
Во време кога енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија се сѐ поважни за одржлив развој на бизнисите, малите и средните претпријатија имаат одлична можност за финансирање на зелени инвестиции преку наменски кредити од Комерцијална банка.
Дизајнирана специјално за да ги поддржи инвестициите во обновливи извори на енергија и во енергетски ефикасни проекти, кредитната линија зa финансирање во зелена енергија (GFF Македонија) е обезбедена со заем од Европската банка за обнова и развој во износ од 4 милиони евра во рамките на заедничкиот Зелен финансиски фонд (Green Finance Facility), подржан од УНДП, Заедничкиот SDG фонд, Владата на Македонија и од ЕБОР.
За малите и средните претпријатија кои размислуваат долгорочно, GFF кредитната линија овозможува финансиска поддршка и партнерство за раст и одржливост. Инвестициите во зелени технологии и во енергетска ефикасност придонесуваат за намалување на трошоците на компаниите, зголемена оперативна ефикасност и заштита на животната средина.
GFF кредитната линија овозможува поддршка со атрактивни услови за кредит во износ до 1.000.000 евра и рок на отплата до 10 години. Обезбедува и поврат на инвестиција и бесплатна техничка помош од страна на консултанти, а секој клиент добива индивидуален пристап со цел креирање финансиско решение што најмногу му одговара.
Комерцијална банка овозможи кредитна поддршка од GFF кредитната линија за компаниите кои што се подготвени да направат паметен чекор напред. Придобивките од инвестициите во зелена енергија и во енергетска ефикасност не се само финансиски, туку ја зголемуваат и конкурентноста на претпријатијата и испраќаат јасна порака до клиентите и до партнерите дека одржливоста е вредност во која веруваат.
Повеќе информации за GFF кредитната линија се достапни на следниот линк .