Лажна Facebook страница се претставува како Kомерцијална банка

Истакнуваме дека станува збор за лажен профил кој го злоупотребува логото и името на Комерцијална банка АД Скопје и дека Комерцијална банка АД Скопје нема никаква поврзаност со оваа Facebook страница ниту, пак, со активностите што таа ги спроведува или на кои повикува.

10.07.2024

Ве известуваме дека на социјалната мрежа Facebook, преку лажен профил именуван како „Комерцијална банка АД“ се споделува лажна информација со која на клиентите им се нуди можност за добивање подарок.

Истакнуваме дека станува збор за лажен профил кој го злоупотребува логото и името на Комерцијална банка АД Скопје и дека Комерцијална банка АД Скопје нема никаква поврзаност со оваа Facebook страница ниту, пак, со активностите што таа ги спроведува или на кои повикува.

Единствената официјална страница на Комерцијална банка АД Скопје на Facebook е верифицирана со син беџ за автентичност покрај името.

Лажната страница и содржината што ја споделува веќе се пријавени на Facebook како измама, а Банката ќе преземе соодветни мерки согласно позитивните законски прописи по целосна анализа на случајот.

Ве советуваме, во интерес на ваша поголема одговорност и заштита на вашите лични финансии, да бидете исклучително внимателни и да не споделувате ваши лични податоци додека сте на интернет страници и профили.

[]