НОВО - Станбен кредит од Комерцијална банка со пониски каматни стапки, фиксирани до 10 години и без трошоци за одобрување и процена

Станбениот кредит на Комерцијална банка не ти нуди само одлична можност за купување стан, куќа или деловен простор, туку и широк избор на атрактивни услови со кои добиваш финансиско решение какво што најмногу ти одговара.

21.09.2023

Сега имаш повеќе причини за да се радуваш на нов дом! Пониски каматни стапки, фиксна каматна стапка на 10 или 5 години и без трошоци за одобрување и процена, добиваш со Станбениот кредит на Комерцијална банка.

Станбениот кредит на Комерцијална банка не ти нуди само одлична можност за купување стан, куќа или деловен простор, туку и широк избор на атрактивни услови со кои добиваш финансиско решение какво што најмногу ти одговара.

Направи го твојот избор:

  • 3,3 % фиксна каматна стапка за 5 години, 6,23 % променлива за останатиот период и животно осигурување
  • 3,5 % фиксна каматна стапка за 5 години, 6,43 % променлива за останатиот период, без вклучено осигурување
  • 3,75 % фиксна каматна стапка за 10 години, 6,43 % променлива за останатиот период и животно осигурување
  • 3,95 % фиксна каматна стапка за 10 години, 6,63 % променлива за останатиот период, без вклучено осигурување

И не го пропуштај промотивниот период до 31.12.2023 година за да го добиеш Станбениот кредит без надомест за одобрување и за проценка.

Кредитот е наменет за купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор, како и за купување градежно земјиште или недвижен имот во странство.

Преку следниот линк дознај повеќе за Станбениот кредит на Комерцијална банка, пресметај рата и поднеси податоци за да те контактираат нашите вработени. Секако за повеќе информации може да се обратиш и во нашите експозитури и филијали, кои имаат најдолго работно време и ти нудат стручни совети и бројни услуги поврзани со  твоите лични финансии.

[]