
Во август Битола традиционално станува сцена на детската уметност, љубопитност и бескрајна креативност. Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ и оваа година ќе ги донесе најдобрите детски претстави од целиот свет пред домашната публика.
А, Комерцијална банка, како општествено одговорна компанија, со гордост ја продолжува својата поддршка на фестивалот, препознавајќи ја неговата уникатна мисија - да инспирира, едуцира и да создава идни генерации љубители и творци на културата.
Им посакуваме на сите млади актери и гости на „Битолино“ незаборавно доживување, искрени аплаузи и инспирација која ќе ги води уште долго.