рокот во кој сакате да го вратите, по што ќе го видите износот на месечна отплата.
  • Корисниците на кредит при исплата на средствата од одобрениот кредит добиваат Амортизационен план за отплата на кредитот во кој е наведен износот на месечниот ануитет и датумите на доспевање на месечните ануитети.

Дали мора да сум вработен/а за да добијам кредит?

Комерцијална банка одобрува кредити на физички лица кои се државјани на Република Северна Македонија и кои се во редовен работен однос. Лицата кои не се во редовен работен однос може да аплицираат само за кредит обезбеден со залог на денарски или девизен депозит.

Дали висината на кредитот што ќе го добијам ќе зависи од тоа колкава плата земам?

Максималниот износ на кредит зависи од условите кои се дефинирани за секој вид кредит и од кредитоспособноста на клиентот. Максимално дозволениот однос помеѓу износот на месечните примања на кредитобарателот и висината на месечниот ануитет е наведен, поединечно за секој производ, во делот критериуми за одобрување на кредит.